Контакт

Македонија

Левица: Владата нема интерес да воведе механизми за контрола на трошењето на јавните ресурси

Објавено пред

На амандманската расправа по Предлог-ребалансот на Буџетот, парламентарното мнозинство предводено од ДПМНЕ ги одби и амандманите на Левица со кои се предлагаа мерки за поголема контрола врз користењето на службените возила, подобрување на условите во полициските објекти, отворање Конзулат во Корча и отпочнување на реализацијата на стратешкиот проект „Хидроелектрана Чебрен“, соопштија од партијата Левица.

Пратеникот на Левица, Реџеп Исмаил – Хактан, најпрво го образложи амандманот за набавка и имплементација на задолжителен GPS систем за мониторинг и контрола на службените возила. Според него, со ваквиот систем ќе се овозможи 24-часовен надзор врз користењето на службените возила, ќе може да се утврди кој управувал со нив и за какви цели биле користени, со што ќе се спречат злоупотребите за приватни и партиски активности, а истовремено ќе се намалат и трошоците за гориво и одржување.

На Комисијата беше одбиен и амандманот за враќање на средствата за реконструкција и опремување на објектите на Министерството за внатрешни работи. Образложувајќи го амандманот, Исмаил посочи дека особено полициските објекти во пограничните подрачја се во недостојна состојба, иако токму таму полицијата секојдневно се справува со ризиците од нелегална миграција, криумчарење и други безбедносни закани. Наместо кратење на средствата за подобрување на условите за работа на полицијата, Левица предложи тие да се обезбедат преку намалување на расходите за набавка на опрема и оружје за потребите на НАТО.

Не беше прифатен и амандманот за отворање Конзулат на Република Македонија во Корча, за што Левица предложи да се издвојат пет милиони денари за изнајмување и опремување на дипломатско-конзуларно претставништво. Како што истакна Исмаил, отворањето на Конзулат во Корча беше повеќепати најавувано од Владата и претставува директно барање на македонското малцинство во Албанија, но и покрај тоа, досега не е преземена никаква конкретна активност. За разлика од повеќе други амандмани, рече Исмаил, средствата за оваа мерка беа предвидени со прераспределба во рамките на буџетот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, без кратење на средства од други ресори.

Парламентарното мнозинство го одби и амандманот со кој Левица предложи издвојување почетни 100 милиони евра за отпочнување на реализацијата на проектот „Хидроелектрана Чебрен“ како државен проект. Исмаил потсети дека со децении сите влади го претставуваат „Чебрен“ како стратешки приоритет, но никогаш не обезбедиле буџетски средства за негов почеток. Тој предупреди и на опасноста, наместо проектот да остане под државна капа, повторно да заврши во приватни раце, како што се случуваше со бројни стратешки капацитети за време на транзицијата.

Според Левица, одбивањето на овие амандмани уште еднаш покажува дека Владата нема интерес да воведе механизми за контрола на трошењето на јавните ресурси, да обезбеди достоинствени услови за работа на македонската полиција, да ги исполни сопствените ветувања кон Македонците во Албанија и конечно да започне со реализација на стратешки државни енергетски проекти.

„Наместо политики што ќе ја зајакнат државата и ќе обезбедат поголема отчетност, парламентарното мнозинство повторно ги одби предлозите кои директно се во интерес на граѓаните“, велат од Левица.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Спорт1 час

Луис де ла Фуенте: Генерација на пример, целиот труд се исплатеше

Селекторот на Шпанија, Луис Де Ла Фуенте, изјави дека е преполн со гордост откако неговиот тим го освои Светското првенство....

Спорт2 часа

Скалони: Дадовем се од себе, Шпанија едноставно беше подобра

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, спортски го прифати поразот од Шпанија во финалето на Светското првенство и отворено призна дека...

Спорт2 часа

Родри: Ако работиш напорно и веруваш, животот ќе те награди

Капитенот на Шпанија, Родри, беше пресреќен откако ја победи Аргентина во финалето на Светското првенство и ја освои втората титула...

Спорт2 часа

Меси во солзи по поразот во финалето

Најдобриот Аргентинец, Лео Меси, тешко се справи со оразот во финалето на Светското првенство, во дуелот против Шпанија (1:0). Иако...

Спорт2 часа

Родри е МВП на Светското првенство

Пред доделувањето на медалите, ФИФА ги прогласи најдобрите на 23-то Светско првенство. Сите индивидуални награди, со исклучок на онаа за...

Спорт3 часа

(Видео) Тепачка на теренот веднаш по завршувањето на финалето – Паредес доби црвен картон

Победата на Шпанија во финалето на Светското првенство беше засенета од тепачката што избувна веднаш по последниот свиреж на судијата,...

Спорт3 часа

(Видео) Шпанија ја освои светската титула, Аргентина не заслужи ништо повеќе од пораз

Фудбалската репрезентација на Шпанија ја освои титулата на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Шпанците во финалето ја победија...

Спорт5 часа

Меси собори два рекорди на Светскiте првенства

Финалето на Светското првенство помеѓу Шпанија и Аргентина само што започна, а Лионел Меси влезе во историјата. Аргентинскиот капитен постави...

Црна хроника6 часа

Маж од Струмица им подлегна на повредите по пожарот во неговата куќа

Седумдесетгодишен жител на Струмица починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, неколку дена откако бил повреден во пожар во...