Контакт

Македонија

Лимани: Потпишавме историски Колективен договор, со кој платите растат до 21% и се предвидуваат бројни придобивки за вработените

Објавено пред

Министерството за социјална политика, демографија и млади, претставувано од министерот Фатмир Лимани, и Синдикатот на администрација, државна управа и правосудство (САДУ), претставуван од претседателот Благоја Ралповски, заедно со Синдикалната организација на Министерството, претставувана од Андријана Гуговска, склучија Колективен договор за вработените во Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Колективниот договор кој денеска се потпиша страните потписници го истакнаа како историски, со оглед на тоа дека е прв Колективен договор кој ова Министерство го потпишува, истакнуваат од министертвото.

Со Колективниот договор, како што е појасенто, се унапредуваат правата на вработените, обезбедувајќи поповолни услови од оние предвидени со постојните законски решенија и колективни договори во јавниот сектор. Документот опфаќа низа нови и проширени права, во согласност со важечката законска рамка, со цел подобрување на статусот и условите за работа на вработените.

„Клучната новина е значителното зголемување на платите на административните службеници, кое ќе се реализира етапно:

-7% зголемување од 1 март 2026 година;

-дополнителни 7% од 1 март 2027 година и

-дополнителни 7% од 1 март 2028 година.

Со ова, вкупното зголемување на платите ќе достигне 21% во наредниот тригодишен период.

Платите на вработените кои немаат статус на административни службеници ќе се уредуваат согласно Законот за минимална плата и општите прописи за работни односи.

Колективниот договор предвидува и бројни бенефити за вработените, меѓу кои: додатоци на плата за ноќна работа, сменска работа, работа во денови на празници и прекувремена работа, јубилејни награди, гаранции за заштита од вознемирување на работното место, мерки за заштита и безбедност при работа, уредување на платени и неплатени отсуства и друго.

Со потпишувањето на овој договор, Министерството и социјалните партнери испраќаат силна порака за заедничка посветеност кон подобрување на работничките права, јакнење на социјалниот дијалог и градење модерна и ефикасна јавна администрација“.

Најново

Македонија16 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Ново училиште, градинка и финансиска поддршка за младите – Карбинци се развива

ВМРО-ДПМНЕ ги презентира резултатите од работата во Општина Карбинци во изминатата година, посочувајќи на инвестиции во образованието и инфраструктурата, како...

Свет19 минути

Путин: Европа ги турка своите граѓани кон војна со Русија – изборите во Германија се доказ

Рускиот претседател Владимир Путин го поврза силниот резултат на крајно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) на неодамнешните покраински избори во...

Свет22 минути

Експлозија погоди уште едно складиште за оружје во Бугарија

Силна експлозија предизвика пожар во складиште за оружје во централна Бугарија во текот на ноќта, јавија денеска локалните медиуми и...

Спорт35 минути

Зверев против Шелтон за титулата во Њујорк

Александар Зверев и Бен Шелтон ќе се борат за титулата на Отвореното првенство на САД. Германецот прв обезбеди место во...

Македонија39 минути

Оваа година лотото се падна кај Мицкоски, велат од СДСМ

СДСМ продолжува со обвинувањата за трошењето на парите од АД „Државна лотарија“ за одбележувањето на 35 години независност и бара...

Македонија43 минути

Нова огнена битка: 31 пожар на отворено, три жаришта сè уште активни

Центарот за управување со кризи информира дека со 07:30 часот регистрирани се 31 пожар на отворен простор од кои три...

Спорт49 минути

Мбапе: Со години сум најдобар во светот, никој немаше подобра сезона од мене

Килиан Мбапе ја продолжи својата кампања за самопромоција во изборот за Златна топка. Оваа недела, „Лекип“ објави мини-интервју со ѕвездата...

Македонија50 минути

Грин Машинс го зајакнува присуството на американскиот пазар – ГМ720зе и ГМ500зе претставени на саем во Хјустон

Грин Машинс, бренд на македонската компанија БРАКО, продолжува да го зајакнува своето присуство на американскиот пазар. Компанијата учествуваше на саемот...

Свет1 час

Ракетен напад врз Одеса: 16 повредени, меѓу нив и петмесечно бебе

Најмалку 16 лица се повредени, меѓу кои и петмесечно бебе, во утринскиот ракетен напад врз Одеса, соопшти претседателот на Одеската...