Контакт

Македонија

ЛДП: За самонаречената елита важат законите, брзата правда, за обичните граѓани остануваат само отворените закани и несигурноста

Објавено пред

Кога неговата светост, самопрогласен шеф на новата елита, ќе добие закана на социјалните мрежи, Министерството за внатрешни работи реагира со брзина на светлината: сторителот од кумановско Черкези е веднаш идентификуван, Јавното обвинителство експресно процесуира, а целата државна апаратура се става во функција на негова заштита. Но, кога претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, и други истакнати јавни личности и граѓани со месеци и години пријавуваат истоветни, па и уште пострашни директни закани по нивниот живот, за МВР и за судството тоа е потполно неважно. За нив нема ниту истрага, ниту притвор, ниту институционална разрешница, реагираат од ЛДП

„Нека престанат конечно да ѝ продаваат евтин ПР и теорија на јавноста дека правосудството било под нечија скроена „закрила“ или дека било заглавено од минатото. Со ваквиот експресен вип-третман за премиерот, самите институции ни го даваат најчистиот доказ дека судството и полицијата функционираат перфектно — но само кога треба да ја штитат владината гарнитура како бели мечки и како посебно заштитен вид. Ова не е владеење на правото, ова е брутална и болна шлаканица врз обичниот човек, кој за своите маки и закани не може да дочека ниту обичен записник, а камоли правда.

Дополнително, бизарната изјава на премиерот дека „да не бил на позиција, знаел како се решаваат вакви проблеми“ соголува опасен менталитет на улична пресметка, зад кој веднаш потоа се крие целиот државен апарат“. Со ова, оценуваат во ЛДП, се испраќа загрижувачка порака: за самонаречената елита важат законите, казнивоста, брзата правда и идолопоклонството, додека за обичните граѓани остануваат само отворените закани и несигурноста“.

Либерално-демократската партија порачува дека ова институционално лицемерие ја премина секоја граница. „Не го навредувајте повеќе интелектот на народот со тоа што државните ресурси ги користите за лична заштита и ПР-спектакли, додека граѓаните ги оставивте неодбранети. Од вакви двојни аршини и арбитражна правда на сите им е преку глава — Македонија мора да биде правна држава еднаква за сите“

Најново

Спорт4 минути

Шпански медиуми: Тепачка на тренингот на Реал

Реал Мадрид повторно го тресат проблеми во соблекувалната. Шпанските медиуми пишуваат дека дури и по враќањето во клубот, Жозе Мурињо...

Економија13 минути

Серафимовски: Со 9,5 милиони евра ги намалуваме трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски утринава ги додели првите картички за зелена нафта во Свети Николе, а...

Економија15 минути

СДСМ: Ребалансот на Буџетот е затоа што нема пари за плати и пензии до крајот на годината

Владата подготвува нов ребаланс на Буџетот поради недостиг од средства за исплата на плати, пензии и покривање на тековните трошоци...

Свет23 минути

Јужна Кореја го повлекува амбасадорот од Украина по дипломатски спор со Киев

Јужна Кореја соопшти дека го повлекува својот амбасадор од Украина, по дипломатскиот спор што избувна меѓу двете земји откако украинскиот...

Регион34 минути

Бугарија ги кани Русија и Украина на иста маса во врска со Црното Море

Бугарија предложи преговори меѓу шесте земји што граничат со Црното Море со цел да се постигне договор за мораториум на...

Македонија44 минути

Шасивари на Меѓународниот самит за правда во Истанбул 

Министерот за правда, Јетон Шасивари, учествува на Меѓународниот самит за правда „Истанбул 2026“, кој се одржува на 8 и 9...

Македонија49 минути

(Видео) Петрушевски: Со скандалот на Славјанка вреден 37 милиони евра, Филипче јасно потврди дека нивното владеење со државата било полно со криминал и корупција

Пратеникот и заменик-генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска изјави дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, со своите изјави за...

Македонија53 минути

До крајот на неделава пристигнува првата испорака од вкупно 3.300 нови контејнери; Ѓорѓиевски се пофали: Испишуваме ново поглавје во јавната хигиена

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски истакна дека специјализираните возила за ЈП „Комунална хигиена“ веќе се предадени на градот и...

Македонија1 час

Муцунски за Коридорот 8 во Софија: Поврзаноста е стратешки инструмент за безбедност, отпорност и економски развој

Денеска во Софија, на покана на министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Велислава Петрова-Чамова, министерот за надворешни работи и...