Контакт

Македонија

Македонија ќе учествува во програмата EU4Health, вредна 4,4 милијарди евра

Објавено пред

Министерот за здравство, Азир Алиу, на денешната прес-конференција информираше за потпишувањето на Договорот за учество на нашата држава во програмата EU4Health, што претставува значаен чекор кон натамошно приближување на македонскиот здравствен систем до европските стандарди и политики.

„Со потпишувањето на Договорот за EU4Health во Брисел направивме важен исчекор за македонското здравство. Станува збор за најголемата програма на Европската Унија во областа на здравството. Пристапувањето на нашата држава претставува силна потврда за европската перспектива на земјата и за довербата во реформите што ги спроведуваме“, истакна министерот Алиу.

Тој посочи дека програмата отвора широк спектар можности за развој на проекти во областа на дигитално здравство, превенција и рана детекција на болести, скрининг програмите, онкологија, кардиоваскуларно здравје, ментално здравје, подготвеност за здравствени кризи, пристапот до лекови и медицински производи, како и за јакнење на здравствениот кадар.

Министерот појасни дека EU4Health располага со оперативен буџет од 4,4 милијарди евра и претставува најголемата инвестиција на Европската Унија во здравството. Со пристапувањето кон програмата, Македонија добива можност активно да учествува во европски повици, грантови, јавни набавки, заеднички акции и партнерства со институции од земјите членки и државите учеснички.

„Договорот предвидува ослободување од ДДВ, царини и други фискални давачки за добра и услуги финансирани преку програмата. Тоа е важно бидејќи европските средства треба во најголема можна мера да бидат насочени кон реализација на проекти од јавен интерес и кон подобрување на здравствените услуги за граѓаните“, нагласи Алиу.

Вистинскиот успех нема да се мери само со формалното пристапување кон програмата, туку со способноста европските можности да се претворат во конкретни резултати за здравствениот систем и за граѓаните.

„Како Министерство сме подготвени и веќе од наредната недела почнуваме со следната фаза – активно презентирање на програмата, мапирање на потенцијалните корисници и подготовка на институциите за учество во европските повици. Нашата цел е оваа можност да ја доближиме до универзитетите, медицинските факултети, клиниките, болниците, институтите, професионалните здруженија, пациентските организации и сите релевантни чинители во здравствениот систем“, истакна министерот.

Министерството за здравство останува посветено на искористување на сите расположливи европски механизми за унапредување на здравствената заштита, развој на современи здравствени услуги и создавање поотпорен, поефикасен и подостапен здравствен систем за граѓаните.

Најново

Спорт3 часа

(Видео) Олимпијакос од -28 до триумф во Валенсија, Црвена звезда со звукот на сирената победи во Вилербан

Кошаркарите на Олимпијакос ја победија Валенсија по продолжение со 102:97 во петтото коло од Евролигата. Нестварен натпревар одиграа овие два...

Спорт3 часа

(Видео) Интер и Баерн се изрезилија во Лигата на шампионите

Првиот ден од второто коло, во Лигата на шампионите, донесе два шоканртни резултати. Интер загуби на домашен терен од Бриж...

Спорт3 часа

(Видео) Атлетико го победи Манчестер Јунајтед, Барселона со блиц-криг славеше во Истанбул, Виљарела по пресврт го победи Наполи

Атлетико Мадрид го победи Манчестер Јунајтед со 2:0 (1:0) во Лигата на шампионите и ја продлабочи кризата на „црвените ѓаволи“....

Свет5 часа

Вадефул: Украина не ја започна војната, Русија мора да го направи првиот потег

Русија мора да биде првата што ќе „направи потег“ и ќе покаже дека е подготвена да преговара за ограничен прекин...

Свет5 часа

Захарова: Киев се обидува да ги дестабилизира пазарите на енергија и храна

Режимот во Киев намерно се обидува да го дестабилизира пазарот на енергија и храна со напаѓање на танкери, изјави Марија...

Свет5 часа

Кралот на Шпанија: Суверенитетот и територијалниот интегритет над Сеута не се предмет на преговори

Суверенитетот и територијалниот интегритет на Шпанија над Сеута, енклава на северот од Африка, се несомнени и не се предмет на...

Забава5 часа

Се заљубуваат, па бегаат: хороскопски знаци кои се повлекуваат токму кога некој им станува важен

Според астрологијата, овие четири знаци знаат да се повлечат токму кога ќе почнат да чувствуваат нешто сериозно. Кореспонденцијата трае до...

Забава6 часа

Мајкл Даглас открива што му го спасило бракот со Кетрин Зета-Џонс

Мајкл Даглас објасни дека тој и неговата сопруга Кетрин Зета-Џонс морале да се променат за да го спасат својот брак...

Спорт6 часа

Историски триумф на Сабах во Лигата на шампионите, Спортинг победи во Ленс

Фудбалерите на Сабах ја забележаа својата прва победа во Лигата на шампионите, вечерва ја победија ја Славија Прага во Баку...