Контакт

Македонија

Левица: Клековски наместо да се извини, им држи лекции на докторите и ги обвинува дека зборуваат за лајкови

Објавено пред

Во момент кога Гостивар се соочува со една од најтешките здравствени катастрофи, министерот Клековски не најде за потребно да се извини за институционалниот пропуст, да ја преземе одговорноста или да одговори како системот и институциите под негова надлежност дозволил подолго време да не го заприметат и идентификуваат проблемот. Наместо тоа, одлучи да им држи лекции на докторите и да ги обвинува дека зборуваат за лајкови и кликови, велат од Левица.

Според партијата, ова е типична ароганција на вмровски комесар кој се обидува да ја замолчи медицинската, експертската јавност за да го прикрие дебаклот на институциите и, како што велат, да продолжи од петни жили да прави привид дека власта успешно се справува со проблемот.

„Клековски се осмелува да ги прекорува професорите од кои учел, доктори и специјалисти што имаат реална клиничка практика, и покрај тоа што според неговата биографија покажува дека професионалниот пат му е врзан за раководење со невладина организација, консултантска работа, а никако за долгогодишно лекување пациенти во болнички ординации. Одвај завршениот медицински факултет не му дава право од министерската фотелја да прогласува кои доктори смеат да зборуваат, особено кога зад себе нема никаква клиничка кариера со која би можел да им дели професионални легитимации на оние што секојдневно работат со болни луѓе. Уште погротескно е што вакви квалификации доаѓаат од власт која за директорка на Институтот за јавно здравје ја постави Марија Андоновска – кадар со стоматолошки факултет. Институцијата што треба да биде национален столб на епидемиологијата, микробиологијата и превентивната медицина е доверена на партиска функционерка од областа на стоматологијата, но Клековски опасноста ја гледа во професори, доктори, експерти кои јавно укажуваат на пропустите“, велат од Левица.

Значи, велат од партијата, според логиката на ДПМНЕ, министер за здравје може да е човек без ден реално работно искуство како доктор, стоматолог може да раководи со врвната институција за јавно здравје, нивните функционери можат секојдневно да трескаат медицински бесмислици , но доктор што не е дел од партискиот хор треба да молчи за да не собира лајкови.

„Клековски не ја штити јавноста од нестручни совети, туку сопствената власт од стручни прашања на кои нема одговор. Кога аматерите се на функции, а професорите се повикуваат да молчат, тогаш проблемот не е во лајковите и кликовите, туку во режимската потреба секоја медицинска вистина прво да добие партиска дозвола. Во таков систем најголемата опасност не се докторите што зборуваат, туку функционерите што не знаат, не постапуваат и сепак си дозволуваат да им ја мерат компетентноста на оние од кои требало да учат“, се наведува во соопштението од Левица.

Најново

Македонија2 минути

(Видео) СДСМ: Граѓаните на Гостивар чекаат Мицкоски и Клековски да се вратат од „екскурзија“

Граѓаните на Гостивар пет недели немаат безбедна вода за пиење, а според СДСМ, власта предводена од премиерот Христијан Мицкоски и...

Македонија10 минути

(Видео) Петрушевски: Ширењето паника за водата е крајно сериозно, институциите го расчистуваат случајот

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Венко Филипче е заедно на Егејот со својот другар Зоран Заев, но влијае на оние кои...

Економија26 минути

Секој плаќа за себе: Wolt ја воведе функцијата Split Payments за групни нарачки

Корисниците сега можат директно во апликацијата да платат за своите артикли кога заедно нарачуваат од ресторани со пријателите, семејството или...

Македонија29 минути

Николоски: Со инсталација на новиот систем, македонското небо добива највисоко ниво во контрола на безбедност

Поставувањето на новиот АТМ систем во М-НАВ е од исклучително значење за повисоко ниво на безбедност, сигурност и ефикасност во...

Спорт1 час

Ѓоковиќ откри одлични вести за состојбата на своето тело пред Мастерсот во Синсинати

Новак Ѓоковиќ откри одлични вести за состојбата на своето тело пред Мастерсот во Синсинати, велејќи дека во последните две години...

Македонија1 час

(Видео) СДСМ поднесе кривична против полициски службеници и Манасиевски за објавување службена тајна

СДСМ поднесе кривична против полициски службеници и Манасиевски, соопшти Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ. „Поминаа 9 дена од...

Македонија2 часа

Влен: Артан Груби е „црната кутија“ и од неговото присуство или отсуство зависат многу разврски

Обвнинението за Артан Груби ги зовре страстите во ДУИ. Стравот од неговата меморија си го прави своето. Ахмети најавува повлекување од...

Спорт2 часа

Италијанска пливачка сруши светски рекорд

Италијанската пливачка Сара Куртис го освои златниот медал во дисциплината грбно пливање на 50 метри на Европското првенство, кое се...

Македонија3 часа

Центар ќе биде домаќин на првиот општински полумаратон „CENTAR NIGHT RUN“

Општина Центар, во соработка со „Прв до врв“, на 12 септември го организира „CENTAR NIGHT RUN“ – првиот општински полумаратон...