Контакт

Македонија

Кривична против поранешен градоначалник на Свети Николе за „злоупотреба на службената положба и овластување“

Објавено пред

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против С.В.(55) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Пријавениот, во својство на градоначалник на општина Свети Николе, во текот на 2021 година, пречекорувајќи ги границите на своите службени надлежности, постапил спротивно на одредбите од Законот за градење и Правилникот за начинот на издавање на одобренија за градење на тој начин што лично изготвил, потпишал и издал одобрение за градење, кое не било евидентирано во електронскиот систем на Сектор за урбанизам, заштита на животната средина, комунални работи и оттуѓување на градежно земјиште при општина Свети Николе.

Ваквото одобрение, кое е правно неважечко, било искористено од изведувач од Скопје, кој изградил објект во вредност од 15.488.111 денари, за кој износ со наведеното дејствие е причинета штета на нарачателот. Дополнително, наведениот објект не е впишан во Агенцијата на катастар на недвижности Свети Николе, бидејќи претставува бесправно изграден објект.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Македонија ја зајакнува еколошката правда: Потпишан Меморандум за соработка со француските партнери

Објавено пред

Министерството за правда и Министерството за животна средина и просторно планирање потпишаа Меморандум за разбирање со Експертиза Франција (Expertise France), Француската агенција за развој (AFD) и Амбасадата на Франција во Република Северна Македонија, со што официјално се потврдува заедничката заложба за унапредување на климатската и еколошката правда во земјата.

Меморандумот ја воспоставува рамката за спроведување на регионалниот проект „Конвергенција на климатската и еколошката правда“ (CEJ Convergence), чија цел е да го подобри пристапот до правда и да го зајакне учеството на јавноста во прашања поврзани со животната средина во Македонија, Албанија и Црна Гора, во согласност со европските стандарди и законодавството на Европската Унија.

Со потпишувањето на документот, институциите ја потврдуваат својата посветеност на јакнење на владеењето на правото во областа на животната средина, унапредување на институционалните капацитети и поттикнување на поширока вклученост на граѓаните во процесите на носење одлуки што влијаат врз животната средина и климатските политики.

Проектот ќе овозможи техничка поддршка, размена на експертиза, организирање обуки и развој на механизми за подобра примена на принципите на еколошката правда. Во рамките на соработката ќе бидат воспоставени управни и советодавни тела кои ќе обезбедат координирано и транспарентно спроведување на активностите.

Министерството за правда и Министерството за животна средина и просторно планирање ќе работат заедно со француските институции на унапредување на националните капацитети и приближување на земјата кон европските практики во областа на заштитата на животната средина и пристапот до правда.

Прикажи повеќе...

Македонија

Министерство за правда: Разгледани предлозите на институциите за реформи во изборното законодавство

Објавено пред

Работната група за реформи во изборното законодавство денеска ја одржа осмата седница, на која беа разгледани преостанатите отворени прашања поврзани со подготовката на измените и дополнувањата на Изборниот законик.

На покана на Министерството за правда, на седницата присуствуваа претставници на институциите кои претходно доставија предлози, мислења и препораки во рамки на процесот на подготовка на измените на Изборниот законик за кои беа потребни дополнителни појаснувања. Со цел обезбедување поцелосна и поаргументирана расправа, институциите имаа можност непосредно пред членовите на Работната група да ги презентираат своите предлози и да дадат дополнителни образложенија по прашањата кои беа предмет на разгледување.

Веќе следната недела ќе бидат вградени усогласените решенија во текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, кој ќе биде доставен до членовите на Работната група за дополнителен увид и евентуални забелешки.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски од Истанбул: Силните политички односи мора да се преточат во уште посилна економска соработка

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, денеска учествуваше на Бизнис форумот помеѓу Република Турција и Република Северна Македонија, кој се одржа во Истанбул.

Форумот беше отворен од министерот Муцунски и министерот за трговија на Република Турција, Омер Болат, а на него учествуваа бројни претставници на институциите, стопанските комори и бизнис-заедниците од двете земји.

Во своето обраќање, Муцунски истакна дека одличните политички односи меѓу двете земји претставуваат цврста основа за понатамошно продлабочување на економската соработка, зголемување на трговската размена и поттикнување на нови инвестиции.

„Силните политички односи мора да се преточат во уште посилна економска соработка, поголема трговска размена, повеќе инвестиции и поконкретни можности за компаниите и граѓаните на двете земји“, истакна Муцунски.

