Контакт

Македонија

Mакедонскиот пасош е на 46. место на листата на најмоќните пасоши во светот

Објавено пред

Во најновата „Хенли енд партнерс“ листа на најмоќни пасоши, што се смета за најмеродавна на светот, првото место го делат Јапонија и Сингапур, а Македонија се наоѓа на 46. место.

Додека граѓаните во Јапонија и Сингапур без виза може да патуваат во 189 земји, граѓаните од нашата земја може без пречки да патуваат во 123 држави.

Од земјите во регионот најдобро котира Словенија, која се наоѓа на 10. место, чии граѓани може да патуваат без визи во 179 земји, а зад неа е Хрватска на 20. место со 167 земји, пренесе новинската агенција „Танјуг“.

Србија се наоѓа на 41. место, а српските граѓани може да патуваат во 131 земја без виза.

Зад нас се Црна Гора со 122 земји, потоа Босна и Херцеговина на 51. место (116) и Албанија на 52. место, каде без виза може да се патува во 113 земји.

Меѓу првите места што ги делат повеќе држави се наоѓаат Јужна Кореја, Финска, Данска, Германија, Италија, Луксембург, Франција, Шпанија, Велика Британија, САД, Белгија, Канада, Грција, Ирска, Норвешка.

На последното место е Авганистан, а меѓу најслабите пасоши спаѓаат и пасошите на Ирак, Сирија, Пакистан, Сомалија, Јемен, Либија, Палестина, Непал, Бангладеш, Иран, Судан и на Северна Кореја.

Како што се наведува на интернет-страницата, резултатите од листата се засновани на податоците од Меѓународната асоцијација за воздушен сообраќај (ИАТА), која одржува најголема база за патни информации во светот.

Македонија

(Видео) Пожар над Усје

Објавено пред

Нов пожар над скопската населба Усје избувна вечерва, откако пожарникарите со часови се обидуваат да го локализираат огнот над населбата Припор. Дел од пожарот е локализиран, но се уште гори над Усје, каде се противпожарните екипи, кои заедно со месното население се обидуваат да го спречат огнот да се прошири кон населените места.

Противпожарната единица на Град Скопје на Фејсбук објави видео од пожарот кој се уште е активен.

За гаснење на пожарот во Пинтија беа ангажирани и авионите на Дирекцијата за заштита и спасување.

Прикажи повеќе...

Македонија

Димитров: ,,Рекет” е раскрсница – едниот пат води кон иднина, другиот кон бездна

Објавено пред

Дискредитацијата на СЈО преку аферата ,,Рекет” е со цел да и се избега на правдата, смета министерот за надворешни работи Никола Димитров. Тој преку статус на Фејсбук порача дека е потребно расчистување и правда за ,,Рекет”, но и за сите криминали во снимките и вон снимките. ,,Рекет” всушност е раскрсница. Едниот пат води кон иднина, другиот пат кон бездна. Можеби дојде време да се преброиме, порача Димитров.

Во продолжение го пренесуваме интегрално статусот на Димитров, објавен на социјалната мрежа Фејсбук:

,,Нападот на Собранието, најцрниот ден на македонската демократија, беше за да се избегне одговорност за снимките како индиции за масовна злоупотреба и планина од криминал. Да и’ се избега на правдата. Бојкотот на референдумот имаше иста цел. Да се факторизираат пратениците, за да се тргува со одговорноста. Да и’ се избега на правдата. Дискредитацијата на СЈО преку аферата ,,Рекет” повторно е на истата линија. Да и’ се избега на правдата, напаѓајќи ја институцијата специјално формирана токму да испорача правда. До тука имаме континуитет на политичка агенда на неказнивост или со правен израз – повторување на (не)делото.

Но, тоа што криминалот сака да го дискредитира својот гонител не треба да не’ чуди. Зачудува до бес што некој изгледа дозволил жедта за правда да биде искористена за да се згасне жедта за пари. Можното соучесништво на обвинител од оваа институција во трговијата со одговорноста, максимално ја зголемува потребата од целосно и одлучно расчистување со сите валканици што излегоа на виделина, кон кого и да водат. Иако целата приказна згрозува до апатија, ако тој кој требало да го гони криминалот, се ставил на страната на криминалците, тоа мора да биде само дополнителен мотив во борбата за правда, а не дигање раце. Расчистување и правда и за ,,Рекет”, но и за сите криминали во снимките и вон снимките. ,,Рекет” всушност е раскрсница. Едниот пат води кон иднина, другиот пат кон бездна. Можеби дојде време да се преброиме.

Од сето ова има само еден заклучок: продолжувањето по патот на одговорноста за сите е највисок државен интерес! Влогот не може да биде поголем. Да се биде патриот значи да се биде борец за правда. Особено денес.

ПС. Да бидеме начисто, бидејќи има премногу ,,сите”: јас ниту сум имал средба, ниту фотографија, а уште помалку меморандум со Боки 13. Ова се разбира само по себе не е ни за фалење де, освен што изгледа сум имал правилно претчувство што пропуштам”, напиша Димитров.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пожар долж пругата од селото Мрзенци кон Давидово

Објавено пред

Пожар избувна денеска и во Гевгелиско. Како што информира Центарот за управување со кризи,
активен пожар на запалени стрништа и сува трева по ниви има долж пругата од селото Мрзенци кон селото Давидово.

