Контакт

Македонија

Левица: Најмалку двапати ја прогласиле загадената вода во Гостивар за безбедна – еден месец подоцна никој не е ни разрешен

Објавено пред

Најмалку двапати ја прогласиле загадената вода во Гостивар за безбедна – еден месец подоцна никој од здравствениот синџир не е ни разрешен, велат од Левица.

„На 29 јуни од Центарот за јавно здравје Тетово, со потпис на потпис на Берун Мустафа, излегува стручно мислење дека водата „одговара на законските и стручните прописи“. Во тој момент, и според подоцнежната обвинителска истрага, спорните пумпи веќе биле поставени и загадена вода веќе влегувала во водоснабдителниот систем. На 13 јули следува уште едно зелено светло дека водата е безбедна. Само еден ден потоа почнува масовниот прилив на луѓе со дијареја, повраќање, температура и истоштеност. До денес никој од здравствениот синџир, што требало да биде последната брана пред катастрофата, не понесе и нема најава дека ќе понесе соодветна одговорност“, велат од паертијата.

Наместо итни разрешувања, суспензии, дисциплински постапки и внатрешна ревизија до последниот лабораториски запис, додаваат од Левица, се молчи.

Од партијата велат дека никој јавно не објасни кој ја зел мострата, од која точка, во кој час, како била транспортирана, кои параметри биле испитани, кој ги верификувал резултатите и како таков печат завршил врз документ што на цел град му создал лажна сигурност.

„Во нормален систем, ваков скандал би предизвикал земјотрес, но кај ДПМНЕ, очигледно, ни два извештаи што ја промашиле реалноста за опасност по јавното здравје не се доволни некој конечно да стане од фотелја. Институтот за јавно здравје не може да се сокрие зад ЦЈЗ Тетово како зад туѓа институција. Законот изречно утврдува дека центрите за јавно здравје ја сочинуваат Мрежата за јавно здравје, а нивната стручна работа ја координира токму ЈЗУ Институт за јавно здравје. Значи, кога од ЦЈЗ Тетово двапати излегуваат извештаи што на гостиварци им даваат уверување дека водата е безбедна, а потоа се открива катастрофална контаминација и масовно заболување, тоа е пробив низ целиот систем на стручна контрола. Марија Андоновска не раководи со институција што стои на страна и постфестум ги брои последиците, туку со националниот центар кој по закон ја координира стручната работа на центрите за јавно здравје“, велат од Левица.

Од партијата прашаа зошто откако испливаа двата скандалозни извештаи од 29 јуни и 13 јули, Клековски не иницирал утврдување одговорност и разрешување на раководството на институцијата што двапати ставила печат дека водата е безбедна?

„Никаде го нема ниту Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Повеќе од три недели подоцна, јавноста сè уште нема одговор што направило Обвинителството со најмалку двата спорни извештаи што ја прогласиле водата за безбедна, со нивните потписници, раководството на установите под чија капа се издадени и со целиот контролен синџир што бил должен да ја препознае и запре опасноста“, велат од Левица.

Левица бара утврдување на лична одговорност на сите што учествувале во изготвувањето на ваквите извештаи, во одобрувањето и надзорот, како и итна постапка за раководните лица во институциите што потфрлиле. Додека тоа не се случи, додаваат од партијата, секое уверување дека системот функционира е неубедливо, затоа што систем што не утврдува одговорност по ваква незамислива катастрофа – само ја подготвува следната.

Најново

Европа3 часа

Латвија планира да воведе царина од 300 проценти на житото од Русија и Белорусија

Владата на Латвија планира да воведе царина од 300 проценти за житото што доаѓа од Русија и Белорусија, изјави премиерот...

Спорт3 часа

Хамилтон го нападна Ферари по дебаклот во Монца: Oвде не владеат никакви правила

Луис Хамилтон не го криеше своето незадоволство по трката за Големата награда на Италија, за време на која имаше инцидент...

Забава4 часа

(Фото) Клуни „ја изгуби главата“ поради долгите нозе: Амал повторно ја демонстрира модната моќ

Амал Клуни моментално е во Венеција, каде што го поддржува својот сопруг, но и воодушевува со своите модни изданија на...

Забава4 часа

Врската со помлад маж ја „препороди“: Интернетот е „воодушевен“ од секси фотографиите на Кејти Холмс

Кејти Холмс и нејзиното ново момче уживаат на езерото Комо, каде објавуваат заеднички фотографии, и едно е јасно – Кејти...

Спорт4 часа

„Не знам сè за фудбалот, но знам повеќе од многу луѓе“

Килијан Ембапе зборуваше на прес-конференција пред првото коло од Лигата на шампионите каде што се среќаваат Реал и Интер. Новинарите...

Забава4 часа

Врската помеѓу овие два хороскопски знака е осудена на пропаст

Тие мора да работат напорно за да успеат во нивната врска, бидејќи разликите меѓу нив се премногу големи. Некои комбинации...

Забава4 часа

Хипнотизираше многумина со една фотографија: Го „запали интернетот“ во гаќички и мокра маица

Бела Хадид деновиве ужива на краток одмор со своите пријатели, а нејзината објава на Инстаграм предизвика доста возбуда. По раскинувањето,...

Македонија4 часа

(Фото) 8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци

По повод 8 Септември, Денот на независноста и одбележувањето на 35-годишнината од неа, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на...

Забава4 часа

(Фото/Видео) По овие акробации, дури и најубавите жени на светот ќе и оддадат признание

Никол Шерцингер ја покажа својата неверојатна флексибилност кога изведуваше шпага и други предизвикувачки движења на лет со приватен авион, а...