Контакт

Македонија

Левица: На гостиварци им течел отров од чешмите, а институциите спиеле

Објавено пред

Наодите што ги објави Основното јавно обвинителство Гостивар ја соголуваат целата чудовишна димензија на катастрофата. Во системот за вода за пиење со пумпи била внесувана тешко загадена површинска вода од отворен канал, преплавена со фекални бактерии по налог на раководни лица од јавното претпријатие, велат од Левица.

„Имало 48 пати повеќе фекални бактерии од максимум дозволеното. Во примерокот од каптираниот извор, каде што не смеело да има ниту една колиформна бактерија, биле пронајдени 39. Во водата од чешма, пак, била измерена концентрација на резидуален хлор повеќе од двојно над максимално дозволеното. Наместо да ја запрат катастрофата, тие практично извршиле двојно труење на населението, па прво во водоводот внеле вода преплавена со колиформни бактерии, а потоа, откако очигледно сфатиле што направиле, системот го преполниле со хлор во концентрација повеќе од двојно над дозволената. Така, гостиварци биле изложени и на бактериолошка контаминација и на опасна хемиска импровизација – не добиле санација, туку нов слој ризик врз веќе загадената вода. Со други зборови, на гостиварци низ чешмите не им била испорачувана вода, туку отров“, пишува во соопштението на партијата.

Според Левица, уште пострашно е што ова не траело неколку минути. „Налогот за поставување на пумпите бил даден на 25 јуни, а на 16 јули две од нив сè уште ја префрлале загадената каналска вода во затворениот водоснабдителен систем. Речиси три недели еден цел град бил изложен на опасност, додека институционалниот апарат бил во кома“, велат од Левица.

Прашуваат каде биле Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје, Центарот за јавно здравје Тетово, санитарната инспекција, Агенцијата за храна и ветеринарство, Општина Гостивар и сите служби платени да го чуваат здравјето на населението и како е можно загадена вода со пумпи да се внесува во главниот цевковод, а ниту една контролна ламба во системот да не се вклучи?

„Како е можно стотици граѓани да бараат медицинска помош, а државата да се однесува како нем набљудувач на труење што се одвива пред нејзините очи?! Особено алармантно е што на 29 јуни, четири дена по налогот за поставување на пумпите, Центарот за јавно здравје Тетово издал стручно мислење, потпишано од Берун Мустафа, дека испитаниот примерок вода одговара на законските и стручните прописи. Центарот за јавно здравје Тетово не е приватна лабораторија ниту општинска служба, туку дел од централниот здравствен систем, со директор именуван од министерот, под надзор на Министерството и под стручно-методолошко следење на Институтот за јавно здравје“, велат од Левица.

Велат дека апсењето на тројца раководители од ЈП „Комуналец“ Гостивар не смее да стане удобен параван зад кој ќе се сокријат сите други и дека истрагата мора да оди вертикално и хоризонтално кон секој што наредил, извршил, знаел, премолчел, погрешно информирал или по службена должност морал да ја спречи катастрофата.

Најново

Забава9 секунди

Како да се грижите за косата по 50-тата година? Овие трикови ѝ ги враќаат мекоста и сјајот

Косата се менува со возраста, исто како и кожата. Рутината за нега што некогаш била доволна, можеби повеќе нема да...

Македонија10 минути

Министерството за правда за бегството на Ива Михаилова: Националната припадност и државјанството не смеат да бидат основа за привилегиран третман

Министерството за правда изразува загриженост во врска со случајот со Ива Михаилова и нејзиниот прием на високо ниво во Софија,...

Европа12 минути

Лавров: Нема повторно да наседнеме; Зеленски не заслужи оддишка

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски не заслужува прекин на непријателствата и оти...

Спорт14 минути

Осасуна го смени тренерот и веднаш назначи нов

Осасуна во понеделник се раздели од тренерот Луис Мигел Рамис по осум натпревари на клупата и го замени со Јагоб...

Европа16 минути

Зеленски побара 60 дена; Кремљ понуди само еден

Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да нареди прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, изјави денеска...

Свет21 минута

Ако некој е доволно луд да нè нападне, ќе го уништиме, порача Врховниот командант на НАТО во Европа

Врховниот командант на сојузничките сили на НАТО во Европа, американскиот генерал Алексус Гринкевич, на Безбедносниот форум во Варшава предупреди дека...

Спорт22 минути

Барселона нема намера да го продава Олмо

Баерн Минхен е заинтересиран за Дани Олмо, но Барселона нема намера да се откаже од шпанскиот репрезентативец. Според каталонскиот весник...

Забава29 минути

(Фото/Видео) Скарлет Јохансон покажа како се носи црвен фустан

Скарлет Јохансон се појави на црвениот тепих и ги воодушеви сите присутни со својот моден избор. Таа носеше комбинација што...

Спорт30 минути

Германецот ќе биде број 1 на крајот од сезоната

Германскиот тенисер Саша Зверев го обезбеди првото место на крајот од сезоната. По елиминацијата на Карлос Алкараз во раната фаза...