Контакт

Македонија

Љутков: СДС може да оспорува, но Скопје 2014 денес е најпосетувана туристичка атракција

Објавено пред

Криминалниот ум криминално размислува. Кога ќе останете без аргументи, најлесно е да измислувате приказни и да ги обвинувате другите. Тоа не ја менува вистината, напиша поранешниот министер за култура Зоран Љутков на социјалните мрежи откако пратеничката од СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска кажа дека партијата ќе бара повлекување на законот за Скопје 2028.

„Госпоѓо Костадиновска-Стојчевска, додека бевте министер, ветувавте проект вреден 150 милиони евра за Скопје 2028. Денес јавноста има право да постави неколку едноставни прашања:

Како дојдовте до сумата од 150 милиони евра?

На што се темелеше таа финансиска проценка?

Од кои извори требаше да се обезбедат средствата?

Каде конкретно требаше да бидат инвестирани тие 150 милиони евра?

Дали Владата донесе одлука со која ги обезбеди тие средства или стануваше збор за политичко ветување без финансиска подлога.

Па вие и Брисел го излажавте како што денес пробувате да ја иманипулилирате јавноста.

Моравме да патуваме неколку пати во Брисел да ја спасуваме титулата“.

Тоа се прашања на кои, како што рече, јавноста заслужува одговор.

„За време на вашиот мандат не видовме капитални културни проекти што ќе останат како трајна вредност. Наместо конкретни резултати, останаа големи ветувања и многу политички изјави.

Ако денес зборувате за транспарентност, тогаш одговорете и јавноста и на следниве прашања: како беа избрани фирмите и невладините во самата апликација и како беа избрани надворешните соработници вклучени во подготовката на апликацијата за Скопје 2028? Кои беа критериумите? Како беше обезбедена транспарентноста на целиот процес? Тоа се легитимни прашања што заслужуваат јасни одговори.

Наместо да ја напаѓате сегашната работа, соочете се со сопствениот мандат. Граѓаните најдобро знаат да ја препознаат разликата меѓу големите ветувања и реалните резултати.

И уште нешто – колку и да го оспорувате, Скопје 2014 денес е една од најпосетуваните туристички атракции во главниот град. За тоа зборуваат посетителите и туристичкиот интерес, а не политичките квалификации“, пишува Љутков.

Најново

Спорт9 минути

Вардар поразен во Полска од Висла

Ракометарите на Вардар, во четвртото коло го забележаа четвртиот пораз во Лигата на шампионите. Вечерва во Полска, Висла го победи...

Македонија53 минути

Исполнет уште еден чекор за зонско паркирање во Автокоманда, објави Стефковски

Исполнет е уште еден чекор за зонско паркирање во Автокоманда, објави градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски. „Денес на...

Свет57 минути

Хутите нападнаа седиште на нафтен гигант, брод потона во Ормутскиот теснец

Конфликтот на Блискиот Исток дополнително ескалира. Јеменските бунтовници Хути, поддржани од Иран, го нападнаа седиштето на саудискиот нафтен гигант „Арамко“,...

Свет1 час

„Покривот на Европа“ изгуби повеќе од еден метар во висина за една година

Највисокиот врв во Европа изгубил повеќе од еден метар во висина во текот на изминатата година. Мон Блан во Франција...

Спорт2 часа

(Видео) Ливерпул демонстрираше сила кај ЛАСК, Феенорд го победи Комо

Феенорд и Ливерпул со победи го отворија вториот ден од второто коло во Лигата на шампионите. Феенорд на домашен терен...

Свет2 часа

Си-ен-ен: Новата портпаролка на Трамп лажно се претставува како адвокат, тоа е казниво

Работата на портпаролот е да ги обликува вестите, а не да стане вест. Новата портпаролка на Белата куќа, Кејти Закарија,...

Македонија2 часа

Митева: Во Клиничката болница Штип е воспоставен мултидисциплинарен кабинет за дојка

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, по повод Розовиот октомври – месец посветен на подигнување на свеста за борбата против ракот...

Спорт2 часа

Винисиус ќе го пропушти Ел Класико

Винисиус Жуниор нема да игра во Ел Класико против Барселона. Дисциплинската комисија на Шпанската фудбалска федерација (RFEF) го казни со...

Македонија2 часа

Апасиев се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

Претседателот на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, пратеникот Димитар Апасиев, денеска во својот кабинет...