Контакт

Македонија

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

Објавено пред

Никола Груевски, осудениот криминалец во бегство, повторно се огласува од Унгарија и директно „наредува“ на институциите и обвинителствата што треба да се истражува. Исто како што Мицкоски „наредува“ од собраниската говорница и од телевизија, изјави портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска.

„Тој манир го имаат сите од ВМРО – ОКГ. Иста матрица, исто школо. Вистината е едноставна и јасна: криминалецот мора да биде приведен пред правдата и да одговара за делата што ги сторил. Она што Груевски го правеше тогаш, а неговата банда го продолжува денес, Македонија ја чини скапо не само во пари, туку и за иднината, децата, на младите.

Корупцијата, тендерите, кражбата на државата и уништувањето на институциите, сето тоа нè чини скапо и нè држи назад. Изјавата како прашање на Груевски „кој е сега на власт во Македонија?“ и неговото чудење зошто Министерството за правда зборува за екстрадиција и собира документи, најдобро ја покажува селективната правда на која ВМРО-ОКГ е навикнато. За нив тоа е сосема нормално.

Токму тој систем Мицкоски го продолжува. Поставува свои луѓе во судството, обвинителството, полицијата. Целосна партизација на системот, целосна контрола над наводно „независните“ институции.

Уште една потврда дека демократија нема кога ВМРО-ОКГ ја презема власта.

Сè она што се случуваше за време на власта на Груевски, се случува и сега со Мицкоски.

Чиста автократија, диктатура на еден човек.

Министерот Филков од ЗНАМ, кое настана од отпадници на СДСМ, сателит на ВМРО и дел од тендер коалицијата, е поставен токму на тоа место поради работата која долго време се подготвувала, да не биде ВМРО тој кој ќе го ослободи или ќе го апси Груевски.

Македонија мора повторно да стане слободна земја, без криминал и корупција за да може да продолжи по европскиот пат.

СДСМ еднаш веќе ја ослободи Македонија од оваа криминална група.

И повторно ќе го стори тоа.

А овие денес, неговите ученици и наследници предводени од Мицкоски, ќе одговараат пред законот.

Груевски побегна. Но Мицкоски и неговата банда ќе чекаат одговорност!

Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!“, рече Кузеска.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Фото) Средба Мицкоски-Ердоган: Потврдена блиската и стратешка соработка меѓу Македонија и Турција

Објавено пред

Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, оствари билатерална средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, на која била потврдена традиционално блиската, пријателска и стратешка соработка меѓу двете држави.

Според објавата на премиерот, на средбата било изразено заедничко задоволство од одличните политички односи, кои се темелат на меѓусебна почит, доверба и искрено пријателство меѓу двата народа.

Продлабочување на економската соработка и нови инвестиции

„Разговаравме за можностите за дополнително продлабочување на економската соработка, зголемување на трговската размена, нови инвестиции, како и за унапредување на соработката во областа на инфраструктурата, енергетиката, туризмот, образованието и одбраната. Ја нагласив важноста на Турција како значаен економски и политички партнер, истакнувајќи дека Владата останува посветена на создавање поволна и предвидлива деловна клима за нови турски инвестиции и отворање нови работни места.“, стои во статусот на Мицкоски.

Како што напиша македонскиот премиер, претседателот Ердоган ја потврдил поддршката на Турција за развојот и просперитетот на Македонија, како и подготвеноста за понатамошно зајакнување на билатералните односи во сите области од заемен интерес.

Во рамки на разговорите биле разменети мислења и за актуелните регионални и меѓународни предизвици, при што била нагласена потребата од стабилност, соработка и економски развој на регионот.

На крајот од својата објава, премиерот Мицкоски изрази уверување дека односите меѓу двете пријателски држави ќе продолжат да се развиваат со уште посилна динамика во периодот што следува.

Прикажи повеќе...

Македонија

Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје – Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора

Објавено пред

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, оствари работна средба со Фатих Туркменоглу, директор на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), на која се разговараше за изградбата на автопатот Скопје – Блаце.

