Контакт

Македонија

Леб од 126 денари, набавки по цени повисоки од пазарните и без оправданост, ДЗР воочува низа неправилности во студентскиот дом „Пелагонија“

Објавено пред

По извршената ревизија во студенсткиот дом „Пелагонија“, Државниот завод за ревизија утврдил низа неправилности и неусогласености во работењето на домот.

Со ревизијата, како што е соопштено од страна на ДЗР, било утврдено дека во материјалната и сметководствената евиденција на студентскиот дом не се евидентирани одредени постојани средства и не е извршено усогласување на сметководствената и материјалната евиденција, ниту се преземени активности за проценка на вредноста, обезбедување имотен лист и евидентирање на земјиштето под зградата, кое е дадено на користење на домот.

Било констатиравно дека во евиденцијата на домот не е евидентирана опрема во износ од 21.563 илјади денари при што еден дел од опремата за кујна која била набавена и платена од страна на надлежното министерство не е примена во домот, објави ревизорот.

„Исто така, не е евидентирано побарување по правосилна судска пресуда во износ од 1.127 илјади денари ниту се преземени мерки за наплата, што влијае врз реалното прикажување на финансиските извештаи.

Утврдивме недоследности во процесот на планирање и спроведување на јавните набавки и реализација на склучените договори. Со ревизијата на јавните набавки за свежо месо од 2023 година, преработки на месо, месни производи и риба од 2023 и 2024 година, како и земјоделски производи од 2023 година, ревизорите утврдија дека најчесто е доставена само една понуда, а договорите се склучувани во висина на проценетата вредност без однапред дефинирани количини. Кај редовно набавуваните артикли понудените цени се повисоки од пазарните, додека кај артиклите што не се набавуваат се понудени нереално ниски цени, без да се побара дополнително образложение од економскиот оператор“.

Државниот ревизор утврдил и надминување на договорените вредности кај дел од договорите, што, како што велат, укажува на недоволна контрола и неекономично користење на јавните средства.

„Кај набавката на леб и брашно од 2023 година, договорот е склучен со понудувач чија основна дејност не е поврзана со предметот на набавката, а на ревизијата не ѝ беше презентирана задолжителната банкарска гаранција за квалитетно извршување на договорот, што упатува дека договорот е склучен без нејзино доставување. Дополнително, иако договорената цена за леб изнесувала 57,46 денари по килограм, при реализацијата економскиот оператор фактурирал едно парче леб како килограм, што поради слабите внатрешни контроли било откриено дури кон крајот на 2024 година.

По воведувањето дневна евиденција, месечните фактури во 2025 година се значајно намалени во однос на 2024 година. Ревизијата утврди и дека со новиот договор во 2025 година цената на лебот достигнала 126 денари/кг, што е значително над пазарната цена од околу 70 денари/кг, што укажува на неекономично користење на јавните средства и слабости во контролата на јавните набавки.

Тендерската документација на набавката на душеци од 2023 година содржи ограничувачки услови, а договорот е склучен со избраниот економски оператор без обезбедена банкарска гаранција за квалитетно извршување на договорот. Набавени се 250 душеци во вкупна вредност од 1.174 илјади денари (од предвидените 500 душеци) со димензии различни од предвидените во техничката спецификација, без соодветна документација за прием и притоа истите се складирани во домот и воопшто не се ставиле во употреба. Исто така, утврдивме дека и претходно биле набавени 450 душеци од истиот добавувач, иако постоечките биле во добра состојба, а поради тоа што димензиите на креветите се помали од душеците била нарушена стабилноста и статиката на креветите“.

Утврдени се слабости и во документацијата и оправданоста на расходите за одржување и сервисирање на опрема во ДСД Пелагонија во вкупен износ од 1.209 илјади денари од кои износ од 1.027 илјади денари од сметката на основен буџет и 182 илјади денари од сметката на буџет од самофинансирачки активности. За дел од фактурираните услуги не постои целосна и веродостојна документација, недостасуваат прецизни податоци во работните налози, а не се обезбедени ниту доволни докази дека услугите навистина биле извршени или претходно побарани од домот.

ДЗР информира дека биле утврдени слабости и во уредувањето и начинот на пресметка и исплата на плати и надоместоци, како и неусогласеност на интерните акти со важечката законска и подзаконска регулатива. Имено, со Правилник донесен од Управниот одбор на домот утврдени се повисоки бодови за административните службеници од законски предвидените, а воедно не се целосно опфатени сите законски елементи на платата.

