Контакт

Македонија

Левица: Лицата со попреченост една година чекаат исплата од државата

Објавено пред

Владата на ДПМНЕ повторно остава уште една категорија граѓани на цедило. До Левица стигнуваат дојави од лица со попреченост кои самостојно работат и веќе една година чекаат исплата на средствата што им се должат. Последната исплата била за јули 2025 година, исплатена дури во јануари 2026 година. Оттогаш нема нова исплата, иако луѓето продолжуваат да работат и редовно да ги подмируваат своите обврски. Додека за граѓаните обврските се тековни и не можат да чекаат, за размазената Влада сопствените обврски можат да се одложуваат со месеци, соопштија од Левица.

Од партијата појаснуваат дека станува збор за систем на финансиска поддршка преку кој на лице со попреченост што самостојно врши дејност му се овозможува да ги подмирува придонесите за пензиско и здравствено осигурување, а потоа тие средства да му бидат рефундирани преку Посебниот фонд за вработување на лица со попреченост.

Наместо попреченоста да биде дополнителна пречка за економска самостојност, механизмот треба да овозможи лицето да работи, да создава приход и самостојно да ја обезбедува својата егзистенција. Кога државата ќе престане да ги исплаќа средствата, целиот трошок останува кај лицето кое веќе ги подмирило обврските.

Од Левица велат дека во јули 2026 година, со ребалансот на Буџетот, Владата допрва обезбедила 300 милиони денари за заостанатите обврски од 2025 година.

„Значи, во 2026 година државата сè уште обезбедува средства за да ги покрие обврските од претходната година. А и по усвојувањето на ребалансот, до крајот на август исплата сè уште нема. Наместо навремено да се обезбедат средствата за законските обврски, прво се остава да се создаде долг, па потоа се бара начин тој долг да се покрие. Уште позагрижувачки е што со овие 300 милиони не се решава проблемот. Средствата се однесуваат на заостанатите обврски од 2025 година, додека за тековните обврски во 2026 година повторно се потребни дополнителни средства. Така, во 2026 година Владата прво се занимава со тоа како да го плати долгот од 2025 година, а паралелно создава нови обврски за кои повторно нема доволно средства. Тоа е економската политика на ДПМНЕ: непланско буџетирање, крпење на буџетски дупки и префрлање на проблемите од една во друга година. Трчај-сопни-се политика во која државата постојано го брка долгот што сама го создала, наместо однапред да ги планира средствата за обврските што ги презела“, велат од Левица.

Левица бара итна исплата на заостанатите средства, целосна транспарентност за долгот од 2025 и обврските за 2026 година и стабилно финансирање на програмата.

„Ѓоко Велковски како актуелен министер за социјална политика не може да се крие зад тоа дека долгот е наследен. Наследен или не, денес под негово раководство лицата со попреченост чекаат на своите средства, а и по ребалансот нема исплата. Негова обврска е да обезбеди средствата да стигнат до луѓето, а не повторно да ги остава да ја носат некадарноста и неспособноста на ДПМНЕ на сопствениот грб“,велат од Левица.

Најново

Македонија3 минути

Беким Сали во Вилнус: Проширувањето на ЕУ треба да донесе напредок заснован на заслуги и конкретни придобивки

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, престојуваше во работна посета на Литванија, во пресрет на...

Македонија5 минути

Во Собранието одбележани 35 години од донесувањето на Уставот

Денеска, во Собранието, се одржа настан по повод – „35-годишнина од осамостојувањето и донесувањето на првиот Устав“, во организација на...

Забава21 минута

(Видео) По шпекулациите за естетски зафати, Џенифер Лоренс се појави на црвениот тепих

Холивудската актерка Џенифер Лоренс (36) се појави на њујоршката премиера на филмот „The Hunger Games: Sunrise on the Reaping“ во...

Спорт49 минути

Алонсо повторно ќе вози на Дакар релито

Двократниот шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо, се враќа на еден од најтешките автомобилски предизвици во светот. Искусниот Шпанец потврди...

Регион49 минути

Два брода потонаа за два дена во близина на Бугарија, се истражуваат причините

Танкер за превоз на гас, кој пловел под знамето на Либерија, потона денеска во Црното Море, во бугарската ексклузивна економска...

Македонија54 минути

Зајкова: Ќе објасни ли некој како во случајот со Сара од „тешка телесна повреда“ стигнавме до „телесна повреда“?!

Интегрален текст од објава на Моника Зајкова, претседателка на ЛДП и пратеничка во македонското Собрание „Нема да ви помине и...

Македонија57 минути

Позната динамиката за автопатот Прилеп-Битола – првите 12 километри во функција во 2027 година

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски со претседателот на Советот Бојан Бојкоски денеска имаа средба со надлежните лица од проектот за...

Спорт1 час

(Видео) Хет-трик на Винисиус за 12 минути, Бразил победи со 7:0

Бразилската фудбалска репрезентација го победи Сингапур со 7:0 во вториот пријателски натпревар во оваа земја. Во првиот натпревар, со многу...

Регион1 час

Хашим Тачи осуден на дополнителни 17 месеци затвор поради влијание врз сведоци

Поранешниот претседател на Косово и некогашен командант на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Хашим Тачи, денеска е неправосилно осуден на...