На средбата, претставниците на ЕБОР информираа дека во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта успешно е завршена постапката за избор на Изведувач. Изведувачот на автопатот е конзорциумот предводен од македонската градежна компанија Гранит. После подолг временски период една домашна градежна компанија целосно ќе изведува автопат.

Автопатот Скопје – Блаце претставува витална патна артерија со која Македонија се поврзува со Косово и Црна Гора. Неговата изградба ќе придонесе за поефикасен транспорт и побезбеден сообраќај , ќе ја подобри поврзаноста со соседните земји и ќе создаде нови можности за економски развој, трговија и инвестиции.

Реализацијата на овој проект има големо значење за регионалното поврзување и за унапредување на транспортната инфраструктура, со што Македонија дополнително ќе ја зацврсти својата улога како важна транзитна и транспортна врска во регионот.

По завршувањето на сите административни процедури и обезбедување на соодветни банкарски гаранции ќе започне изведбата на терен и градежни активности.

На средбата беше потврдена и одличната соработка помеѓу Владата, Министерството и ЕБОР, при што беше изразена заедничка подготвеност за продолжување на партнерството и поддршка на идните инфраструктурни проекти кои се од стратешко значење за државата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Битола сака да стане велоград, ќе набавува електрични велосипеди за граѓаните

Објавено пред

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски на седницата на која се носеше ребалансот на Буџетот за 2026 година кажа дека во Програмата за животна средина планирани се 4.8000.000 денари за набавка на електрични велосипеди, што ја потврдува тенденција за Битола да стане вело град, преку создавање на вело инфраструктура, но и набавка на велосипеди кои ќе можат да ги користат граѓаните.

Како што објасни претседателот на Советот Бојан Бојкоски новите електрични велосипеди ќе бидат на принципот изнајмување преку апликација по симболични цени на изградените велосипедски патеки, односно на неколку пунктови граѓаните ќе имаат можност да ги изнајмуваат со цел да ги користат велосипедските патеки.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет46 минути

„Никогаш нема да се откажам“ – по изборното фијаско, Орбан доби нов мандат во Фидес

Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан повторно е избран за лидер на опозициската партија Фидес, и покрај тоа што на парламентарните...

Свет1 час

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави утре ќе потпишат нов договор со Иран, кој, според неговите зборови,...

Свет1 час

Виктор Орбан повторно избран за претседател на Фидес

Долгогодишниот унгарски лидер Виктор Орбан повторно е избран за претседател на владејачката партија Фидес на 32. конгрес што се одржа...

Свет2 часа

(Фото+видео) Белфаст меѓу немири и повици за единство: илјадници на антирaсистички протест

Околу 3.000 луѓе излегоа на антирaсистички протест во центарот на Белфаст, испраќајќи порака против омразата и насилството по неколкудневните немири...

Свет3 часа

Иран: Мировниот договор нема да биде потпишан утре

Големиот мировен договор меѓу САД и Иран, наместо историски триумф, викендов донесе целосна дипломатска збрка. Иако Пакистан веќе најави дека...

Спорт3 часа

Расел на пол-позицијата во Барселона, Леклер заврши во заштитната ограда

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Шпанија, која се вози на патеката „Каталуња“. Британецот...

Спорт3 часа

Милосављев најдобар кога беше најпотребно – Берлин ќе се бори за титулата во ЛШ

Ракометарите на Фуксе Берлин први изборија пласман во финалето, во Лигата на шампионите. Во првото полуфинале на завршниот турнир во...

Свет4 часа

Ужас во Полска: на приватен имот пронајдени околу 30 човечки фетуси и медицински отпад

Полската јавност е згрозена по откривањето на масовна гробница со човечки фетуси и медицински отпад на приватен имот во селото...

Свет4 часа

Швајцарија на историски крстопат: референдум за ограничување на населението до 10 милиони жители

Граѓаните на Швајцарија оваа недела излегуваат на клучен референдум на кој ќе се изјаснат за народната иницијатива „Не за Швајцарија...