Контакт

Македонија

Лимани: Демографските предизвици не познаваат граници и не можат да се решаваат изолирано – потребна ни е заедничка акција

Објавено пред

Демографските предизвици не познаваат граници и не можат да се решаваат изолирано – потребна ни е заедничка акција, изјави министерот за социјална политика, демографија и млади,Фатмир Лимани, на Втората регионална министерска конференција за демографска отпорност што се одржува во Скопје.

Тој кажа дека регионот и голем дел од Европа, особено Источна Европа, се соочуваат со сериозни демографски предизвици, низок фертилитет, миграција и забрзано стареење на населението.

Во некои земји, рече Лимани, населението е намалено за една третина од 90-тите наваму, со директни последици врз пазарот на труд, здравствените и пензиските системи и економската конкурентност.

„Во исто време, контрастите на евро-азискиот простор стануваат сè по-изразени. Додека Европа се соочува со недостиг на работна сила поради стареењето, Централна Азија има предизвик, како да ја искористи брзо-растечката млада популација, која во следните 25 години ќе се зголеми за 20 милион работоспособни луѓе. Овие различни реалности бараат долгорочни и храбри политики насочени кон луѓето, засновани на докази, човекови права и регионална соработка. Наша задача е да го промениме наративот: од демографска анксиозност кон демографска отпорност. Концептот на демографска отпорност станува сè поважен. Таа значи способност на општествата да ги препознаат, прилагодат и да управуваат со демографските промени, преку политики што ги ставаат луѓето и нивните права во центарот“, рече Лимани.

Тој кажа дека визија на Министерството насочена кон градење општество што инвестира во човечкиот капитал.

„Посветени сме на поддршка на семејствата, унапредување на заштитата на децата, развој на социјални услуги, и во еднаквите можности за сите. Иселувањето, особено на младите, е клучен демографски предизвик, затоа миграциските и повратните политики се важен дел од нашата стратегија за демографска отпорност. Програмата на Владата 2024–2028 ги става младите во фокус преку образование, развој на вештини, учество во одлучувањето, поддршка на претприемништвото и иновациите. Со поддршка на УНФПА, ја финализираме Националната стратегија за демографски развој и отпорност, усогласена со Националната Развојна Стратегија 2023–2042 и Рамката за соработка со Обединетите нации 2026–2030“, рече Лимани.

Во моментов се одвиваат јавни консултации со сите релевантни чинители, по што стратегијата ќе биде доставена на усвојување од Владата и Собранието.

Лимани појасни дека стратегијата обезбедува мулти-секторски пристап кон демографската иднина, со фокус на инвестирање во човечкиот капитал, зајакнување на семејствата и младите, социјална инклузија и политики за циркуларна миграција, мобилност и улогата на дијаспората во градење долгорочна демографска отпорност.

Паралелно, се работи и на нов системски закон за управување со миграции и ре-интеграција на повратници, како и на модернизација и дигитализација на услугите, со цел нашите граѓани без разлика дали живеат во земјата или во странство да имаат полесен пристап до своите права и услуги.

Најново

Македонија4 минути

Филков: ЕК го потврди сработеното, за две години поставивме темели за реформа на правосудството

Извештајот на Европската комисија за 2026 година е јасна потврда дека политиките што ЗНАМ ги спроведуваше во Министерството за правда...

Македонија11 минути

(Видео) Мостот што граѓаните го нарекуваа „мост за ловење риба“, конечно ќе ја добие својата вистинска намена, објави Ѓорѓиевски

Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во функција – зборот е збор, објави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. „Ветив дека...

Спорт11 минути

Официјално: Олимпија од Милано има нов тренер

Една победа во десет кола и девет порази по ред беа премногу, па Армани (Олимпија) о го отпушти Пепе Поета...

Свет16 минути

(Видео) Русија ги засилува нападите, 250.000 Украинци останаа без струја

Новите руски напади врз енергетската инфраструктура во Украина, извршени синоќа, оставија стотици илјади потрошувачи без електрична енергија во регионите Днепропетровск...

Спорт23 минути

Мурињо урна рекорд во Ла Лига

Реал Мадрид синоќа убедливо ја победи Валенсија со 3:0 на „Местаља“ во 12-то коло од Ла Лига. Со оваа победа,...

Спорт29 минути

Меси влезе во историјата на МЛС

Лионел Меси стана првиот играч кој ја освои Златната копачка во МЛС две сезони по ред. Меси постигна 26 гола...

Македонија42 минути

За еден ден приведени 17 возачи, МВР со апел да се почитуваат правилата

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, полициските службеници констатирале 19 кривични дела „безобѕирно управување со моторно...

Македонија47 минути

(Видео) Димитријевиќ: Вистината за Алта банка е на виделина, на потег е јавното обвинителство

Вистината за Алта банка е на виделина, на потег е јавното обвинителство, вели Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар на...

Македонија53 минути

(Видео) Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се слеваа 110 милиони евра во Еуростандард, обвини Бране Петрушевски,...