Тој нагласи дека интегрирањето на надворешната трговија во рамки на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија претставува јасна потврда дека економската дипломатија е една од клучните приоритети на надворешната политика.

„Економската дипломатија не е дополнување на надворешната политика – таа е во нејзиното јадро. Денес дипломатијата не се мери само преку политички дијалог, туку и преку способноста да отвора пазари, да привлекува инвестиции, да го поддржува извозот и да создава конкретни придобивки за граѓаните“, порача Муцунски.

Осврнувајќи се на економските односи меѓу двете земји, министерот потенцираше дека Турција останува еден од најзначајните економски и трговски партнери на државата, при што турските инвестиции и присуството на повеќе од 3.000 турски компании претставуваат значаен придонес за економскиот развој и отворањето нови работни места.

Тој посочи дека минатата година билатералната трговска размена достигна една милијарда американски долари, оценувајќи дека ова претставува значаен успех, но и дополнителен поттик за поставување поамбициозни цели во иднина.

Во обраќањето беше нагласена и потребата од натамошно зајакнување на директната соработка меѓу бизнис-заедниците, како и фокусирање на заеднички проекти во области со повисока додадена вредност, меѓу кои индустријата, информатичко-комуникациските технологии, логистиката, туризмот, агробизнисот, инфраструктурата и иновациите.

„Владите ја создаваат рамката, институциите ги отстрануваат пречките, а компаниите создаваат вредност, работни места и конкретни резултати. Токму затоа е неопходно да продолжиме со зајакнување на директната соработка меѓу нашите компании, инвеститори и стопански комори“, истакна Муцунски.

На маргините на Форумот, Муцунски оствари билатерална средба со министерот за трговија на Република Турција, Омер Болат. На средбата беа разгледани актуелните економски текови меѓу двете земји, можностите за понатамошно зголемување на трговската размена, како и потенцијалите за нови инвестиции и зајакната институционална соработка.

Соговорниците ја потврдија заедничката заложба за понатамошно продлабочување на економските односи и создавање поволни услови за поврзување на бизнис-заедниците од двете држави, оценувајќи дека посилната економска соработка придонесува не само за билатералните односи, туку и за поголема регионална поврзаност, стабилност и просперитет.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија45 минути

Македонија ја зајакнува еколошката правда: Потпишан Меморандум за соработка со француските партнери

Министерството за правда и Министерството за животна средина и просторно планирање потпишаа Меморандум за разбирање со Експертиза Франција (Expertise France),...

Македонија50 минути

Министерство за правда: Разгледани предлозите на институциите за реформи во изборното законодавство

Работната група за реформи во изборното законодавство денеска ја одржа осмата седница, на која беа разгледани преостанатите отворени прашања поврзани...

Економија58 минути

Божиновска: Македонија и Турција ја продлабочуваат соработката во енергетиката и инвестициите

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во Истанбул учествуваше на Бизнис форумот Северна Македонија – Турција, значаен...

Македонија1 час

Муцунски од Истанбул: Силните политички односи мора да се преточат во уште посилна економска соработка

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, денеска учествуваше на Бизнис форумот помеѓу Република...

Македонија1 час

Нови клупи, корпи за отпадоци, летниковци: Град Скопје ги уредува парковите во Скопје

Продолжуваат активностите за уредување и подобрување на јавните зелени површини во Скопје, информираат од Град Скопје. Во рамки на тековните...

Свет1 час

Путин: Единството и патриотизмот се основа на силата на Русија

Рускиот претседател Владимир Путин по повод Денот на Русија изјави дека единството, патриотизмот и почитувањето на историското наследство се клучните...

Спорт2 часа

Олга рече „да“: Јан Облак ѝ предложи брак на српската тенисерка

Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак, ѝ предложи брак на Олга Даниловиќ, сподели српската тенисерка на социјалните мрежи. Поранешната 32-ра...

Македонија2 часа

„Вреди“: 29 проценти Албанци на хартија, само 13 проценти на работното место

Газменд Алиу од „Вреди“ денеска на прес-конференција зборуваше за како што рече, сериозен проблем кој со години беше сокриван зад...

Култура2 часа

Оркестарот на Филхармонија со изведба на „Кармина Бурана“ на 20 јуни, во Градскиот парк во Скопје

Оркестарот на Филхармонија на 20 јуни, со почеток во 21 часот во Градскиот парк ќе ја изведе музичко-сценската кантата „Кармина...