Контакт

Македонија

Левица: СДСМ ќе останат запаметени дека поради таен договор со Мицкоски – не дозволија опозициско обединување за една изборна единица

Објавено пред

„Постојат политички чинови што се мерат во дневни поени, и постојат чинови што се мерат во историски пресуди. Одбивањето на СДСМ да се вклучи во опозициско обединување околу една изборна единица припаѓа на вториот вид и претставува свесна саботажа!“, велат од Левица.

„СДСМ останаа цврсто на тајниот договор со ДПМНЕ за Изборниот законик да остане недопрен – како оперативна спогодба меѓу актерите на стариот поредок со цел овој модел да преживее бидејќи токму тој модел ги храни нив и оди на штета на Левица. Секој од нив, преку многумандатни изборни единици нацртани со хируршка прецизност тежнеат да ја заштитат сопствената положба и обезбедуваат пратенички места несразмерни со реалната тежина што ја имаат кај граѓаните.

Секој обид Изборниот законик реално да се допре во суштината, наидува на идентична одбрана – различна по реторика, идентична по исход. ДПМНЕ игра една улога, СДСМ друга, но резултатот е секогаш ист. Опозициско обединување за една изборна единица би можело конечно да го скрши тој циклус, да наметне заедничка сила пред авторитарната власт на ДПМНЕ. Но, СДСМ гледајќи поголем ризик во непочитувањето на договорот со Мицкоски, отколку во непочитувањето на ставот на нивното членство и нивните принципи – одлучи идејата да згасне уште во зародиш.

Ако некому му треба доказ дека овие раководства на партиите не се непријатели, туку партнери во распределбата на моќ, доволно е да се осврнеме на вчерашната ослободителна пресуда за Груевски во предметот „Талир 2“ и одбивањето за конфискација на Белата палата. Правната подлога за таа пресуда и уште многу други застарени предмети за функционери од ДПМНЕ – директно произлезе од скандалозните измени на Кривичниот законик од 2023 година кои СДСМ и ДПМНЕ заедно ги донесоа. Истите раководства кои јавно глумат непомирлив судир, во пракса, кога станува збор за заштита на функционери, амнестии или за заштита на изборен систем што им оди во прилог, наеднаш пронаоѓаат заеднички јазик, тактика и кворум.

Овие две партии веруваат дека со тоа истовремено ѝ штетат на Левица и си обезбедуваат сопствен опстанок – преку изборниот модел и повторната не можност за политичко рекламирање на Левица (како единствена партија на која тоа право и е ускратено). Меѓутоа, се лажат.
Договорите зад затворени врати можат да го отежнат патот, но не можат да ја избришат сѐ поголемата поддршка од народот. Скопје веќе покажа дека таа поддршка не чека дозвола од Собранието за да се манифестира.

Секој нов договор помеѓу СДСМ и ДПМНЕ само го продлабочува јазот за тоа што овие партии сè уште мислат дека контролираат и тоа што реално веќе им се лизга од раце“, се наведува во соопштението на Левица.

Најново

Спорт8 минути

(Видео) Реал испишти 0:2 во Елче, па победи во 92-та минута

Реал Мадрид успеа да извлече победа во шестото коло од Ла Лига. Тимот на Жозе Мурињо го победи Елче со...

Спорт35 минути

(Видео) Лига куп: Рутински победи на Ливерпул и Арсенал

Ливерпул и Арсенал изборија пласман во осминафинбалето, во Лига купот на Англија. Ливерпул го победи Тотенхем со 3:1, додека Арсенал...

Свет1 час

Ник Рајнер е обвинет за убиство на своите родители: нема да се соочи со смртна казна

Канцеларијата на окружниот обвинител на Лос Анџелес во вторникот објави дека нема да бара смртна казна за Ник Рајнер, синот...

Забава1 час

(Фото/Видео) Овојпат без сопругот: повторно привлече внимание со длабокото деколте

Пенелопе Круз е вистинска инспирација кога станува збор за елегантна мода, а нејзиното најново појавување ги освои дури и најстрогите...

Европа1 час

Русија сака да ги обнови преговорите со Украина; Лавров: Имаме што да кажеме

Русија е подготвена да ги продолжи преговорите за војната во Украина, изјави во вторникот рускиот министер за надворешни работи Сергеј...

Спорт2 часа

(Видео) Димитриевски одличен, Валенсија прв пат победи во новата сезона

Фудбалерите на Валенсија победија како гости кај Алавес со 1:0 во натпреварот од шестото коло на Шпанското првенство. За тимот...

Спорт2 часа

Хамес Родригез се повлече од националниот тим

Хамес Родригез одлучи да ја заврши својата репрезентативна кариера на 35-годишна возраст. Долгогодишниот капитен на Колумбија ја објави одлуката во...

Европа2 часа

Лукашенко сака да си ги врати парите: за возврат, САД бараат ослободување на затворениците

Белорускиот претседател Александар Лукашенко доби ветување од САД дека Вашингтон ќе побара од американските банки да одмрзнат десетици милиони евра...

Македонија2 часа

Апасиев ја објави отфрлената пријава за закана: „Да собираме пари за погреб на Апасиев“, „смрт“, „бензин и кибрит“ за Обвинителството биле политички говор

Претседателот на Левица и пратеник Димитар Апасиев објави дел од списите од предмет во кој, како што наведува, пријавил повеќе...