Контакт

Македонија

Лагите за „третата“ економија во Европа на Мицкоски ги разби и ММФ, велат од СДСМ

Објавено пред

Македонија во следните пет години нема да биде меѓу петте најбрзорастечки економии во Европа, реагираат од СДСМ.

Меѓународниот монетарен фонд во последниот извештај, потсетуваат од оваа партија, прогнозира дека македонската економија до 2031 година ќе има просечен раст од 3%.

„Пред нас се Албанија со раст од 3,19%, Молдавија, Србија со 3,5% Украина, Косово со 3,95% раст, а прва е Малта со економски раст од 3,96%.

Ова е вистината. Не му проаѓаат на Мицкоски лагите дека Македонија е економски лидер во Европа.
Вистината е дека македонската економија е во катастрофална состојба.

Со Мицкоски економијата ќе продолжи да тоне, доаѓа уште потежок и поскап живот за граѓаните.

Зголемувањето на дефицитот од 3% на 4,1% е само отворена врата за нови скапи задолжувања врз грбот на народот“.

Инфлацијата, оценуваат во СДСМ, ја изеде куповната моќ на граѓаните, доведени до просјачки стап.

А власта со коригираната инфлација од 4,5%, признава дека ги чека уште поскап и потежок живот.

Според нив, домашното задолжување расте на 39 милијарди денари, а странското 101 милијарда денари. Ова, како што појаснуваат, значи дека го крајот на годината јавниот долг ќе надмине 61,5% од БДП.

„За две години оваа Влада создаде нов долг од 2,5 милијарди евра, со што го искачи нивото на јавниот долг на скоро 11 милијарди евра.

И ова не се пари за мерки за граѓаните, за 600 евра минимална плата, за капитални проекти – ова се пари за криминалните тендери на Мицкоски и неговата криминална организација ВМРО.

Министерката за финансии предупредуваше дека многу „европски земји ќе банкротирале“. Со вакво темпо на задолжување, за жал Македонија се движи кон банкрот.

Со оваа власт Македонија ризикува да остане на дното, не затоа што нема потенцијал, туку затоа што оваа Влада нема развојна стратегија.

Кратат од секаде, само не од нивниот луксуз. Наместо инвестиции, реформи и раст, приоритет се криминални тендери, партиски вработувања и расипничко трошење на народните пари“.

Од СДСМ додаваат дека цената на овие надреални приказни на Мицкоски ја плаќаат граѓаните, со празни џебови и сè потежок живот од ден во ден.

Најново

Спорт2 часа

Луис де ла Фуенте: Генерација на пример, целиот труд се исплатеше

Селекторот на Шпанија, Луис Де Ла Фуенте, изјави дека е преполн со гордост откако неговиот тим го освои Светското првенство....

Спорт2 часа

Скалони: Дадовем се од себе, Шпанија едноставно беше подобра

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, спортски го прифати поразот од Шпанија во финалето на Светското првенство и отворено призна дека...

Спорт2 часа

Родри: Ако работиш напорно и веруваш, животот ќе те награди

Капитенот на Шпанија, Родри, беше пресреќен откако ја победи Аргентина во финалето на Светското првенство и ја освои втората титула...

Спорт3 часа

Меси во солзи по поразот во финалето

Најдобриот Аргентинец, Лео Меси, тешко се справи со оразот во финалето на Светското првенство, во дуелот против Шпанија (1:0). Иако...

Спорт3 часа

Родри е МВП на Светското првенство

Пред доделувањето на медалите, ФИФА ги прогласи најдобрите на 23-то Светско првенство. Сите индивидуални награди, со исклучок на онаа за...

Спорт3 часа

(Видео) Тепачка на теренот веднаш по завршувањето на финалето – Паредес доби црвен картон

Победата на Шпанија во финалето на Светското првенство беше засенета од тепачката што избувна веднаш по последниот свиреж на судијата,...

Спорт4 часа

(Видео) Шпанија ја освои светската титула, Аргентина не заслужи ништо повеќе од пораз

Фудбалската репрезентација на Шпанија ја освои титулата на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Шпанците во финалето ја победија...

Спорт5 часа

Меси собори два рекорди на Светскiте првенства

Финалето на Светското првенство помеѓу Шпанија и Аргентина само што започна, а Лионел Меси влезе во историјата. Аргентинскиот капитен постави...

Црна хроника7 часа

Маж од Струмица им подлегна на повредите по пожарот во неговата куќа

Седумдесетгодишен жител на Струмица починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, неколку дена откако бил повреден во пожар во...