Контакт

Македонија

Левица со предлог: Професионалните војници над 45 години да продолжат со работа во нова државна служба

Објавено пред

Левица предлага формирање посебна државна служба во рамките на Министерството за одбрана која би била задолжена за физичко обезбедување на критичната цивилна инфраструктура, а во неа би можеле да бидат ангажирани и професионалните војници кои по навршувањето 45 години не можат да продолжат како професионални војници во Армијата.

Предлог-законот за критична инфраструктура на седница на Законодавно-правната комисија го образложи пратеникот и потпретседател на Левица, Реџеп Исмаил. Според него, со предложеното решение би се решавале два проблема – обезбедувањето на критичните објекти и продолжувањето на ангажманот на обучениот кадар од Армијата.

„Имаме недоволно физичко обезбедување на критичната цивилна инфраструктура или таа е доверена на приватно обезбедување. Лично, како предлагач, сметам дека тоа не е добро, затоа што одговорноста за вакви критични објекти треба да биде јавна, односно на државните органи“, рече Исмаил.

Според предлогот, службата би функционирала во рамките на Министерството за одбрана, но не би била дел од Армијата. Нејзина задача би била физичката заштита на критичната цивилна инфраструктура, согласно однапред утврдени приоритети, планови и расположлив кадар.

Како примери за инфраструктура од непосредно значење за секојдневното функционирање на граѓаните се посочуваат водоводните и комуникациските системи, како и други објекти од критично значење.

Исмаил посочи дека вториот проблем што Левица сака да го реши е статусот на професионалните војници по навршувањето 45 години.

„Другиот проблем е нерешениот статус на војниците кои по навршување 45 години немаат право повеќе да бидат дел од Армијата како професионални војници. Практично, решението кое го нудиме е поврзување на двата проблема преку една служба во рамките на Министерството за одбрана, но не како дел од Армијата“, рече Исмаил.

Идејата, како што објасни, е нивното воено искуство, обука и знаење да продолжат да се користат преку ангажман во новата служба, наместо обезбедувањето на дел од критичните објекти да биде доверено на приватни компании.

Според Исмаил, предлогот во почетната фаза би барал дополнителни средства од државниот буџет, но на подолг рок предлагачите очекуваат државата да оствари заштеди.

„На краток рок ќе предизвика одредени поголеми финансиски одливи од буџетот, но на долг рок се очекува тоа да заштеди финансиски одливи, затоа што ќе преземе генерално дел од пазарот каде што приватното обезбедување моментално оперира“, рече тој.

Со предложеното решение е предвидена координација меѓу Министерството за одбрана, Владата и Центарот за управување со кризи. Министерството за одбрана би било задолжено за обезбедување и планирање на кадарот, додека објектите што би ги обезбедувала службата би се определувале според утврдените приоритети и расположливите капацитети.

„Ова законско решение поставува еден темел врз кој што треба да се гради еден ваков систем“, рече Исмаил.

Тој посочи дека во иднина надлежностите на ваквата јавна служба би можеле да бидат проширени и на обезбедување други јавни објекти, меѓу кои и училиштата, иако тие не спаѓаат во категоријата критична инфраструктура.

Предлог-законот не доби поддршка од Законодавно-правната комисија, а за неговото понатамошно процесирање треба да се изјасни Собранието на пленарна седница.

Најново

Култура2 минути

Младите ја преземаат режисерската палка: Филмски крик против булингот со Марија Џиџева

Во организација на МФФ Киненова и Општина Кисела Вода, во Домот на културата „Билјана Беличанец“ успешно се реализира тридневната филмска...

Македонија5 минути

ЕУ воведува построги правила за враќање на мигрантите

Министрите за внатрешни работи на Европската унија постигнаа договор за построги правила за враќање на мигрантите. Целта на новите мерки...

Забава7 минути

(Фото) Најновата трендовска фризура за есента: одговара на секој облик на лице и е едноставно совршена

Со два милиони пребарувања за #pumpkinspicehair на TikTok, оваа прекрасно топла и пријатна нијанса ги спојува најдобрите бои на есента....

Свет13 минути

(Видео) Кај американски шпион пронајдени 298 златни прачки; призна измама тешка 200 милиони долари

Поранешниот службеник на ЦИА, уапсен откако властите пронашле стотици златни прачки во неговиот дом, призна дека извршил измама тешка 200...

Спорт15 минути

Великани се збогуваа со Меси – силни зборови од Роналдињо, Нејмар, Ди Марија, Модриќ…

Лионел Меси го одигра последниот натпревар за аргентинската репрезентација, а денот на неговото збогување беше обележан со емотивни сцени низ...

Економија15 минути

Една година во СЕПА: над 5 милиони евра заштеди за граѓаните и компаниите

Народната банка, денес, 7 октомври, одбележува една година од оперативното приклучување на нашата земја кон Единствената област за плаќање во...

Свет19 минути

Венс: Разговараме со иранските лидери, но не знаеме колкава вистинска моќ имаат

Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс во ексклузивно интервју за „Ројтерс“ изјави дека Иран мора значително да ги намали своите капацитети за...

Забава27 минути

(Фото/Видео) Сите зборуваат за нејзините ќерки, а таа се појави во најкраткиот фустан

Ќерките на Никол Кидман се појавија на Модната недела во Париз, привлекувајќи го вниманието покрај нивната славна мајка за време...

Европа45 минути

(Видео) Шпанската влада одобри пакет мерки за домување; Санчез ги претстави

Иселувањето на 87-годишна жена од нејзиниот стан во Мадрид предизвика протести низ Шпанија и го зголеми притисокот врз премиерот Педро...