Контакт

Македонија

ЛДП: Не за субвенционирање на гориво за соседите, да за поврат на ДДВ за македонските граѓани и бизниси

Објавено пред

„Додека цените на горивата секојдневно растат и го притискаат семејниот буџет, а македонските граѓани секојдневно се соочуваат со сѐ повисоки трошоци за живот, Владата мора конечно да покаже дека приоритет ѝ се сопствените граѓани, а не да зборува за импровизирани и недоволно осмислени мерки“, велат од ЛДП.

„Потсетуваме на нашиот предлог за поврат на ДДВ за скапото гориво, како конкретна и директна мерка за финансиско олеснување на граѓаните и домашните компании.

Наместо да се субвенционираат граѓаните кои точат гориво од соседните држави, Владата јавните средства треба да ги насочи кон оние на кои им се најпотребни: македонските граѓани, превозниците, транспортерите, шпедитерите и домашниот бизнис.

Денес, кога секој денар се брои и секој денар е важен, потребни се паметни економски политики, а не политички маркетинг, ПР и мерки без долгорочен ефект. Наместо да троши пари на непотребни трошоци, прослави, нови функции и партиски привилегии, Владата треба да покаже дека знае да ги препознае вистинските економски проблеми.

ЛДП бара Владата да го разгледа, да најде начин да го спроведе предлогот за поврат на ДДВ за горивата и да покаже дека знае да управува со јавните финансии во интерес на заштита на македонските граѓани.

Рекорден економски раст, како што милува да каже премиерот, не смее да се гради на грбот на македонските граѓани. Вистинска државничка економија се гради со политики кои им ги зачувуваат парите џебовите на граѓаните“, соопштуваат од партијата ЛДП.

Најново

Македонија22 минути

Филков: ЕК го потврди сработеното, за две години поставивме темели за реформа на правосудството

Извештајот на Европската комисија за 2026 година е јасна потврда дека политиките што ЗНАМ ги спроведуваше во Министерството за правда...

Македонија29 минути

(Видео) Мостот што граѓаните го нарекуваа „мост за ловење риба“, конечно ќе ја добие својата вистинска намена, објави Ѓорѓиевски

Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во функција – зборот е збор, објави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. „Ветив дека...

Спорт29 минути

Официјално: Олимпија од Милано има нов тренер

Една победа во десет кола и девет порази по ред беа премногу, па Армани (Олимпија) о го отпушти Пепе Поета...

Свет34 минути

(Видео) Русија ги засилува нападите, 250.000 Украинци останаа без струја

Новите руски напади врз енергетската инфраструктура во Украина, извршени синоќа, оставија стотици илјади потрошувачи без електрична енергија во регионите Днепропетровск...

Спорт41 минута

Мурињо урна рекорд во Ла Лига

Реал Мадрид синоќа убедливо ја победи Валенсија со 3:0 на „Местаља“ во 12-то коло од Ла Лига. Со оваа победа,...

Спорт47 минути

Меси влезе во историјата на МЛС

Лионел Меси стана првиот играч кој ја освои Златната копачка во МЛС две сезони по ред. Меси постигна 26 гола...

Македонија1 час

За еден ден приведени 17 возачи, МВР со апел да се почитуваат правилата

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, полициските службеници констатирале 19 кривични дела „безобѕирно управување со моторно...

Македонија1 час

(Видео) Димитријевиќ: Вистината за Алта банка е на виделина, на потег е јавното обвинителство

Вистината за Алта банка е на виделина, на потег е јавното обвинителство, вели Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар на...

Македонија1 час

(Видео) Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се слеваа 110 милиони евра во Еуростандард, обвини Бране Петрушевски,...