Контакт

Македонија

Левица: Владата на Мицкоски го подготвува теренот за враќање на „Иловица – Штука“

Објавено пред

Левица реагира дека Владата на Христијан Мицкоски, зад формулациите за „почитување на судската одлука“ и „правна сигурност“, признава дека проектот „Иловица – Штука“ повторно се враќа на маса и дека државата повторно го отвора патот за еден од најконтроверзните рударски проекти во историјата на Македонија.

Од партијата посочуваат дека Владата нема обврска да стане политички застапник на мултинационална рударска корпорација, ниту приватниот економски интерес да го претставува како јавен интерес.

Според Левица, со години граѓаните од Струмичко, научната јавност, еколошките организации и земјоделците предупредуваат дека отворањето на голем површински рудник за бакар и злато носи сериозни ризици за водните ресурси, земјоделското производство и животната средина. Од партијата потсетуваат дека овие предупредувања се предмет на бројни домашни и меѓународни анализи и јавни дебати. Посочуваат дека и во техничката документација за самиот проект се анализира ризикот од создавање киселински рударски дренажи, потенцијално испуштање метали и потребата од долгорочно управување со ваквите ризици за време и по затворањето на рудникот.

Од Левица оценуваат дека профитот од експлоатацијата на златото и бакарот ќе заврши кај инвеститорите и акционерите, додека потенцијалните еколошки и социјални последици ќе останат товар за граѓаните. Посочуваат дека Струмичкиот регион е еден од најзначајните земјоделски региони во државата и од неговите водни ресурси зависат илјадници семејства.

„Особено загрижува тоа што Владата уште однапред најавува дека очекува отпор од локалното население и граѓанските организации, наместо да застане во заштита на јавниот интерес. Државата не смее да настапува како гарант на корпоративните интереси, туку како заштитник на природните богатства и на интересите на сопствениот народ“, велат од Левица.

Од партијата порачуваат дека Македонија не смее повторно да стане евтина рударска колонија, додавајќи дека водата, плодната земја и здравјето на граѓаните не смеат да бидат жртвувани за профитот на мултинационални компании.

Најново

Забава5 минути

Месечината во Вага менува сè: Можност за неверојатна среќа и љубов тропа на вратите на овие знаци

Положбата на Месечината носи промени во емоционалната сфера, а пет хороскопски знаци би можеле особено да го почувствуваат нејзиното позитивно...

Економија9 минути

Народната банка ги олеснува условите за располагање со средствата во АЛТА банка: Од понеделник се отвораат шалтерите и во Тетово и Струмица

Народната банка продолжува со постепено олеснување на условите за располагање со средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, со...

Македонија26 минути

Нов модел на студентско стипендирање: 3.000 стипендии, повеќе можности и поддршка за студентите

Министерството за образование и наука објавува нов Конкурс за доделување 3.000 студентски стипендии за студиската 2026/2027 година, со кој се...

Hitech42 минути

SETEC ARENA 2026: Два дена. Четири игри. Една арена.

Викендов, на 7 и 8 ноември, Diamond Mall ќе биде центар на македонскиот е-спорт. SETEC ARENA 2026 носи два дена...

Свет1 час

Песков: Европа е неопходна, но се двоуми

Кремљ изјави дека Европа не успева да се договори кој ќе ја претставува во идните разговори за безбедноста на континентот,...

Македонија1 час

ВМРО-ДПМНЕ: Бетон Герасимовски и општината да не лажат, доделија награда „Феникс нелегално“, а не “Јубилејна награда”

„Бетон Герасимовски и Општина Центар, фатени сте живи како лажете, повлечете се од темава и извинете се. Наместо да ја...

Македонија2 часа

По секој фемицид слушаме исти ветувања, Билјана, Росица, Катја, уште колку се потребни за институционална одговорност: во недела протест на иницијативата „Ниту една повеќе“

Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ составена од група активистки и активисти, организира протест против фемицидите, институционалното насилство и неказнивоста во...

Економија2 часа

Серафимовски: Инвестираме 25 милиони евра во „Страиште“ за современо наводнување на 1.500 хектари во валандовскиот регион

Третата фаза на системот за наводнување „Страиште“, вредна 25 милиони евра, ќе опфати 1.500 хектари земјоделско земјиште и ќе ги...

Свет2 часа

Зеленски: Треба да знаеме кој ќе реагира ако Русија повторно нападне

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека неговата влада бара од западните сојузници конкретни гаранции за начинот на кој ќе...