Контакт

Македонија

Лимани ги посети дневните центри „Во Мојот Свет“ и „Блу Пазл“

Објавено пред

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани заедно со заменик-министерот Ѓоко Велковски и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојковски, го посетија Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во Мојот Свет“ – Скопје, како дел од активностите во месецот на подигнување на свесноста за аутизмот.

Здружението воспостави дневен центар за млади од 14 до 26 години, со капацитет од 24 корисници, каде поддршката ја обезбедуваат стручни лица и негуватели, како и центар за дневен престој со индивидуален пристап за деца до 14 години, со капацитет до 20 корисници.

Овие услуги се воспоставени преку Проектот за подобрување на социјалните услуги, кој го спроведува Министерството за социјална политика, демографија и млади со поддршка на Светска банка. По завршувањето на проектната поддршка, предвидено е склучување управен договор со здружението, со што ќе се обезбеди континуитет и одржливост на овие значајни услуги.

Министерот Лимани го посети и Центарот за дневен престој за лица со попреченост и индивидуална работа во Липково, воспоставен од Здружението на родители на деца со аутизам „Блу Пазл“ (Blue Puzzle)во Липково.

По центарот во Гостивар, ова е нивни втор дневен центар. Во Липково, 24 лица имаат можност за дневно згрижување, исхрана, поддршка за лична хигиена и индивидуални активности за развој на животни и работни вештини.

„Развојот на социјалните услуги на локално ниво е клучен за јакнење на општините и обезбедување достапна грижа за сите граѓани. Токму затоа, преку управниот договор со Министерството за социјална политика, демографија и млади, обезбедуваме континуирана финансиска поддршка и одржливост на услугите. Впечатоците од посетите беа дека здруженијата се вистински пример како со посветеност, стручност и човечност се создава безбедна и поддржувачка средина за лицата со попреченост и нивните семејства“, рече Лимани.

Најново

Забава3 часа

Најскапата фотографија на денот: „Моќта е во косата“

Една фотографија, двајца фудбалски великани и милиони реакции. Златан Ибрахимовиќ објави фотографија на Инстаграм на која стои лице в лице...

Забава3 часа

Мадона влезе во историјата на Билборд топ листите со новиот албум

Мадона уште еднаш го потврди својот статус на Кралица на попот со освојувањето на првото место на Билборд 200 топ...

Македонија3 часа

Јанев од Кочани: Бегството од полициска станица е сeриозен инцидент, ова е недозволиво

Бегството од полициската станица на лице познато на полициските служби е сериозен инцидент кој бара целосно расчистување на сите околности...

Спорт4 часа

ПСЖ сериозно заинтересирани за голманот на Парма

ПСЖ е заинтересиран за голманот на Парма, Заион Сузуки, објавуваат италијанските медиуми. „Газета дело Спорт“ пишува дека двократниот последователен шампион...

Македонија4 часа

(Видео) Спасовски: Навреди кон пратениците на СДСМ, бараме извинување од Гаши

Оливер Спасовски, координатор на СДСМ, изјави дека на денешната седница имало нервоза и навреди кон пратениците на СДСМ и побара...

Спорт4 часа

Родри: не е добра опција да се надигруваме со Франција

Капитенот на европскиот првак Шпанија, пред полуфиналниот натпревар со Франција, на Светското првенство, им порача на соиграчите да бидат претпзливи....

Спорт4 часа

Европскиот првак ќе се засили со Лукас Дињ

Фудбалерот на Астон Вила, Лукас Дињ, ќе стане првото засилување во летниот преоден рок на двократниот европски шампион Пари Сен...

Македонија4 часа

(Видео) Филипче: Од оваа реконструкција граѓаните не можат да очекуваат буквално ништо

Мицкоски нема ниту еден резултат, ова е една реконструкција која е само замена на имиња, едни луѓе со други, oд...

Спорт4 часа

Манчестер Јунајтед донесе фудбалер на Челзи за 58.000.000 евра

Додека ги финишира преговорите со Јури Тилеманс и Астон Вила, Манчестер Јунајтед го официјализираше своето прво засилување за сезоната 2026/27....