Контакт

Македонија

Левица бара Клековски да обезбеди бесплатен пристап до приватните ПЕТ скенови за онколошките пациенти

Објавено пред

Министерот за здравство, Сашо Клековски, конечно признава дека ПЕТ/КТ не работи повеќе од еден месец, но сега се обидува проблемот да го претстави како техничка игра на зборови: „скенот не е расипан, проблемот е во циклотронот“. За пациентот со рак, оваа разлика е бесмислена. Ако поради нефункционалниот циклотрон не може да се изврши ПЕТ/КТ снимање, тогаш ПЕТ/КТ услугата не функционира. И тоа повеќе од еден месец. Уште полошо, самиот министер вели дека ако за „еден или два дена“ нема решение, дури тогаш ќе се пристапи кон други мерки, велат од Левица.

Од партијата вела дека онколошките пациенти веќе изгубиле повеќе од еден месец.

Од Левица велат дека неосновано е тврдењето дека магнетната резонанца и другите стандардни методи можат едноставно да го заменат ПЕТ/КТ.

„ПЕТ/КТ е клучна метода за утврдување на распространетоста на болеста и носење одлуки за понатамошниот третман. Канадска студија на 3.429 ПЕТ/КТ испитувања во онколошки центар покажува дека резултатите од снимањето довеле до промена на одлуката за третман речиси 50% од случаите, а кај 80% од случаите го подобриле донесувањето на одлуките. Други големи податоци покажуваат промена на планираното лекување кај речиси 40% од онколошките случаи. Со други зборови, резултатот од ПЕТ/КТ може да одреди дали пациентот ќе ја добие вистинската терапија или ќе се лекува според погрешна проценка“, велат од Левица.

Партијата вели дека онколошките пациенти треба да ја добијат оваа услуга на приватно без да платат.

„Ако државниот ПЕТ/КТ не функционира, пациентите со медицинска индикација мора веднаш да се упатуваат во приватен капацитет, без тие да платат ниту денар. Државата може да организира снимање во приватниот капацитет и да го надомести по цена соодветна на онаа што ја покрива ЈЗУ ПЕТ-центарот. Не ни е јасно што точно ја спречува Владата да го примени истиот принцип и овде. Приватните болници не се екстериторијална држава – кога државата нема функционален капацитет за витална дијагностика, нејзина обврска е да обезбеди услуга таму каде што таа постои, а не да им каже на болните сами да си ја платат. Левица не бара само одговорност за дефектот, туку бара решение што може да се спроведе веднаш. Ако Владата толку добро знае да ги заштитува и да им го отвора патот на приватните болници, тогаш нека ја употреби таа „соработка“ сега за да ги заштити граѓаните. Во Систина постои функционален ПЕТ/КТ и државата мора веднаш да организира снимања за сите пациенти со медицинска индикација, без тие да платат ниту денар, а трошокот да биде покриен од ФЗО по цена соодветна на онаа во јавниот систем. Не може приватните болници да бидат добри само кога треба да се заработува, а да не се искористуваат нивните капацитети кога треба да се спасуваат животи“, велат од Левица.

Од таму додаваат дека неприфатливо е цела Македонија да зависи од еден единствен ПЕТ/КТ апарат.

„Македонија мора да има најмалку два функционални државни ПЕТ/КТ скенери и набавката на втор апарат мора да започне ВЕДНАШ без нови одложувања и изговори“, велат од Левица.

 

фото/Depositphotos/илустрација

Најново

Свет8 минути

(Видео) Невиден бран мигранти кон Шпанија: крајбрежната стража спасила 1.488 луѓе од 14 чамци

Речиси 1.500 мигранти пристигнале во саботата на шпанските Канарски Острови, што е најголем број во еден ден од 2020 година,...

Регион20 минути

Вучиќ за милијардите запленети во Унгарија: „Немојте да лажете, тоа се четири-пет милиони евра или така нешто“

Српскиот претседател Александар Вучиќ се обиде да ја намали тежината на случајот со милијардите запленети во Унгарија, посочувајќи дека станува...

Македонија35 минути

СДСМ: Еден ден трета економија, друг ден банкрот – ММФ ги разби бајките на Мицкоски

Еден ден Мицкоски раскажува бајки и зборува за трета економија во Европа, а друг ден за банкрот ако има избори,...

Свет37 минути

(Видео) Голем пресврт во истрагата за милијардите во Унгарија: некој од осомничените можеби ги открил тајните скривалишта

Унгарските истражители можеби дошле до милијардите пронајдени на повеќе локации благодарение на договор со еден од осомничените или сведочење на...

Свет43 минути

Франција воведе забрана за продажба на пиротехника по насилните инциденти во училиштата

Франција привремено ја забрани продажбата на одредени пиротехнички средства по серијата инциденти во кои беа повредени наставници, директори и припадници...

Македонија52 минути

(Видео) Манасиевски: Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција рече дека фирма на сватот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, според...

Македонија1 час

(Видео) Одлуката од 2023 не значи зделка со Алта банка – конфискуваните акции ѝ беа продадени во јануари 2026, кажа Серафимовска-Борозан

СДСМ тврди дека одлуката од јуни 2023 година за продажба на конфискувани акции во Стопанска банка Битола не била поврзана...

Спорт2 часа

Легендата на Бразил удри по Анчелоти: Доста е, спакувај се и оди си

Легендарниот Ромарио побара оставка од Карло Анчелоти, откако Бразил загуби од Јапонија (3:2) во пријателски натпревар. На еден од најдобрите...

Свет2 часа

(Видео) Автобус со работници се преврте во Иран, 12 лица загинаа

Дванаесет лица загинаа, а 16 се повредени откако автобус што превезувал вработени во нафтена компанија се превртел во текот на...