Контакт

Македонија

Левица: Ново скандалозно назначување во РКЕ

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) е целосно узурпирана од партиски кадри на власта. Мицкоски планира како член на регулаторното тело да ја постави Ана Виткова која моментално е советник во неговиот кабинет, велат од Левица. Очигледно, додаваат од партијата, Мицкоски е цврсто решен да завладее целосно со енергетскиот бизнис во Македонија.

„Во две години владеење Мицкоски целосно завладеа со РКЕ преку поставување на партиски кадри на ДПМНЕ во (по правило) независното енергетско тело. Во септември 2024 година парламентарното мнозинство за член на РКЕ ја избра претседателката на Комисијата за енергетика при ДПМНЕ – Елена Маркова Велинова, која ги смени своите ставови за цената на електричната енергија веднаш по седнување на регулаторното столче.
Мицкоски си го назначи за претседател на РКЕ Ацо Ристов – поранешен градоначалник на Радовиш од редовите на ДПМНЕ, кој е и дирекно инволвиран во енергетскиот бизнис. Целосната вмровска окупација на РКЕ ќе заврши со изборот на Ана Виткова која моментално работи како советник во кабинетот на премиерот. Ана Виткова досега работела во комисии во кои се доделувале концесии за користење на водениот потенцијал за изградба на мали хидроцентрали“, велат од Левица.

Оттука, додаваат од партијата, може да се заклучи дека РКЕ повеќе апсолутно не преставува независно енергетско тело, туку е целосно зависно тело – окупирано од ДПМНЕ и бизнис интересите на Мицкоски.

„Потсетуваме дека Левица, со цел рационализација на теошоците и ефикасност, претходно иницираше укинување на РКЕ и предложи Комисијата да биде одделение во рамките на Министерството за енергетика, но ваквиот предлог беше одбиен од страна на власта. Предупредуваме дека Левица будно ги следи, ќе ги следи и анализира од кривичен апсект одлуките кои РКЕ ќе ги носи на штета на народот во време на окупација на Комисијата од Мицкоски и ДПМНЕ“, се наведува во соопштението,

Најново

Спорт43 минути

(Видео) Ливерпул демонстрираше сила кај ЛАСК, Феенорд го победи Комо

Феенорд и Ливерпул со победи го отворија вториот ден од второто коло во Лигата на шампионите. Феенорд на домашен терен...

Свет46 минути

Си-ен-ен: Новата портпаролка на Трамп лажно се претставува како адвокат, тоа е казниво

Работата на портпаролот е да ги обликува вестите, а не да стане вест. Новата портпаролка на Белата куќа, Кејти Закарија,...

Македонија54 минути

Митева: Во Клиничката болница Штип е воспоставен мултидисциплинарен кабинет за дојка

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, по повод Розовиот октомври – месец посветен на подигнување на свеста за борбата против ракот...

Спорт55 минути

Винисиус ќе го пропушти Ел Класико

Винисиус Жуниор нема да игра во Ел Класико против Барселона. Дисциплинската комисија на Шпанската фудбалска федерација (RFEF) го казни со...

Македонија58 минути

Апасиев се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

Претседателот на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, пратеникот Димитар Апасиев, денеска во својот кабинет...

Свет2 часа

Зеленски за САД: Губиме силен партнер, но не по наша вина

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека се чувствува предаден од потезите на американскиот претседател Доналд Трамп во однос на Русија....

Свет2 часа

Мерц: Ниту едно евро за помошта за Украина не се зема од нашите граѓани

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска во Бундестагот изјави дека помошта за Украина не оди на сметка на германските граѓани и...

Свет3 часа

Ватикан објави информации за здравствената состојба на Папата

Папата Лав XIV закрепнува според очекувањата по операцијата, тој веќе почна да се движи низ болничката соба и да се...

Култура3 часа

Киро Донев номиниран за најголемата книжевна награда во светот за литература за деца „Астрид Линдгрен“

Киро Донев е првиот македонски писател номиниран за некоја од двете најголеми книжевни награди во светот за литература за деца...