Контакт

Македонија

Левица бара итно да се увезе лекот еритропоетин и одговорност од министерот Алиу и директорите на ФЗОМ и МАЛМЕД

Објавено пред

Политичката партија Левица изразува сериозна загриженост поради жалбите на пациенти со трансплантиран бубрег и пациенти на дијализа дека во здравствениот систем постои недостиг од еритропоетинска терапија (EPO), вклучително и препаратите Recormon и други еквивалентни лекови, кои претставуваат незаменлив дел од третманот за контрола на анемијата кај пациентите со хронични бубрежни заболувања.

„Лекот веќе извесен период не е достапен во здравствените установи, при што надлежните институции не обезбедиле соодветна терапевтска замена ниту јасен временски рок за надминување на проблемот. Поради тоа, дел од пациентите се принудени самостојно да набавуваат терапија од странство, додека други остануваат без неопходниот третман, додека нивното здравје и живот се во сериозен ризик“, велат од Левица.

Од партијата наведуваат дека ваквите пропусти не се изолиран инцидент, туку се уште една потврда за несериозниот пристап во управувањето со јавното здравство на Владата и Министерството за здравство под раководство на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН. Наместо навремено планирање, сигурно снабдување и одговорно менаџирање со јавните ресурси, велат од Левица, граѓаните повторно се оставени сами да се снаоѓаат за терапија од која директно зависи нивниот живот.

„Левица бара Министерот за здравство Азир Алиу, директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски, како и директорот на Малмед Сабри Алити итно да ја информираат јавноста за причините за недостигот на еритропоетинската терапија, да презентираат конкретен план за нормализирање на снабдувањето и без одлагање да обезбедат достапност на лековите за сите пациенти на кои им се неопходни со интервентен увоз во најкус можен рок. Истовремено, очекуваме да биде утврдена и институционална одговорност доколку се покаже дека станува збор за пропуст во планирањето, јавните набавки или управувањето со здравствениот систем“, велат од Левица.

Најново

Свет2 часа

Сведоци на ужасниот земјотрес во Колумбија: „Никогаш во животот не сум го почувствувал ова“, „Како бомба“

Во Кали, еден од колумбиските градови најтешко погодени од земјотресот, сведоците пријавија широко распространето уништување. Таксистот Хорхе Монкајо (64) рече...

Забава2 часа

Додека спиете – заработката пристигнува, но само за припадниците на овие четири хороскопски знаци

Само четири хороскопски знаци ќе доживеат вистински просперитет до крајот на 2026 година, а доколку донесат мудри одлуки, нивното богатство...

Забава2 часа

Иванка Трамп се пофали со фотографии од одморот на Исланд, потсмевот не престанува

Иванка Трамп објави фотографии од семејниот одмор во Исланд, а објавата предизвика низа коментари со доза на потсмев на социјалните...

Забава3 часа

Како ефикасно да отстраните дамки од кафе или чај од шолја? Нема да ви бидат потребни агресивни производи

Кафето и чајот се омилени пијалоци за многумина, особено во постудените денови. Сепак, колку почесто ги пиеме од истата шолја,...

Свет3 часа

Бројот на загинати во Колумбија надмина 100, претседателот потврди 111 жртви

Силниот земјотрес што ја погоди Колумбија одзеде 111 животи, објави претседателот Абелардо де ла Есприела. Претходните извештаи велеа дека најмалку...

Свет4 часа

Шакира испрати порака за поддршка до Колумбија по земјотресот

Една од најпознатите Колумбијки, Шакира, се огласи по силниот земјотрес што денес ја погоди нејзината татковина. „Драга Колумбија, моите мисли...

Европа4 часа

(Видео) Пожарите повторно беснеат во Шпанија

Голем шумски пожар во југозападна Шпанија денеска се прошири надвор од контролата на пожарникарите, соопштија регионалните власти, додека високите температури...

Свет5 часа

Зеленски: Сочувство до семејствата на оние што ги загубија животите и до сите погодени во катастрофалниот земјотрес во Колумбија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази солидарност со Колумбија откако земјотрес со јачина од 7,4 степени ја погоди земјата. „Нашето сочувство...

Свет5 часа

Рубио: Администрацијата на Трамп е подготвена да ѝ помогне на Колумбија

Администрацијата на Трамп „внимателно ја следи“ ситуацијата по земјотресот во Колумбија, објави американскиот државен секретар Марко Рубио. „Соединетите Американски Држави...