Контакт

Македонија

Mониторинг: Во Велес, Крива Паланка и Неготино намалени активностите поврзани со паднемијата

Објавено пред

Локалните власти на Велес, Крива Паланка и Неготино, во вториот месец од вонредната состојба и постепеното олабавување на мерките за заштита, ги намалија активностите и информациите поврзани со пандемијата предизвикана од КОВИД-19. Ваков е заклучокот од мониторингот спроведен од НВО Инфоцентарот во овие општини.

Кризните штабови поретко се состануваат, а општинската администрација почна со редовна работа, во согласност со препораките и протоколите на Владата. Донациите, исто така, се намалија, додека спроведените јавни набавки најчесто се со мала вредност или се со поедноставена отворена постапка.

Во заклучоците од мониторингот е наведено дека заради здравствената криза дел од општините ги ревидираат и ги кратат буџетските средства за определени области, како на пример, културата и финансиската поддршка на граѓанските организации. Општина Крива Паланка веќе донесе одлука годинава да не издвојува средства за локалните граѓански организации, а општина Велес доцни со одлуката за распределба на средства наменети за граѓанските организации.

Иако, општините од една страна, располагаат со ограничени финансиски средства, а од друга страна се соочени со големиот предизвик да се справат со постојната здравствена криза, сепак, од НВО Инфоцентарот порачуваат поддршката за локалните граѓански организации да не секнува. Укинувањето или задоцнетата финансиска поддршка, како што велат, дополнително ќе го заслабне локалниот граѓански активизам и ќе ги оневозможи граѓанските организации да им даваат помош и услуги на ранливите категории граѓани, но и да работат на проблеми кои се исклучително важни/ суштински и во време на криза, како на пример, доброто владеење, инклузивноста, транспарентноста и отчетноста на властите и на институциите, културата, заштита на животната средина. Секако, доделувањето финансиска поддршка треба да се одвива според јасни и транспарентни критериуми и процедури, како и да не се практикува пред и за време на избори.

„Едновремено, препорачуваме општините Крива Паланка и Велес засилено да го поттикнуваат активното функционирање на месните заедници како основна форма на вклучување на граѓаните во процесите на консултација, креирање и спроведување на локалните политики. Комуникацијата со претседателите на месните заедници треба да биде постојана, а што се однесува, пак, до општина Неготино, препорачуваме локалните власти што побрзо да го започнат процесот на формирање месни заедници особено во руралните средини“, велат од НВО Инфоцентарот.

НВО Инфоцентарот, мониторингот на работата на општините и вклучувањето на граѓаните за време на здравствената криза, го реализира во соработка со граѓанските организации од Крива Паланка, Велес и Неготино – Спектар, Активо и СПО Кул, и се однесува на периодот април – мај 2020 година. Оваа активност се спроведува во рамки на проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, финансиски поддржан од Меѓународниот центар „Улоф Палме“ од Шведска.

Македонија

Зиадин Села: Арачиново е симбол на големи промени и пресврти

Објавено пред

Коалицијата Алијанса и Алтернатива вчера го одржаа претпоследниот митинг во Арачиново.

Села пред луѓето на Арачиново зборуваше за програмата и политичката визија на Коалицијата АА-ААА, потенцирајќи дека Арачиново отсекогаш бил промотор на промените и местото каде се случија големите пресврти.

„Не се сомневам дека на 15 јули Арачиново ќе го врати своето достоинство и ќе го заземе своето заслужено место, имало многу точки на пресврт и промени во важни историски периоди“, рече Села.

„Вашето масовно присуство тука вечерва јасно докажува дека сега сте решиле да ја направите промената и ве поканувам да ја запечатиме оваа голема победа на коалицијата„ Сега е време “во Арачиново, заради симболиката што го има Арачиново “, додаде тој.

Села понатаму додаде дека ниту Љубе ниту Зоран не можеле да пијат кафе во Арачиново, затоа што Арачиново е на Албанците и ќе остане така засекогаш.

Завршниот митинг на Коалицијата „Сега е време“ ќе се одржи вечерва со почеток во 20:00 часот пред Владата.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Заев: Го бараме вашиот глас за да продолжиме напред уште побрзо

Објавено пред

Пред нас во среда се важни избори на кои секој од нас треба да каже во кој правец кој ќе се движи нашата земја, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев

Тој вели дека понудените опции се оптимизам, надеж и шанса од едната страна, а од другата мрак, црнила и недоличен хумор.

„Тоа е разликата – од едната страна достоинствена кампања, со сите мерки на заштита од Ковид, од другата страна опасна кампања – со сите прекршувања на мерките и сите лоши зборови кои ги чувме од нивна страна. На 15 јули одлучуваме дали ќе растат платите на граѓаните, или ќе се полнат џебовите на луѓето на Груевски. Изборот е едноставен, но работата не е однапред завршена. Дали ќе одиме напред зависи од секој од нас, од секој од вас. На овие избори гласот за СДСМ е глас за сигурност, гласот за ВМРО-ДПМНЕ е глас за враќање назад, за опасност од нов режим“, рече Заев.

Тој го побара гласаот на граѓаните за нов мандат со цел, како што вели, да ги продолжат добрите политики.

„За да продолжиме напред уште побрзо. Да не ја испуштиме шансата што заедно ја создадовме за нашата татковина. Во среда, на 15 јули да гласаме за да продолжиме напред кон развој, кон интеграција, кон економски раст и повеќе пари за сите… и конечно кон правда“, додаде Заев.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Мицкоски: Победата на ВМРО-ДПМНЕ е сѐ повеќе очигледна

Објавено пред

Се повеќе луѓе се приклучуваат и застануваат позади Обновата, победата на ВМРО-ДПМНЕ е се поочигледна, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Штип, каде остварил неколку работни состаноци и од партијата разговарале со младите луѓе, со здравствените и културните работници, претставници од реалниот сектор и бизнисот.

„Она кое што можам да го кажам е дека се прилично задоволни од сето она кое што ВМРО-ДПМНЕ го има вклучено во овие 1000 решенија содржани во 360 страни ‘Проект – обнова’. Имам впечаток дека се повеќе луѓе се приклучуваат и застануваат позади Обновата. Тоа се чувствуваше впрочем првиот ден уште од Охрид. Но, еве и потврда тука во Штип дека поддршката е голема. Поддршката е голема за реформите кои што ги предвидува ВМРО-ДПМНЕ, 1000 решенија. Јас би сакал уште дополнителни 1000 решенија на проблеми да вклучиме во овој четиригодишен мандат. Но, најпрвин ќе треба да отпочнеме, да видиме сето она кое што ќе го затекнеме, а и информациите се дека навистина ситуацијата е многу лоша. Но, ние сме тука, подготвени сме, мотивирани сме. Не мотивира поддршката од народот која што секојдневно ја добиваме и цениме дека успешно ќе се справиме со сите предизвици кои што ќе се испречат на нашиот пат, во реализирање на наша крајна цел“, рече Мицкоски.

Тој изрази задоволство од кампањата, истакнувајќи дека поминале прекрасни 19 дена низ Македонија и на средбите со граѓаните.

„Позитивна енергија, голема надеж, тоа обврзува, ние навистина тоа дополнително не мотивира да истраеме во оваа наша битка и ценам дека ќе успееме и ќе направиме една поинаква Македонија споредено со ова што денеска имаме понижена, омаловажена. Но, тоа е завршена работа, за два дена од денеска ќе победи Обновата на Македонија и македонските граѓани ќе може да се радуваат“, изјави Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион2 часа

Во Србија 11 починати и 287 новозаразени од коронавирус

Според најновите податоци во изминатите 24 часа во Србија починале 11 лица, а новозаразени со ковид-19 се 287. На распиратори...

Свет3 часа

Унгарија воведува нови мерки за влез од ризични земји како Македонија

Унгарија воведува нови рестрикции за патници на граничните премини поради спречување на ширењето на коронавирусот, најави унгарскиот премиер Виктор Орбан....

Топ6 часа

Се удави скопјанец во езерото Младост

Дваесет и осумгодишен скопјанец вчера се удави во водите на езерото Младост во Велес. Според информациите од МВР, М.С. влегол...

Регион6 часа

Ребиќ: Странски служби ја рушат Србија

Директорот на српската полиција, Владимир Ребиќ истакна дека зад насилните протести во Србија, стојат странски разузнавачки служби. Според него, тие...

Топ6 часа

Приведени и казнети „диви тркачи“ од скопските улици

Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна бебзедност во координација со Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за...

Свет7 часа

Турист во Шпанија загинал по пад од тераса, а усмртил уште еден човек

Турист во Шпанија починал откако паднал од тераса на хотелот каде бил сместен, а усмртил и друг маж, кој во...

Свет7 часа

Во Бразил над 35 илјади нови случаи, сопругата и ќерките на Болсонаро негативни на ковид-19

Во Бразил во последните 24 часа се регистрирани нови 35.512 случаи на ковид-19, а починале уште 1.071 пациент. Од почетокот...

Свет7 часа

Трамп првпат во јавност се појави со заштитна маска

Американскиот претседател Доналд Трамп ја посети воената болница во предградие на Вашингтон и првпат во јавност носеше маска поради пандемијата...

Македонија8 часа

Мицкоски со писмо до народот: Ви ветувам макотрпна работа и обнова на државата

Кус е периодот во кој можевте да ме запознаете, да стекнете впечаток за мене и за она што го преставувам...

Регион20 часа

(Видео) Петти ден протести во Србија, демонстрантите во Нови Сад ја блокираа полициската станица

И вечерва граѓаните на Нови Сад излегоа на протест на улиците и на половина час ја блокираа полициската станица „Стар...

Македонија22 часа

Од коронавирус почина 24-годишна пациентка од Тетово, немала хронични заболувања

Вчера на Инфективната клиника почина 24 годишна пациентка од Тетово од Ковид-19. Таа е еднa од најмладите пациенти во земјава...

Македонија1 ден

Нови 199 заболени и осум починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 199 нови случаи на...

Топ1 ден

Мaж нападнал четири лица во авто-кампот „Градиште“, има повредени

Доцна синоќа во полицијата било пријавено насилство кое се случило во авто-кампот „Градиште“ во Охрид. Според пријавеното, А.К.(32), кој претходно...

Регион1 ден

Хрватска, Албанија и БиХ бележат рекордни бројки на новозаразени од појавата на пандемијата

Во регионот деновиве забележан е пораст на бројот на заболени од ковид-19. Во Хрватска, Албанија и БиХ денеска е регистриран...

Македонија1 ден

Пендаровски за геноцидот во Сребреница: Идеите за етнички чисти територии секогаш водат кон трагедии

Претседателот, Стево Пендаровски, упати порака по повод 25-годишнината од геноцидот во Сребреница. „Пред 25 години се случи геноцидот во Сребреница...

Регион1 ден

Грција бара санкции за Турција: „Ердоган направи историска грешка“

Атина ќе изврши притисок врз меѓународните организации и ЕУ да воведат санкции кон Турција, поради промената на статусот на музејот...

Македонија1 ден

Уште два дена кампања

Уште два дена ќе трае предизборната кампања за парламентарните избори кои ќе се одржат в среда. Денеска и утре политичките...

Македонија1 ден

Свети Николе станува ново жариште на коронавирусот, двете фабрики се затворени

Во Свети Николе вчера беа регистрирани 29 новозаразени од ковид-19, за првпат во овој град, кој станува ново жариште на...

Македонија1 ден

Рекорден број на заразени и излечени во земјава за едно деноноќие

Во Македонија вчера беше регистриран рекорден број на новозаразени и излечени пациенти во последните 24 часа. Како што информира Министерството...

Македонија1 ден

Дел од болницата „8-ми Септември“ ќе се пренамени за пациенти кои не се заболени од ковид

Во наредните десетина дена почнуваат подготовки за ослободување на дел од капацитетите во ГОБ „8ми Септември“, најави министерот за здравство,...

Досие