Контакт

Македонија

Левица: Полицајците оставени без здравствено осигурување – ги чекаат МВР и ФЗОМ да се договорат кој е виновен

Објавено пред

Вработените во МВР повторно остануваат без здравствено осигурување, па полициски службеници се враќаат од лекарски прегледи, дијагностички процедури, хемотерапија, па дури и операции. Додека власта се расфрла со милиони за „безбедноста“, набавки, опрема и НАТО-стандарди, повторно заборава на најважниот дел од безбедносниот систем – луѓето кои треба да ја обезбедуваат таа безбедност, велат од Левица.

Според партијата, уште поскандалозно е што истиот проблем се случил и во јуни годинава.

„Тогаш, поради проблем со матичниот број на еден полициски службеник, било блокирано здравственото осигурување на сите вработени во МВР. Само два месеци подоцна, истата грешка повторно се случува. Очигледно, никој во МВР не се потрудил да извлече поука од претходниот случај и да спречи повторно да биде загрозено едно од основните права на вработените“, велат од Левица.

Од партијата велат дека најсрамно од сè е институционалното префрлање на топката меѓу МВР и ФЗОМ.

„Откако МВР порача дека проблемот не бил предизвикан од нив и ги упати вработените кон Фондот, ФЗОМ излезе со спротивно тврдење – дека здравственото осигурување не е прекинато поради проблем во Фондот, туку затоа што МВР нема платено придонеси за дел од вработените кои биле вратени на работа со судски одлуки. Ако МВР и ФЗОМ се под иста власт, зошто се однесуваат како да се две спротивставени влади кои првпат се среќаваат? Нека седнат, нека си ги усогласат податоците, нека ги платат придонесите и нека го решат проблемот. На чело на Фондот е Перински, поставен од ДПМНЕ, исто како што Тошковски е поставен на чело на МВР, па наместо да сведочиме внатрепартиски каги и префрлања на одговорност, нека си ја завршат работата. Вработените во МВР не ги интересира кој каде згрешил и која институција ќе излезе како победник. Ги интересира да не бидат враќани од болница и да можат да го користат здравственото осигурување кое државата е должна да им го обезбеди“, велат од Левица.

Тие го повикаа министерот Панче Тошковски, наместо постојано да се фали со наводните „историски најдобри резултати“ во безбедноста, прво да се погрижи неговото министерство да си ги извршува основните обврски кон луѓето кои ја обезбедуваат таа безбедност.

„Не може да бараме од полицаецот да биде максимално професионален, одговорен и достапен кога државата има потреба од него, а потоа истиот тој полицаец да го оставаме без здравствено осигурување и да му објаснуваме дека МВР и ФЗОМ треба меѓусебно да си се договорат“, велат од Левица.

Најново

Македонија3 минути

ЛДП: За владините функции има пари, а за судии и обвинители нема

Правосудниот систем во Македонија се соочува со сериозни проблеми поради недоволното финансирање, недостигот од кадар и политичките влијанија, реагираат од...

Македонија1 час

Попова Шапка и Берово со најниска утринска температура од 8 степени

Попова Шапка и Берово утрово беа најстудените места во земјава, со измерени минимални температури од 8 степени Целзиусови. Температура од...

Свет1 час

По 50 години прв случај на беснило кај ракун во Лос Анџелес

Здравствените власти на округот Лос Анџелес денеска ги предупредија жителите да избегнуваат контакт со диви животни, откако во Вестлејк Вилиџ...

Македонија2 часа

Македонија го чествува 11 Октомври – Денот на народното востание

Денеска е 11 Октомври, 85 години од Народното востание на македонскиот народ. Во 1941 година се случува неповторлив и клучен...

Македонија2 часа

Сметот од Куманово ќе се носи во Дрисла, Димитриевски им се извини на сограѓаните

Сметот од Куманово од вечерва привремено ќе се транспортира и депонира на депонијата Дрисла во Скопје, откако се појави проблем...

Македонија2 часа

Кардиолог открива како неправилното чување го уништува „течното злато“

Маслиновото масло е познато по своите корисни својства и поволното влијание врз здравјето на срцето, но начинот на кој се...

Македонија2 часа

Утрово затворена лева лентата на мостот „Близнак“ поради санација на оградата

Дел од булеварот „Киро Глигоров“, на мостот „Близнак“ во правец кон населбата Аеродром, утрово од 6 до 8 часот ќе...

Македонија2 часа

Променливо облачно време со дожд, грмежи и засилен ветер

Во Македонија денеска ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. На некои места врнежите ќе бидат...

Свет11 часа

Масакр во Пенсилванија – девет мртви, меѓу нив две деца и бремена жена

Девет лица, меѓу кои две деца, бремена жена и осомничениот напаѓач, се пронајдени мртви по масовно пукање во градот Ири,...