Контакт

Македонија

Левица бара итно замрзнување на цената на дизелот на 92 денари

Објавено пред

Владата нема сериозна стратегија за справување со енергетската криза која е на повидок. Наместо државнички пристап, сведоци сме на импровизација, стихија и дефокусирање на јавноста, велат од Левица.

Партијата бара итно замрзнување на цената на дизелот на 92 денари, минимална маржа од 0,5 денари по литар за дистрибутерите, ослободување од ДДВ и акциза во зависност од берзанската цена, активирање на стоковите резерви и, ако е потребно, директна државна набавка на дизел.

Од Левица наведуваат дека надлежните задоцниле цели две недели со мерките за заштита.

„Нашите пресметки покажуваат дека ова доцнење го чинеше народот повеќе од четири милион евра, средства кои завршија во буџетот за да се „крпат“ дупки од лошо менаџирање. Дополнително власта поставува погрешни приоритети. Се однесуваат понизно кон Окта како да станува збор за надреден субјект, а не за компанија која треба да биде регулирана во интерес на граѓаните. Наместо државничка реакција која ќе го штити јавниот интерес сведочиме срамен и понизен однос на власта кај менаџментот на Окта, што јасно покажува дека единствено нешто за што се грижи оваа влада се профитите на бизнис структурите. Додека во јавност се пласираат неосновани пофалби како ние сме тие кои сега даваат помош и несоодветни споредби со алудирање на ковид кризата, во пракса се дозволува неконтролирана продажба на горива на странци без никаква заштита за домашното население“, велат од Левица.

Според партијата, најавата за намалување на давачките за мазут, со образложение дека тоа ќе ја заштити цената на струјата за домаќинствата, покажува дека премиерот не разбира како функционира ЕЛЕМ. Како што велат од Левица, оваа компанија не е регулирана од РКЕ туку владата директно му налага со која цена ќе учествува на тендерот за набавка на универзалниот снабдувач.

Според Левица, тврдењата дека електроенергетскиот систем е стабилен се само фасада и во суштина, сè е стихијно и се сведува на чиста импровизација од денес за утре.

„Наместо празна реторика, бараме итно замрзнување на цената на дизелот на 92 денари, минимална маржа од 0,5 денари по литар за дистрибутерите, ослободување од ДДВ и акциза во зависност од берзанската цена, активирање на стоковите резерви и, ако е потребно, директна државна набавка на дизел. Долгорочно потребни се стратешки инвестиции и тоа државен батериски систем за складирање на енергија и изградба на Чебрен со сопствени средства“, велат од Левица.

фото/Depositphotos

Најново

Македонија58 минути

Герасимовски: Нема цензура, туку политички театар, ЗНАМ и Левица глумат жртви и ја манипулираат јавноста

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги отфрли обвинувањата од „ЗНАМ“ и советникот на Левица, Куцуловски, дека имало цензура на...

Спорт1 час

Тотенхем во историска криза: Четири кола, нула победи и нула голови

Тотенхем по четири рунди во Премиер лигата е единствениот тим што не успеал да постигне гол. Вечерва, Тотенхем одигра 0:0...

Спорт2 часа

(Видео) Милан со блиц криг до бод против Лацио

Лацио и Милан одиграа 2:2 во четвртото коло на Серија А на „Олимпико“. Домашниот тим имаше предност од два гола...

Македонија2 часа

(Видео) Подметнат е пожарот во Шутка: доаѓаат со тротинети, потураат течност, палат и си одат

Безбедносна камера снимила две момчиња кои, според снимката, доаѓаат со електрични тротинети пред неколку дуќани во Шуто Оризари, го потпалуваат...

Спорт4 часа

(Видео) Попладне на гостинските тимови во Премиер лигата

Воведните пет натпревари од четвртото коло од Премиер лигата, минаа во знакот на гостинските тимови, не им дозволија победа на...

Спорт4 часа

(Видео) Фрајбург го растури Менхенгладбах, сигурни победи на Дортмунд и Ајнтрахт

Пет натпревари од 3. коло од Бундеслигата беа одиграни попладнево, а натпреварите беа одбележани со голови, пресврти, но и убедливи...

Македонија4 часа

Досега регистрирани 138 шумски пожари во државава, до крајот на јули штетата изнесува четири милиони евра

Јавното претпријатие „Национални шуми“ досега има регистрирано 138 шумски пожари. Заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов вели дека...

Спорт4 часа

Фантастична круг и пол позиција за Ландо Норис

Возачот на Мекларен, Ландо Норис ќе стартува од пол позицијата на утрешната трка за Големата награда на Шпанија, која се...

Македонија5 часа

Николоски: Економскиот напредок на Македонија во фокусот на соработката со Фондацијата „Конрад Аденауер“

Економскиот напредок на Македонија, ефективното владеење на правото и подобрата комуникација со граѓаните биле во фокусот на тридневниот настан, организиран...