Контакт

Македонија

Левица предлага закон за отпис на 20% од станбениот кредит по новороденче

Објавено пред

Левица предлага државата да презема 20 отсто од преостанатиот станбен кредит на едно семејство за секое новородено или посвоено дете, со што станбената политика директно би се поврзала со справувањето со демографската криза. Предлогот денеска на прес-конференција го презентираше пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ.

Според предложениот модел, за секое новородено или посвоено дете државата би преземала по 20% од преостанатиот долг за единствениот дом на семејството. Мециновиќ го спротивстави ваквиот пристап на пораките од министерката за образование Весна Јаневска, нагласувајќи дека наместо апели до децата да бараат братче или сестриче, потребни се политики со конкретна материјална вредност.

„За разлика од министерката Весна Јаневска, ние предлагаме 20% за братче, 20% за сестриче“, порача Мециновиќ, оценувајќи дека Владата не го препознава демографското прашање како стратешки интерес кој мора да се решава долгорочно.

Како аргумент за предлогот, тој посочи дека македонските домаќинства должат речиси две милијарди евра по основ на станбени кредити, што, според изнесените податоци, претставува речиси 40% од вкупните задолжувања на домаќинствата. Во една година станбениот долг пораснал за 273 милиони евра, а растот на станбеното кредитирање изнесува 16,6 проценти.

Мециновиќ посочи и на состојбите во образованието како показател за размерите на демографската криза. За една година има 433 паралелки и околу 3.000 првачиња помалку, 26 дополнително затворени училишта и вкупно 148 празни училишта.

Од Левица сметаат дека демографската политика не може да се сведе на повици кон младите да формираат поголеми семејства, ниту на идеи како даночење на ергени, туку мора да биде проследена со создавање материјални услови за живот. Според Мециновиќ, основањето семејство не смее да значи ризик од сиромаштија и доживотна несигурност поради кредитни задолжувања.

„Демографската криза не се решава со апели, туку со создавање материјални услови преку долготрајни политики и силни инвестиции од државата“, истакна тој.

Мециновиќ на крајот оцени дека одговорноста за условите во кои младите живеат и формираат семејства мора конечно да ја преземе државата.

Најново

Спорт7 минути

„Револуција“ на Анчелоти во Бразил, избриша 16 играчи од Светското првенство

Карло Анчелоти започна нова ера на клупата на бразилската фудбалска репрезентација. Италијанскиот тренер го објави списокот од 26 играчи за...

Македонија16 минути

ДУИ: Касами го заборава албанското знаме, наместо него, во центарот на Тетово знамето на Вергина

Демократската унија за интеграција бара институционална одговорност за Биљал Касами, кој, како што велат од оваа партија, при одбележувањето на...

Свет29 минути

Ескалацијата меѓу САД и Иран ги зголеми цените на нафтата

Цената на суровата нафта „Брент“ се искачи над 101 долар за барел во средата навечер за прв пат од мај,...

Македонија36 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Економијата забрзува со раст од 4,З проценти а СДС очајува, талогот ликува на неуспех

Додека СДС очајува и ликува на неуспех, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со инвестиции, отворање на нови работни места и...

Македонија47 минути

„Нула денари“ е најскапата лага, ова е класичен рекет, систем каде што приватни моќници го купуваат мирот и наклонетоста на Владата, велат од ЛДП за манифестациите

Изјавата на премиерот дека прославите и скапите концерти низ државата ја чинеле власта „нула денари“ бидејќи биле платени од „општествено...

Култура1 час

Белград во знакот на македонската ликовна уметност

Две изложби поддржани од Министерството за култура и туризам, го обележаа почетокот на новата културна сезона во Белград. Најпрво, со...

Свет1 час

(Видео) Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе исплати „дивиденда“ од 5.000 долари на секој возрасен граѓанин на Соединетите Американски Држави,...

Македонија1 час

Мицкоски се смета за елита затоа што има часовници од 60.000 евра и скапи одела, останатите ги смета за „талог“, велат од СДСМ

Сите коишто се противат на криминалната власт се „талог“. Секој што е за Европа, демократија, слобода на говор и подобар...

Свет2 часа

Руски научници развија материјал што го уништува вирусот ХИВ

Руските научници користеа соединенија со катјони на ретки земји како основа за лек ефикасен против ХИВ, како и соединенија за...