Македонија
Левица: Нашите војници да не бидат топовско место во туѓи војни
Левица поднесе Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за одбрана, кој утре е на дневен ред на собраниска седница, информираат од оваа партија.
Со предложените измени, појаснуваат, се воведува јасна рамка за учеството на Армијата надвор од територијата на државата да биде дозволено исклучиво во мисии одобрени од Советот за безбедност на Обединетите нации.
„Со ова се елиминира можноста македонскиот војник да биде испраќан во геополитички лавиринти без јасен меѓународно-правен легитимитет, како монета за поткусурување во туѓи пресметки.
Утре ќе се одлучува дали Македонија ќе има свој глас или ќе биде ехо на туѓи команди. Македонија не смее да биде логистичка база, ниту извор на човечки ресурси за војни што не се нејзини. Не смее да се прифати наративот дека ʼсојузништвотоʼ значи безусловна послушност, а ʼбезбедностаʼ учество во туѓи агресии.
Во време кога Блискиот Исток врие од тензии и брутални воени интервенции, ова е линија на разграничување меѓу суверена држава и држава-придружна сенка на туѓи интереси. Со ова порачуваме дека Македонија не смее да биде топовско месо во туѓи војни, ниту да дозволи нејзините граѓани да плаќаат со сопствени животи за одлуки донесени далеку од нив“.
Особено загрижува, додаваат од Левица, што Владата на ДПМНЕ и Министерството за надворешни работи, предводено од Тимчо Муцунски, се движат без компас.
Како што истакнуваат, наместо надворешна политика заснована на интересите на државата и граѓаните, гледаме сервилност и политика што уште повеќе ја турка државата во вазалство, подготвени да кимаме со глава и кога се кршат основните принципи на меѓународното право.
„Отворената поддршка на власта на Мицкоски за воената агресија врз Иран – кога голем дел европски држави ја осудија – со што власта влијаеше врз создавањето на економската криза.
Со предложените измени, Собранието ја враќа контролата таму каде што ѝ припаѓа – во институцијата што го носи суверенитетот. Се поставува правна бариера против авантуризмот на извршната власт и се утврдува принцип животите на нашите војници да не се средство за дипломатско додворување. Ова е закон што штити територија, живот, достоинство и право сами да одлучуваме каде стоиме.
Мораме да разграничиме дали ќе бидеме држава со достоинство или држава што се продава за аплауз од туѓи центри на моќ. Војникот не смее да биде бројка во туѓа статистика, ниту фигура на геополитичка шаховска табла што се жртвува за туѓи апетити. Ова е одлука дали Македонија ќе биде субјект или објект, дали ќе има глас или ќе биде ехо“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од корисниците од село Кучково денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од село Кучково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-80мм на улицата Ѓорѓи Абаџиев 17, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 16, а максималната ќе достигне од 12 до 23 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 22 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно и релативно топло време со сончеви периоди во текот на денот. Денеска наместа ќе има слаб дожд, а во четврток ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и појава на ретки грмежи. До петок ќе дува југоисточен ветер кој денес долж Повардарието ќе достигнува брзина над 60 km/h. За време на викендот ветерот ќе го смени правецот во северен со умерен интензитет.
