Контакт

Македонија

Левица: Зошто државниот обвинител Савески не ги користи своите овластувања за случајот „Мазут”

Објавено пред

„Додека ВМРО-ДПМНЕ одбива да го повика државниот јавен обвинител да постапи по скандалозното затворање на случајот „Мазут”, иако претходно Мицкоски од говорница повикуваше по кои предмети да постапи новиот државен јавен обвинител – за овој случај Савески одбира да молчи“, велат од партијата Левица.

„Иако ОЈО ГОКК ја запре истрагата, Законот за јавно обвинителство јасно му дава механизми на државниот јавен обвинител да постапи во оваа фаза од предметот, односно Савески може да побара увид во предметот со цел утврдување на законитоста на истрагата, како и да наложи нови вештачења или прибирање докази. Сепак, и покрај јасните законски алатки, државниот јавен обвинител воопшто не покажува волја да побара увид во предметот „Мазут“, ниту да отвори институционална проверка за начинот на кој е запрена истрагата.

Особено загрижува фактот што по именувањето на новиот државен јавен обвинител беа забележани експедитивни кадровски и процесни потези кои одат во прилог на политичките интереси на ВМРО-ДПМНЕ, како што беше случајот со предметот „Талир”. И покрај тоа што има законска обврска и овластувања да побара увид, да наложи дополнителни дејствија и да утврди дали постапката била водена законито, Савески останува пасивен и одбира да глуми ненадлежен.

Дали пасивноста на Савески доаѓа после телефонскиот разговор со Мицкоски, каде добил такви насоки?! Ако новиот државен јавен обвинител навистина не постапува по политички и партиски директиви, тогаш Савески треба да ги искористи законските механизми кои му стојат на располагање и да утврди како е затворена истрага за случај во кој државата била оштетена за 169 милиони евра“, соопшти партијата Левица.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и адолесценти

Објавено пред

Во Институтот за јавно здравје денеска беше отворено психолошко советувалиште за деца и адолесценти, прво од ваков вид во државата, кое ќе обезбедува стручна поддршка за деца, тинејџери, родители и наставници преку системот „Мој термин“, соопшти директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска.

Како што истакна Андоновска, отворањето на советувалиштето е дел од пошироките активности за унапредување на здравствените услуги и враќање на довербата на граѓаните во институциите.

– Денеска имавме чест заедно со гостите за првпат да го отвориме психолошкото советувалиште за деца и адолесценти, кое е единствено од ваков карактер во државата. Има за цел стручни лица да работат со деца, со тинејџери, родители и со наставници за надминување на емоционалните, семејните и училишните предизвици. Ќе се водат разговори, ќе се даваат насоки, и тоа не само за надминување на проблемите туку и за понатамошен емоционален развој, за комуникациски вештини и надминување на сите оние бариери со кои се сретнуваат децата или проблемите во текот на животот во предучилишна возраст, во училишна возраст и малку кај постарите – истакна Андоновска.

Услугите, додаде, ќе бидат достапни преку упатување од матичен лекар и системот „Мој термин“, со што граѓаните ќе добијат пристап до психолошка поддршка во рамки на јавното здравство.

– На овој начин ќе има можност преку „Мој термин“, преку нивните матични лекари, да можат во секое време да дојдат и да ги искористат услугите, а сето тоа ќе оди во насока на надминување на сите оние бариери и предизвици со кои се соочуваат и децата, и тинејџерите во општеството – вели Андоновска.

Покрај отворањето на советувалиштето, во Институтот беше презентирана и нова медицинска и лабораториска опрема, како и апаратура која претходно не била ставена во функција. Според директорката, во изминатиот период биле создадени просторни и технички услови за активирање на дел од скапата опрема што со години не била користена, а биле набавени и нови уреди согласно потребите на одделенијата.

Андоновска информира дека е пуштена во употреба и станица донирана од Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА), која во реално време обезбедува податоци за радиоактивноста во воздухот, како и нова компјутерска опрема за потребите на Институтот.

Таа нагласи дека е проширена и листата на лабораториски услуги, со воведување анализи кои досега биле ограничено достапни во јавното здравство.

– Институтот ги презема и овие дијагностики за да ги врши сите, со цел да им овозможиме на луѓето кои немаат доволно средства да го прават тоа во приватните лаборатории, да можат да го прават и во државното здравство – рече Андоновска. 

Прикажи повеќе...

Македонија

Левица: Ревизијата откри злоупотреби во Академијата за судии и јавни обвинители

Објавено пред

Политичката партија Левица обвини за сериозни злоупотреби и неправилности во работењето на Академијата за судии и јавни обвинители, повикувајќи се на последниот ревизорски извештај на Државниот завод за ревизија.

