Контакт

Македонија

Левица ја напушти работната група за менување на имињата на улиците во Тетово

Објавено пред

Локалниот огранок на Левица – Тетово донесе ја напушти работната група за преименување и именување на улици во Општина Тетово. Претставникот на Левица, Никола Тодороски се повлече од ова тело.

„Од длабоки патриотски причини, од почит кон предците кои ги дадоа своите животи за слободно и македонско Тетово, Левица одбива да даде легитимитет на ова историско предавство. Не сакаме да учествуваме во бруталното урнисување и бришење на антифашистичката историја на нашиот град. Одбиваме да бидеме декор на коалициската злосторничка дружина ДПМНЕ – ВРЕДИ, која бескрајно и бескрупулозно, заради пусти фотелји и ситни лични интереси, тргува и ги менува историските факти на Македонците во Тетово“, велат од Левица.

Иако како партија поднесовме официјално барање и остар приговор против срамната предлог-листа, додаваат од партијата, јасно е дека криминалниот задкулисен пазар е веќе склучен на штета на македонскиот народ.

„Левица постави цврсти црвени линии и побара итно повлекување на следниве скандалозни предлози: Фадил Сулејмани – лице на кое му се припишуваат јавни изјави дека Македонците се Бугари, а Македонија е вештачка држава! Бараме Работната група под итно да ги истражи изворите на овие шовинистички изјави пред неговото име воопшто да се разгледува. Џафер Сулејман – човек со сериозни приговори за неговата улога за време на фашистичката окупација во Тетово и поврзаност со балистичките структури. Бараме целосна биографија со проверени историски извори за овој црн период. Шериф Кавази – лик за кој постојат наводи дека бил министер во квислиншката албанска власт за време на фашистичката окупација. Бараме итно повлекување додека историските документи целосно не го потврдат овој срам“, соопштија од Левица.

Од партијата бараат преиспитување на сите предложени имиња и велат дека без официјална биографија и јасен општествен придонес за градот, нема место на уличните табли.

Најново

Македонија22 минути

Филков: ЕК го потврди сработеното, за две години поставивме темели за реформа на правосудството

Извештајот на Европската комисија за 2026 година е јасна потврда дека политиките што ЗНАМ ги спроведуваше во Министерството за правда...

Македонија29 минути

(Видео) Мостот што граѓаните го нарекуваа „мост за ловење риба“, конечно ќе ја добие својата вистинска намена, објави Ѓорѓиевски

Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во функција – зборот е збор, објави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. „Ветив дека...

Спорт29 минути

Официјално: Олимпија од Милано има нов тренер

Една победа во десет кола и девет порази по ред беа премногу, па Армани (Олимпија) о го отпушти Пепе Поета...

Свет33 минути

(Видео) Русија ги засилува нападите, 250.000 Украинци останаа без струја

Новите руски напади врз енергетската инфраструктура во Украина, извршени синоќа, оставија стотици илјади потрошувачи без електрична енергија во регионите Днепропетровск...

Спорт40 минути

Мурињо урна рекорд во Ла Лига

Реал Мадрид синоќа убедливо ја победи Валенсија со 3:0 на „Местаља“ во 12-то коло од Ла Лига. Со оваа победа,...

Спорт47 минути

Меси влезе во историјата на МЛС

Лионел Меси стана првиот играч кој ја освои Златната копачка во МЛС две сезони по ред. Меси постигна 26 гола...

Македонија1 час

За еден ден приведени 17 возачи, МВР со апел да се почитуваат правилата

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, полициските службеници констатирале 19 кривични дела „безобѕирно управување со моторно...

Македонија1 час

(Видео) Димитријевиќ: Вистината за Алта банка е на виделина, на потег е јавното обвинителство

Вистината за Алта банка е на виделина, на потег е јавното обвинителство, вели Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар на...

Македонија1 час

(Видео) Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се слеваа 110 милиони евра во Еуростандард, обвини Бране Петрушевски,...