Контакт

Македонија

Левица: РКЕ крои тарифи со компаниите, а народот ќе биде известен кога ќе му пристигне сметка за струја

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика под раководство на Ацо Ристов почна медиумска кампања за наводно проширување на евтината тарифа, додека зад рекламата за “четири евтини часа“ се подготвува целосно прекројување на тарифниот систем, велат од партијата Левица преку соопштение.

„На маса се ревизија на блоковите, различни летни и зимски правила, евтина струја во сабота и префрлање на потрошувачката во периодот од 11 до 15 часот, кога фотоволтаиците создаваат вишоци. Ристов истовремено признава дека вечерната електрична енергија станала поскапа и дека сегашната ‘филозофија на трошење’ ќе се менува. Тоа директно ја отвора опасноста дневната поволност да се плати со скратување на ноќните евтини часови, поместување на границите на блоковите или повисока цена токму во периодот кога семејствата реално трошат најмногу.

Владејачкото мнозинство на ДПМНЕ, во регулаторната фотелја постави поранешен градоначалник од нивните редови и бизнис-партнер на Мицкоски во енергетскиот сектор, а сега од јавноста бара слепо да верува во неговите затворени пресметки. Независност не се докажува со изјава по именувањето. Таа се докажува преку целосно отворени податоци, јавни контакти, пријавени интереси и одлуки што секој граѓанин може да ги провери. Кај Ристов засега гледаме спротивна слика – партиската биографија е позната, деловното минато му е познато, компаниите се вклучуваат во подготовката на моделот, а математиката што ќе ја одреди сметката на народот останува скриена.

Ристов веќе најави дека во процесот ќе бидат вклучени производителите, операторите, институциите и другите учесници на енергетскиот пазар. Компаниите ќе добијат и период за техничко приспособување на системите, додека граѓаните засега добиваат уверување дека наводно навреме ќе бидат информирани. Енергетските друштва разговараат за сопствените трошоци, вишоци и деловни проблеми уште во фазата на подготовка, а оние што ќе ја плаќаат сметката треба да го чекаат готовиот модел. Таквиот процес ја претвора РКЕ од заштитник на потрошувачите во затворена преговарачка маса меѓу регулаторот и субјектите чии приходи истиот регулатор ги одобрува.

Левица бара РКЕ веднаш да ја отвори целата тарифна математика. Јавноста мора да го добие комплетниот модел во обработлив формат, со формулите, влезните податоци, берзанските проекции, проценетото домашно производство, очекуваната потрошувачка и сите сценарија што се разгледуваат. За секое енергетско друштво мора да биде објавено колкави трошоци побарало, кои ставки РКЕ ги признала, кои ги одбила и врз каква методологија е донесена одлуката.
РКЕ мора да изработи и јавно да прикаже споредбени сметки за секоја варијанта што ја разгледува. Граѓаните треба да видат колку ќе плаќа едночлено пензионерско домаќинство, четиричлено семејство, семејство што се грее на електрична енергија, работници кои се отсутни преку ден, социјално ранливи категории и мали бизниси. За секоја група мора да биде наведена разликата во денари меѓу сегашниот и предложениот систем. Само така ќе се открие дали „повеќето евтини часови“ навистина ја намалуваат сметката или само ја преместуваат скапата потрошувачка во друг дел од денот.

Левица бара и јавен регистар на сите средби на претседателот и членовите на РКЕ со ЕСМ, ЕВН, МЕПСО, МЕМО, трговците, производителите и нивните здруженија. Во регистарот треба да стојат датумот, учесниците, темата, доставените барања и документите што биле разгледувани. Ристов и останатите членови мора да ги објават своите сегашни и претходни деловни интереси, сопственички врски и потенцијални судири на интереси. Секој глас за новата тарифа треба да биде поединечно запишан и образложен, со име и презиме.

Го повикуваме Ристов да ги објави авторите, формулите, податоците, состаноците пред да го допре тарифниот систем. Сè додека народот не види кој добива, кој губи и колку ќе плати, ‘анализите’ на РКЕ остануваат параван за поскапување подготвено од партиски кадар на Мицкоски и напишано по мерка на енергетскиот бизнис“, се вели во партиското соопштение.

Најново

Регион1 час

(Видео) Загинаа двајцата пилоти по падот на борбениот авион во Грција

Загинаа двајца пилоти од авионот „Phantom“ што се урна во Танагра. Пилотите припаѓаа на 117-то борбено крило со седиште во...

Забава1 час

Една одлука ќе промени сè: Есента ќе биде во корист само на еден хороскопски знак

Есента доаѓа, а со неа и бројни превирања кои особено ќе „погодат“ еден хороскопски знак. Можеби сте на таа листа…...

Свет2 часа

Бројот на жртви се зголемува од час во час: 1.344 луѓе загинаа во поплавите во Непал, речиси 5.000 се водат како исчезнати

Бројот на жртви од катастрофалните поплави на границата меѓу Непал и Тибет се искачи на 1.344, а 4.996 лица се...

Забава2 часа

(Фото/Видео) Изданијата на Сидни Свини „ја запалија Венеција“: едно нешто особено ќе им се допадне на мажите

Венецискиот филмски фестивал повторно ги собира бројните ѕвезди, а актерката Сидни Свини не ја пропушти можноста да блесне на црвениот...

Забава2 часа

Познатата актерка откри како ослабела повеќе од 36 килограми и драстично го промени својот изглед

Ребел Вилсон конечно ја откри тајната на својата драстична трансформација. Таа ослабе повеќе од 36 килограми, а начинот на кој...

Забава2 часа

(Фото/Видео) На работ на вулгарност: Сакаше да биде елегантна, но залудно

Георгина Родригез повторно успеа да го привлече вниманието на светот. Таа носеше креација која брзо стана главна тема на социјалните...

Свет2 часа

(Видео) Путин до американските пратеници: Пред да започнеме, пренесете ги моите најдобри желби до Трамп

Рускиот претседател Владимир Путин нареди тридневен прекин на огнот во Киев, почнувајќи од полноќ, додека американската делегација е во Москва...

Спорт2 часа

(Видео) Лудо дерби на „Меаца“, Интер од 0:2 до 3:2 против Наполи

Фудбалерите на Интер направија голем пресврт и го победија Наполи со 3:2, во рамките на 3. коло од Серија А....

Регион3 часа

(Видео) Шест куќи изгореа преку ноќ во голем пожар во Албанија, пожарникарите сè уште дежураат поради ризик

Пожарот во којшто изгореа шест куќи и викендички преку ноќ, во крајбрежната општина Химаре во јужна Албанија беше ставен под...