Според партијата, извештајот отвора прашања за функционирањето на институцијата која треба да ги обучува идните судии и јавни обвинители, имајќи ги предвид утврдените неправилности поврзани со трошењето на јавни средства.

Од Левица посочуваат дека ревизорите утврдиле исплата на надоместоци за членови на Управниот одбор и Програмскиот совет пред одржување на седници, како и исплати на лица кои не присуствувале на седниците. Дополнително, било констатирано отсуство на интерни процедури за службени патувања, користење службени возила и располагање со средства од благајната.

Партијата наведува дека поради ваквите пропусти, членови на Комисијата за полагање приемен испит користеле службени картички за точење гориво во приватни возила, при што биле потрошени околу 325.000 денари.

Во соопштението се посочува и дека Академијата набавила психолошки тестови за 527 кандидати во вредност од близу два милиони денари без објавување оглас.

Левица укажува и на наодите дека практичната настава за осмата генерација слушатели за судии и јавни обвинители траела подолго од законски предвидениот рок, што резултирало со дополнителни исплати од над два милиони денари за ментори и координатори, како и со одложување на завршувањето на обуката.

Според партијата, ревизорите утврдиле и наплата на надоместоци за приемен испит без законска основа, како и исплата на прекувремена работа спротивно на законските процедури и ограничувања.

Од Левица оценуваат дека ваквите наоди придонесуваат за ниската доверба на граѓаните во судскиот систем.

Ревизијата се однесува на работењето на Академијата во текот на 2024 година, кога директори биле Наташа Габер Дамјановска, Илир Исени и Ирина Трајкоска Стрезоска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во Кочани нов Марш за ангелите – „Не забораваме, не отстапуваме и продолжуваме“

Објавено пред

Во Кочани денеска ќе се одржи 45-тиот Марш за ангелите.

Почетокот на маршот е закажан за 18 часот и 5 минути часот во Паркот на револуцијата, од каде учесниците ќе се движат кон трговскиот центар, УЈП, МВР, Основниот суд и ќе завршат кај спортската сала „Кочански ангели“.

Организаторите информираат дека маршот ќе се одвива мирно и достоинствено, во чест на 63-те ангели, за повредените и за семејствата кои секојдневно се соочуваат со болката и загубата.

Според нив, маршот претставува чин на сеќавање и почит, но и повик за одговорност, вистина и правда.

„Не забораваме, не отстапуваме и продолжуваме“, порачуваат организаторите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и адолесценти

Во Институтот за јавно здравје денеска беше отворено психолошко советувалиште за деца и адолесценти, прво од ваков вид во државата,...

Македонија12 минути

Левица: Ревизијата откри злоупотреби во Академијата за судии и јавни обвинители

Политичката партија Левица обвини за сериозни злоупотреби и неправилности во работењето на Академијата за судии и јавни обвинители, повикувајќи се...

Регион18 минути

(Видео) Страшна сообраќајка во Софија, летале со над 150 км на час, удриле во автобус и го превртеле

Тројца луѓе загинаа, а најмалку 13 се повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случи на булевар во софиската населба...

Македонија1 час

Во Кочани нов Марш за ангелите – „Не забораваме, не отстапуваме и продолжуваме“

Во Кочани денеска ќе се одржи 45-тиот Марш за ангелите. Почетокот на маршот е закажан за 18 часот и 5...

Црна хроника2 часа

76-годишник во Гостивар заврши во полициска станица, возел мопед без дозвола

МВР информира дека вчера во 13 часот, на улицата „Беличица“ во Гостивар, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на...

Свет2 часа

Бахреин ги осуди иранските напади

Министерството за надворешни работи во Манама ги осуди новите ирански напади врз Бахреин и Кувајт. – Оваа очигледна агресија е...

Регион2 часа

Речиси 10.000 Хрвати побарале забрана за учество во коцкање

Речиси десет илјади граѓани побарале самоисклучување од учество во игри на среќа откако во август 2025 година во Хрватска беше...

Свет2 часа

Украина ѝ се извини на Грција поради украински поморски дрон пронајден кај Лефкада

Украина официјално ѝ се извини на Грција поради украински поморски дрон кој минатиот месец беше пронајден во близина на островот...

Македонија2 часа

Филипче: На „црната коалиција“ на Балканот ќе ѝ се спротивставиме со прогресивно единство

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче, на денешната меѓународна конференција на која беше промовирана „Скопската иницијатива“, повика на обединување...