Контакт

Македонија

Левица: Уште колку жртви и аларми им требаат на инстутуциите за да го сопрат „Дурмо турс”?

Објавено пред

„На 3 август 2026 година, автобус на „Дурмо Турс“ се запали на автопатот Тетово–Гостивар. Патниците овојпат успеале да го напуштат возилото и била избегната нова трагедија. Но, безбедноста на луѓето не смее да зависи од среќата, брзината на евакуацијата или од тоа дали пламенот ќе се прошири неколку минути порано или подоцна“, велат од партијата Левица.

„Кога гори автобус на превозник чие име е нераскинливо врзано со Ласкарци, државата нема право случајот да го третира како обичен дефект и уште една ставка во билтенот на МВР. Историјата на оваа компанија бара многу повисоко ниво на институционална будност.

На 13 февруари 2019 година, во автобусот на „Дурмо Турс“ кај Ласкарци згаснаа 16 човечки животи, а 38 патници беа повредени. Обвинителството утврди сериозни пропусти во контролата на техничката исправност, неводење соодветни евиденции, манипулација на тахографот и пуштање во сообраќај автобус со неисправности во системот за сопирање.

По долгогодишна постапка, Апелациониот суд ги зголеми казните на сопственикот Дурмиш Белули и на одговорниот за транспорт Ремзи Мифтари на по десет години затвор. Белули започна со издржување на казната во јануари 2026 година, додека Мифтари не се јави во затвор и по него беше распишана потерница. Судскиот совет дополнително утврди пропусти и незаконски одлагања при извршувањето на неговата казна. Значи, државата не само што доцнеше со правдата, туку дозволи и еден од правосилно осудените да ѝ исчезне пред очи.

За ноншалантноста на овој превозник кој ја има поради незаинтересираноста на институциите говори и фактот што тој нижи скандали, па така во март годинава, на граничниот премин Табановце, во автобус на истиот превозник беа откриени 580 парчиња муниција.

И по трагедија со 16 загинати, по правосилни пресуди, по бегство на осудено одговорно лице, по пронајдена муниција и по нов пожар во патнички автобус, јавноста сè уште нема одговор на основното прашање за тоа каков засилен надзор врз „Дурмо Турс“ спровеле институциите и што конкретно направиле за да гарантираат дека патниците повеќе нема да бидат дел од туѓа деловна пресметка со ризикот?

Бараме Министерството за транспорт, Државниот инспекторат за транспорт, МВР и Јавното обвинителство веднаш да ги утврдат причините за пожарот и јавно да ги соопштат наодите од увидот и вештачењето. Потребен е вонреден инспекциски надзор врз целиот возен парк, документацијата за одржување, техничките прегледи, системите за сопирање, тахографите, работното време на возачите, противпожарната опрема и исполнувањето на условите за секое возило со кое се врши јавен превоз.

Институциите се должни да бидат темелнни и ажурни и да не се плашат да ги употребат најстрогите механизми што им стојат на располагање – забрана за користење на неисправните возила, привремено запирање на дејноста и одземање на лиценците и дозволите.

Кога по 16 загинати државата повторно чека чад за да се разбуди, тоа веќе не е пропуст, туку систем во кој туѓиот профит има институционална заштита, а животот на патникот се сведува на прашање на среќа“, се наведува во соопштението на партијата Левица.

Најново

Црна хроника59 секунди

Двајца фатени под сомнение дека подметнувале пожари во Македонија

Полициски службеници од ОВР Македонски Брод и ОВР Прилеп привеле две лица под сомнение дека предизвикувале пожари на отворен простор....

Црна хроника8 минути

Полицаец удрил лице со врзани раце во Градски парк, пријавен за малтретирање

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до ОЈО ГОКК поднел кривична пријава...

Црна хроника11 минути

Осумгодишно девојче тешко повредено откако во него удрил „јагуар“ во Гостивар

Oсумгодишно девојче од Гостивар е тешко повредено по удар од автомобил во градот. „На 07.08.2026 во 21:30 часот во ОВР...

Црна хроника14 минути

Со автоматска пушка пукал кон семејна куќа во Тетово, оштетени и автомобил и фасада

Вчера во Тетово било пријавено дека околу 04:20 часот, машко лице од мопед во движење испукало повеќе куршуми од автоматска...

Црна хроника17 минути

Охриѓанец бил пуштен на викенд од затвор, па ја нападнал мајка му и фрлал предмети кон домот

Синоќа во 22:40 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода С.Ѓ.(46) од овој град, по претходна пријава...

Црна хроника18 минути

Охриѓанец со стаклен предмет ја нападнал снаата

Полицијата го приведе Р.К.(49) од Охрид. „Според пријавеното, околу 19:30 часот во домот каде што живее тој со неговиот татко...

Црна хроника21 минута

Пожар во Кисела Вода, маж пренесен во болница поради вдишување чад

Синоќа во полицијата било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода избувнал пожар, при што била зафатена жива ограда од...

Црна хроника23 минути

Тепачка меѓу две групи во Тетово, двајца 20-годишници избодени со нож

Пред угостителски објект на улицата „Борис Кидрич“ во Тетово настанала физичка пресметка меѓу две групи, при што бил употребен и...

Црна хроника27 минути

Велешанец ја нападнал партнерката во домот и ѝ се заканувал со остар предмет

На 7 август во 22:20 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Х.К.(40) од село...