Контакт

Македонија

Лукаревска: Новата фискална стратегија не нуди системски реформи, туку должничко ропство

Објавено пред

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, ја обвини Владата за предложената фискална стратегија 2027 – 2031 година, оценувајќи дека таа е заснована на нереални очекувања и недоволно јасни економски политики.

Лукаревска посочи дека стратегијата се потпира на надеж, а не на структурни реформи, додавајќи дека се очекува БДП да расте побрзо од задолжувањето, без јасен одговор како ќе се справи идните ценовни шокови.

Лукаревска потенцираше дека Владата повторно ги коригира економските проекции, при што растот на БДП се намалува од 3,8 на 3,5 проценти, а инфлацијата се зголемува од 2,5 на 4,5 проценти, што, не е техничка корекција, туку доказ за погрешни и преголемо оптимистички политики.

„Намалувањето на долгот не се базира на реформи или на кратење на расходи, туку на претпоставка дека економијата ќе расте побрзо од задолжувањето. Ваквиот пристап создава опасен модел на развој. Се создава економија во која државата се задолжува за да ја одржува тековната потрошувачка, наместо да создава развој, рече Лукаревска.

Таа предупреди дека економијата е со ниска продуктивност и слаб институционален капацитет: „Наместо системски реформи, гледаме ад хок мерки, краткорочни субвенции и политички популизам. Дефицитот на тековната сметка се проширува и достигнува 5 проценти од БДП, што е последица на зголемен трговски дефицит. Имаме повеќе одлив отколку прилив на девизни средства и недостиг од околу една милијарда“, рече Лукаревска.

Осврнувајќи се на локалната самоуправа, Лукаревска рече дека општините се во сериозна финансиска состојба, со раст на долгот и слаб капацитет за стабилни приходи.

Во однос на оценките на фискалниот совет и ММФ, Лукаревска посочи дека тие потврдуваат сериозни слабости.

„Фискалниот совет укажува на висока зависност од индиректни даноци и неефикасна јавна потрошувачка“, додека „ММФ предупредува дека буџетските дефицити ги надминуваат таргетите и ја намалуваат фискалната дисциплина. Политиките мора да бидат претпазливи и реалистични, особено во однос на растот, инфлацијата и каматните стапки. Оваа стратегија не значи намалување на задолжувањето, туку само надеж дека растот ќе го прикрие долгот. Сите четири главни цели во оваа фискална стратегија се свртени со негативен предзнак. Далеку сме од одржливи и стабилни јавни финансии. Постепената и одговорна фискална консолидација е одамна претерана. Најавата за некаква социјална правичност е повеќе флоскула отколку реално остварување од вашата Влада“, потенцираше пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска.

Најново

Култура7 секунди

Недела на македонската култура во Албанија: полни сали и настапи на повеќе од 70 уметници

Од 3 до 6 септември, во организација на Македонскиот културно-информативен центар во Тирана и директорката Ема Попивода, во Албанија се...

Македонија5 минути

Ангелов: Опасноста од пожари продолжува, врнежите се очекува да помогнат во гаснењето

Во моментот нема алармантни пожари, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Тој посочи дека опасноста...

Спорт30 минути

Аеродром домаќин на 100-часовниот хуманитарен фестивал „No Finish Line Skopje“

Општина Аеродром од денеска е домаќин на 100 часовниот фестивал на трчање и одење „No Finish Line Skopje“, што ги...

Македонија38 минути

(Видео) Жерновски: Мицкоски нема резултати, му остана само кампањата „Талог“ за поделби и навреди

Наместо единство, наместо повикување на заедништво и прослава на државноста, повторно се активираше кампањата „Талог“ на премиерот Мицкоски за време...

Култура44 минути

Од њујоршката џез-сцена до Скопје: Dan Pugach со Националниот џез оркестар

На 7 октомври во Националната опера и балет, Националниот џез оркестар ја отвора новата концертна сезона со ексклузивен концерт со...

Свет1 час

Мерц ја нападна АфД: „Ремиграцијата“ во практика значи етничко чистење

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја обвини партијата Алтернатива за Германија (АфД) дека ја поддржува Русија на штета на германските интереси...

Култура1 час

„Бог на колежот“ на 34. МФКТ „Ристо Шишков“ во Струмица

Наградуваната копродукциска претстава на Македонскиот народен театар, по освоеното Гран при на „Денови на комедија“ пристигнува пред струмичката публика. На...

Македонија1 час

Дел од Чаир утре без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре поради уличен дефект на водоводна цевка од ф – 100 мм на...

Свет1 час

Мерц: Русија со месеци го подготвувала нападот врз аеродромот Лајпциг, избегнавме катастрофа

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека обидот за напад со дрон врз аеродромот Лајпциг/Хале бил со месеци подготвуван во Русија...