Контакт

Македонија

ЛДП: Притисокот успеа, Скопје заслужува европска култура, а не европска престолнина на набавки зад затворени врати

Објавено пред

Либерално-демократската партија (ЛДП) ја поздравува одлуката за тргање од дневен ред на спорниот Предлог-закон за проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“.

Според партијата, ова е директна победа на силниот притисок од антикоруптивната јавност, ДКСК, граѓанските организации, како и пратеничката и лидерка на ЛДП Моника Зајкова, кои, како што велат, не дозволија по скратена постапка да се протурка закон чија единствена цел беше суспендирање на Законот за јавни набавки за сума од 21 милион евра.

„Сепак, ЛДП предупредува дека простото симнување на точката од денешната седница не е доволно. ЛДП бара итно и целосно повлекување на предлог-законот од собраниска постапка. Договорот зад затворени врати не смее да послужи само како маневар за купување време и за подоцнежно прошверцување на истиот коруптивен модел. Тоа сценарио сме го виделе порано. Текстот мора веднаш да се повлече, да се стави на јавна консултација преку ЕНЕР и во него задолжително да се вратат сите системски механизми за транспарентност и јавни тендери. Доколку владејачкото мнозинство во иднина се обиде да изврши законодавно насилие и повторно да го заобиколи Законот за јавни набавки, ЛДП ќе ги искористи сите парламентарни механизми за да го блокира. Истовремено, веќе ги започнуваме правните подготовки за поднесување иницијатива до Уставниот суд за поништување на ова безобразие доколку власта се осмели да го изгласа“, велат од партијата.

Од ЛДП велат дека Скопје во времето на Пенов се градело и со малку пари и со опструкции и по закон.

„Така мора да биде секогаш. Затоа што Скопје заслужува европска култура, а не да биде европска престолнина на набавки зад затворени врати“, велат од ЛДП.

Најново

Спорт3 часа

(Видео) Олимпијакос од -28 до триумф во Валенсија, Црвена звезда со звукот на сирената победи во Вилербан

Кошаркарите на Олимпијакос ја победија Валенсија по продолжение со 102:97 во петтото коло од Евролигата. Нестварен натпревар одиграа овие два...

Спорт4 часа

(Видео) Интер и Баерн се изрезилија во Лигата на шампионите

Првиот ден од второто коло, во Лигата на шампионите, донесе два шоканртни резултати. Интер загуби на домашен терен од Бриж...

Спорт4 часа

(Видео) Атлетико го победи Манчестер Јунајтед, Барселона со блиц-криг славеше во Истанбул, Виљарела по пресврт го победи Наполи

Атлетико Мадрид го победи Манчестер Јунајтед со 2:0 (1:0) во Лигата на шампионите и ја продлабочи кризата на „црвените ѓаволи“....

Свет6 часа

Вадефул: Украина не ја започна војната, Русија мора да го направи првиот потег

Русија мора да биде првата што ќе „направи потег“ и ќе покаже дека е подготвена да преговара за ограничен прекин...

Свет6 часа

Захарова: Киев се обидува да ги дестабилизира пазарите на енергија и храна

Режимот во Киев намерно се обидува да го дестабилизира пазарот на енергија и храна со напаѓање на танкери, изјави Марија...

Свет6 часа

Кралот на Шпанија: Суверенитетот и територијалниот интегритет над Сеута не се предмет на преговори

Суверенитетот и територијалниот интегритет на Шпанија над Сеута, енклава на северот од Африка, се несомнени и не се предмет на...

Забава6 часа

Се заљубуваат, па бегаат: хороскопски знаци кои се повлекуваат токму кога некој им станува важен

Според астрологијата, овие четири знаци знаат да се повлечат токму кога ќе почнат да чувствуваат нешто сериозно. Кореспонденцијата трае до...

Забава7 часа

Мајкл Даглас открива што му го спасило бракот со Кетрин Зета-Џонс

Мајкл Даглас објасни дека тој и неговата сопруга Кетрин Зета-Џонс морале да се променат за да го спасат својот брак...

Спорт7 часа

Историски триумф на Сабах во Лигата на шампионите, Спортинг победи во Ленс

Фудбалерите на Сабах ја забележаа својата прва победа во Лигата на шампионите, вечерва ја победија ја Славија Прага во Баку...