Во гаснењето учествуваат екипи од ТППЕ-Гевгелија со 20 пожарникари и 4 возила, а на помош во гасењето на пожарот се вклучени и ТППЕ Валандово и доброволното противпожарно друштво Дојран.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

(Видео) Пожар над Усје

Нов пожар над скопската населба Усје избувна вечерва, откако пожарникарите со часови се обидуваат да го локализираат огнот над населбата...

Свет8 часа

Голем пожар на Канарските острови, евакуирани над 4.000 лица

Околу 4.000 лица се евакуирани поради пожар што избувна по втор пат за една недела и уништи рурална област на...

Свет9 часа

Жителите на Нов Зеланд доброволно предале над 10 илјади парчиња оружје на полицијата

Повеќе од 10,000 парчиња огнено оружје се предадени доброволно на властите во Нов Зеланд, како дел од акцијата што беше...

Македонија9 часа

Димитров: ,,Рекет” е раскрсница – едниот пат води кон иднина, другиот кон бездна

Дискредитацијата на СЈО преку аферата ,,Рекет” е со цел да и се избега на правдата, смета министерот за надворешни работи...

Свет9 часа

1,7 милиони луѓе на протест во Хонгконг

Најмалку 1,7 милиони граѓани излегоа на улиците во Хонгконг, на уште еден од низата масовни продемократски протести, соопштија организаторите на...

Спорт12 часа

Ландстрам со гол во сите четири англиски лиги – Шефилд јунајтед со победа (видео)

Шефилд јунајтед имаат одличен старт на својата прва премиерлигашка сезона по долга пауза, откако со 1:0 ги победија Кристал палас...

Македонија16 часа

Изгаснат пожарот над скопското село Буковиќ

Шумскиот пожар кој вчера наутро избувна на планината над скопското село Буковиќ е изгаснат и целосно ставен под контрола, информираат...

Регион16 часа

(Видео) Пациент со држач за инфузија уби четири лица во психијатриска болница во Романија

Еден пациент во психијатриска болница во романската општина Сапока, со држач за инфузија убил четворица други пациенти. Тој ги нападнал...

Свет17 часа

Протести во САД: Ако не се смени законот за оружје, треба да се смени Конгресот

Низ САД се одржуваат протести на кои се бара од Конгресот да ги заостри законите за контрола на оружјето, по...

Свет18 часа

„Сандеј Тајмс“ објави таен владин документ за ризиците од брегзит без договор

Ако нема договор за брегзит со ЕУ, Велика Британија ќе се соочи со недостиг од гориво, храна и лекови, објави...

Свет19 часа

Работници во Пенсилванија добиле понуда или да присустуваат на митинг на Трамп или да не земат плата

На вработени во нафтено-хемиски комплекс во Пенсилванија им било кажано дека ако не присуствуваат на говор на американскиот претседател Доналд...

Свет19 часа

Во бомбашки напад на свадба во Кабул убиени над 60 луѓе, меѓу нив и деца

Најмалку 63 луѓе се убиени а над 180 се ранети во бомбашки напад на свадбена веселба во Кабул, пренесуваат светските...

Свет1 ден

Ново убиство на метро станица во Германија, маж и жена избодени до смрт

Маж и жена се избодени до смрт на преполна метро станица во германскиот град Изерлон, соопшти полицијата, наведувајќи дека се...

Свет1 ден

Салвини попушти, ќе ги прими малолетните мигранти

Италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини потклекна под политичкиот притисок, и од меѓународната заедница, но и од внатрешно-политичкиот, околу...

Регион1 ден

Бугарија на второ место во НАТО според буџет за одбрана

Бугарија е на второто место во НАТО според буџетот за одбрана во однос на бруто домашниот производ и веднаш зад...

Регион1 ден

Српски полицајци го спасија животот на 9-годишно дете на автопатот Ниш-Белград

Двајца сообраќајни полицајци од Србија станаа вистински херои во медиумите и на социјалните мрежи, откако успеаа да го спасат животот...

Свет1 ден

Јункер итно пренесен на операција

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер го прекинал одморот и ќе биде итно опериран, соопшти ЕК. Според информациите, Јункер...

Свет1 ден

Незадоволен гостин уби келнер во ресторан во Париз

Келнер во француски ресторан бил убиен од страна на гостин, бидејќи предолго чекал сендвич, пренесуваат фарнцуски медиуми. Инцидентот се случил...

Регион2 дена

(Видео) Авион слета на автопатот Загреб – Риека откако му откажал моторот

На автопатот Загреб-Риека помеѓу Врбоско и Равна Гора, помал спортски авион слета на патот. Граѓани кои се возеле во автопатот...

Топ2 дена

Гори планината над Буковиќ

Пожар избувна изутринава на тешко пристапен терен над селото Буковиќ, во близина на Сарај. Како што дознава ,,Макфакс”, пожарот избувнал...

Досие