Контакт

Македонија

ЛДП: Предупредувавме, поставувавме пратенички прашања, баравме одговорност – денес онколошките пациенти повторно се без терапија

Објавено пред

Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува целосна поддршка за онколошките пациенти кои утре ќе протестираат пред Министерството за здравство. Oд партијата велат дека трагично е што луѓе кои водат најтешка битка за сопствениот живот повторно се принудени наместо во болница, да бараат правда на улица.

„ЛДП уште минатата година предупреди дека недостигот на онколошка терапија не е изолиран инцидент, туку сериозен системски проблем и побара одговорност од Министерството за здравство. Наместо решение, денес гледаме повторување на истиот срам.

За секој ден без терапија некој мора да одговара. Не може секојпат кога ќе се испразнат залихите виновник да нема, а последиците секогаш да ги трпат пациентите.

ЛДП бара:

– Итно обезбедување на целата неопходна терапија;

– Целосна јавна информација за причините за недостигот;

– Утврдување лична и политичка одговорност за институционалниот пропуст;

– План со кој ќе се гарантира дека ова никогаш повеќе нема да се повтори.

Држава која што не може да обезбеди лекови за најтешко болните нема право да зборува за успеси во здравството. За онколошките пациенти нема втор обид. Секој изгубен ден може да чини човечки живот“, се вели во соопштението на партијата.

Најново

Македонија11 минути

Димитриеска-Кочоска: Поддршката на домашните компании преку унгарскиот заем е инвестиција во економскиот раст

Средствата по поволни услови кои беа обезбедени од унгарската Експорт-импорт банка, не ги гледаме како трошок за буџетот, туку како...

Македонија14 минути

Пуштена во употреба спортска сала во подрачното училиште „Крупе Кепески“ во Кисела Вода

Во населбата Припор во Кисела Вода денеска свечено е пуштена во употреба нова спортска сала во рамки на подрачното основно...

Свет58 минути

Драгана исчезнала бегајќи од пожарот и влегла во огнената стапица, семејството дало ДНК-примероци

Драгана Антешевиќ (34) од Котор Варош, Република Српска, исчезнала за време на големиот пожар во областа на Омиш, каде што...

Македонија1 час

Николоски: Се решаваат сложени инженерски проблеми на автопатот Охрид – Кичево

Автопатот Охрид – Кичево се гради со предвидената динамика, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на Фејсбук. Тој...

Црна хроника1 час

Палеле пожари среде ноќ: Двајца фатени на дело во Битола и Прилеп

Полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица кои биле затекнати при предизвикување пожари на отворен простор во...

Македонија2 часа

27 пожари на отворен простор за едно деноноќие, шест остануваат активни

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата се регистрирани вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои шест...

Свет2 часа

Врховниот суд пресече: Родителите во САД можат да бараат изземање на децата од ЛГБТ-содржини

Одлуката на Врховниот суд на САД во предметот „Махмуд против Тејлор“ (Mahmoud v. Taylor), донесена на 27 јуни 2025 година,...

Свет2 часа

(Видео) Земјотрес од 7,7 степени ја погоди Индонезија, најмалку 20 загинати

Најмалку 20 лица загинаа во силниот земјотрес со магнитуда од 7,7 степени што рано утрово го погоди индонезискиот остров Флорес....

Свет2 часа

Седум луѓе загинаа во израелски воздушен напад врз јужен Либан

Седум лица беа убиени, а тројца ранети во израелски воздушен напад врз јужен Либан рано утрово, објави државната либанска национална...