Македонија
Mицкоски бара оставки: „Умираат дневно повеќе луѓе отколку во Втората светска војна“

Баталете ги дневнополитичките мешетарења, Заев и Филипче, луѓе ви умираат затоа што нема слободни кревети, пишува опозицискиот лидер, Христијан Мицкоски, на социјалните мрежи.
„Излезете надвор од стаклената кутија што самите ја создавате, излезете надвор и чујте го плачот на народот. Прекинете со парадерските прес-конференции и решавајте проблеми. Денес, во државата дневно повеќе луѓе умираат во споредба со Втората светска војна. За 4 години, колку што траела тука окупацијата, во војната се губеле 17 луѓе дневно. Денес, со оваа неспособна власт бројката е од 30 до 40 луѓе дневно“, вели Мицкоски.
Баталете ги дневно политичките мешетарења Заев и Филипче, луѓе ви умираат затоа што нема слободни кревети.
Излезете…
Posted by Hristijan Mickoski on Monday, November 23, 2020
Тој порача дека премиерот Зоран Заев и министерот за здравство, Венко Филипче, треба да поднесат оставки бидејќи така повеќе луѓе би биле спасени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Пратениците болни од ковид да се вратат во изолација, ќе поднесеме кривични пријави

Пратениците болни од Ковид-19 да се вратат во изолација веднаш, ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава, порача опозициската партија и предупреди дека гласањето е нелегитимно.
„ Одговорност мора да има за сите од лицата кои ги пропуштиле да влезат во собранието и да го загрозат здравјето на сите, до Талат Џафери, кој дозволил нивно гласање, иако истите имаат решение за изолација и не смеат да го напуштаат домот, и да го посетуваат работното место“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, Талат Џафери и СДСМ денеска покажале дека законите за нив не значат ништо, и дека ги кршат на секој чекор.
„ Доколку ова помине, државата веднаш да им ги врати парите на сите казнети за неносење на заштитни маски, на сите кои го прекршиле полицискиот час и на сите кои потрошиле заштеди и подигале кредити за да се лекуваат низ Ковид болниците. СДСМ е најголем ширач на зараза и канцерот на државата“ обвинија од партијата.
Македонија
Изгласан петиот пакет мерки, гласаа и двајца пратеници позитивни на Ковид-19

Собранието го изгласа петтиот пакет економски мерки за помош на стопанствениците и економијата погодени од пандемијата. Изгласани се Законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот ковид-19, за месеците февруари и март 2021 година, Законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здраствено-економската криза предизвикана од вирусот ковид-19, заради исплата на платите за месеците февруари и март 2021 година и Законот за изменување на Законот за данокот на личен доход, по скратена постапка.
За законите гласаа сите присутни пратеници во Собранието вклучително и двајца позитивни на Ковид – 19 кои беа изолирани во посебни простории,а се појавија во Собранието со скафандери и целосна заштитна опрема. Присутни беа 115 пратеници.
Опозицијата го обвини претседателот на Собранието,Талат Џафери, дека не ги почитува мерките за заштита од коронавирусот, ги крши Уставот и законите поради тоа што дозволил во Собранието да дојдат двајца позитивни пратеници кои имаат решенија за изолација. Претседателот Џафери пак, рече дека работи според протоколи дадени од Комисијата за заразни болести и уверуваше дека двајцата пратеници, без да контактираат со било кој, биле сместени во изолирани простории.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Заев го загрозува јавното здравје и тера пратеници болни од Ковид да одат во Собрание

Зоран Заев го загрозува јавното здравје и тера пратеници болни од КОВИД во изолација, во скафандери да одат во Собрание, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
„ Зоран Заев е лицемерен и манипулативен. Талат Џафери и владеачкото мнозинство намерно не ја ставија седницата за петтиот пакет на мерки на дневен ред во четвртокот, затоа што истата ќе беше изгласана со кворум на ВМРО-ДПМНЕ, а тие ќе немаа можност за театар“ соопшти партијата.
Како што додаваат оттаму, се што прави Зоран Заев денеска е само театар, а за неговата претстава да биде целосна ги тера пратениците да прават кривично дело, да го загрозуваат јавното здравје и да кршат здравствени прописи за време на пандемија.
„ Главното прашање е зошто пратениците може да ја кршат изолацијата, а граѓаните се затворени дома ? Заев свесно го прави ова и за истото ќе има одговорност, доколку беше чесен и искрен мерките ќе беа изгласани во четвртокот, но Заев го интересира само ситна политичка корист, а не граѓаните и државата“ предупредуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија3 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш