Македонија
Македонија доби покана за пристапување кон конвенцијата за заедничка транзитна постaпка
Генералниот секретаријат на Советот на Европските заедници, како депозитар на Конвенцијата за заедничка транзитна постапка и Конвенцијата за поедноставување на формалностите при трговија со стока, по претходна одлука на Мешовитата комисија, до Мисијата на Македонија во Европската Унија, испрати покани за пристапување на Македонија кон овие конвенции.
„Добивањето на поканите од Генералниот секретаријат на Советот на Европските Заедници е единствен начин за пристапување кон споменатите конвенции. Истите следат по успешно спроведената оценска мисија од страна на Мешовитата комисија, во рамките на која позитивно беше оценета подготвеноста на Република Македонија за пристапување кон конвенциите од аспект на степенот на усогласеност на националното царинско законодавство во делот на транзит и обрасците и начинот на пополнување на Единствениот царински документ (ЕЦД), усогласеноста на националниот нов комјутеризиран транзитен систем (НКТС) со барањата на Конвенцијата за заедничка транзитна постапка, обученоста на царинските работници, економските оператори и другите учесници во заедничката транзитна постапка и соодветна организациона поставеност на Царинската управа согласно барањата на заедничката транзитна постапка“, соопштуваат од Царинската управа.Пристапувањето на Република Македонија кон споменатите конвенцииофицијално треба да се случи на 1 јули 2015 година.Заедничката транзитна постапка на економските оператори ќе им овозможи полесно и побрзо движење на стоката, поедноставување на царинските формалности преку електронска обработка на податоци при спроведување на истите и намалување на трошоците на постапката со овозможување на користење на електронски транзитни декларации и спроведување на транзитната постапка со единствен транзитен документ и единствена транзитна гаранција од било кое место на поаѓање до било кое одредиште во рамките на договорните страни на конвенциите. На Царинската управа на Република Македонија заедничката транзитна постапка ќе и овозможи зголемување на ефикасноста и ефективноста на транзитната постапка, унапредување на системите за превенција и откривање на измами, како и зголемување на безбедноста при спроведување на транзитните операции.На Република Македонија во целина, спроведувањето на заедничката транзитна постапка ќе и овозможи исполнување на еден од условите за пристапување кон Европската Унија и ќе ја доближи на чекор од Царинската унија./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Шкријељ: Понудата на ДПМНЕ е понуда за блокада на ЕУ, над 80 проценти од листите се истите пратеници
Составот на кандидатските листи за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ потврди дека нема никаква промена во оваа партија. Ова е понуда за блокада на европскиот пат на државата, тоа е кристално јасно, истакна на денешната прес-конференција Санела Шкријељ, пратеничка на СДСМ.
„Над 80% од предложените кандидати за пратеници се истите кои досега спроведуваа активна блокада на македонското Собрание.
Освен блокада на европскиот пат на државата повеќе од 2 години Собранието е под опструкции, блокади, кочење, од страна на ВМРО-ДПМНЕ
Наместо за интересот на граѓаните и државата се спроведуваа теснопартиски инетерси а често слушнавме и навреди и омаловажувања кон жените-пратенички.
Во време на криза во Собранието ја блокираа помошта за граѓаните и компаниите.
Беа против минималната плата и раст на платите и против членството на државата во ЕУ.
Тропаа и вревеа со вувузели во парламентот“, вели таа.
Оценува дека граѓаните беа сведоци на одолговлекувања, бесмислени реплики, штанцање илјадници амандмани за блокада на законите, незакажување седници и неставање на дневен ред на клучни закони во парламентарните комисии, предводени од опозицијата.
Со истите лица на листите, Белата палата, според Шкријељ потврдува дека се определува за блокада на европскиот пат на државата. Со ДПМНЕ е можно само враќање назад.
В„о ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена и не можат да донесат никакви промени на подобро, напротив.
Затоа, кристално јасно е.
Изборот пред граѓаните на претстојните избори ќе биде помеѓу надеж и просперитетна европска иднина со СДСМ и безнадежност, враќање 10 години назад со ДПМНЕ далеку од ЕУ“, прецизира пратеничката на СДСМ.
Скопје
В недела посебен сообраќаен режим во Скопје
Министерството за внатрешни работи известува дека на 31.3.2024 (недела), со почеток во 9 часот, поради одржување атлетска трка на 10 км, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот на манастирот „Св. Пантелејмон“ и обратно, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници на сообраќајниците на кои ќе се одвива настанот.
Македонија
Левицата: Решението за градба кај болничкиот комплекс Воена болница да се поништи веднаш
„Го повикуваме градоначалникот Стевчо Јакимовски да ги почитува законите и да го поништи Решението за градба на 17-катницата кај Болничкиот комплекс „Воена болница“, истакнуваат од Левица.
Потсетуваат дека политичката партија Левица повеќепати укажа на штетноста од градбата на повеќекатницата на истата локација, паралелно организираше протест на којшто граѓаните јавно го искажаа незадоволството од своеволието на градоначалникот и инвеститорите за противзаконската одлука на истите да почнат со градба на зграда за којашто немаат законска дозвола.
„Од пред неколку дена е правосилно Решението со кое се поништува незаконски позитивното конзерваторско мислење, кое се обидоа да го издејствуваат инвеститорите, а истото, по наши сознанија, е пристигнато во Општината на 21.3.2024 година, по што градоначалникот треба веднаш во законски рок да постапи по истато. За жал, Решението за градба уште не е поништено.
Од општинската администрација не даваат одговори по однос на прашањето по Решението со кое се одбива жалбата на инвеститорите, но успеавме да го добиеме, бидејќи е информација од јавен карактер“, дообјаснуваат од оваа партија.
Го повикуваат градоначалникот Стевчо Јакимовски во пресрет на изборната претседателска кампања да се одважи, како што велат, да ги испочитува законите и да го поништи Решението за градба веднаш, како би докажал пред граѓаните дека, навистина, ги застапува нивните интереси“.