Исто така, во ревизорскиот извештај ревизорите се осврнуваат и на условите за престој на студентите и најавената реконструкција на домот од страна на МОН во рамките на проектот „Енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови во Македонија“.

Утврдена е исплата на средства за репрезентација без соодветна поткрепувачка документација, а воедно вршени се набавки на гориво, сервисирање и замена на резервни делови за приватно моторно возило, одобрено да се користи за службени цели, кои не се поткрепени со соодветна веродостојна документација, што укажува на користење на буџетски средства за приватни цели“.

Била констатирана исплата на средства за плата за две лица на функцијата директор за период од шест месеци, како последица на недонесување правно издржано решение од страна на Министерството за образование и наука за разрешување, со истовремено распоредување и утврдување на платата на раководното лице. „Исто така, беше утврдено дека Правилникот за систематизација на работните места во ДСД „Пелагонија“ содржи повеќе суштински и формално-правни неусогласености со Законот за административните службеници и Законот за вработените во јавниот сектор.

Ревизорите ја истакнуваат неизвесноста во однос на финансиската одржливост во работењето на ДСД Пелагонија, поради што потребно е МОН во соработка со државните студентски домови да извршат анализа и проценка на економската цена за сместување и исхрана на студентите и потребата од соодветна корекција на цената со цел да се оцени нивото на финансиска одржливост на домовите и да се обезбеди нивно непречено функционирање без креирање на заостанати долгови.

ДСД Пелагонија нема воспоставено функционален систем на внатрешна финансиска контрола кој би обезбедил уверување дека сите трансакции се извршени во согласност со законските прописи и дека се засноваат на соодветна и веродостојна сметководствена документација.

За надминување на утврдените состојби овластениот државен ревизор даде препораки со чија имплементација ќе се обезбеди соодветно контролно опкружување и надминување на утврдените состојби“.

Најново

Економија6 минути

Јаревски: Во случајот со Алта банка ниту имаме стечај, ниту пропаѓање, постои мерка на администрација, Народна банка реагираше навремено

Тони Јаревски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница во рамки на Комисијата за финансирање и буџет се...

Економија11 минути

Димитриеска-Кочоска: Буџетските корисници немаат изложеност кон „Алта банка“, средствата се во Трезорот, финансиската стабилност е сигурна

Нема ризик за финансиската стабилност на државата поради состојбите во Алта банка АД Битола, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска...

Забава51 минута

Хали Бери и Оливие Мартинез повторно на суд: Актерот бара зголемување на алиментацијата

Францускиот актер Оливие Мартинез (60) побара зголемување на износот за издршка што го добива од неговата поранешна сопруга, холивудската ѕвезда...

Македонија1 час

Пензиските заштеди и правата на членовите – во фокусот на реформите: АДПФ бара јавна, аргументирана и стручна дебата

Асоцијацијата на друштвата за управување со пензиски фондови (АДПФ) денеска повика секој предлог за реформа на пензискиот систем да се...

Македонија1 час

(Видео) Тренчевска до Митреска: Како не ви беше сомнителен растот од 13 пати на Алта банка?

Потпретседателката и пратеничка на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната надзорна расправа за причините за воведувањето администрација во Алта банка АД...

Македонија2 часа

Повторно зачестени измамнички пораки за наводна наплата на сообраќајни прекршоци – МВР апелира на внимателност

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во изминатиот период повторно е забележана зачестена појава на измамнички пораки преку...

Македонија2 часа

Проф. д-р Никола Јанкуловски е избран за нов претседател на Лекарска комора

Лекарска комора информира дека на денешната седница на Собранието на Комората, проф. д-р Никола Јанкуловски е избран за нов претседател...

Свет2 часа

Дојави за бомби во 300 италијански училишта

Најмалку 300 училишта низ Италија денеска беа евакуирани откако добиле идентична заканувачка порака за поставена бомба, соопшти италијанскиот министер за...

Спорт2 часа

Легендарниот Уертас замина од Тенерифе, следната станица е Дубаи

Бразилскиот ветеран Марселињо Уертас (43) го напушти Тенерифе, по речиси седум години и отвора нова страница во својата неверојатна кариера....