Контакт

Македонија

Македонски Концепт: Ако нема гаранции за членството во ЕУ, тогаш Преспанскиот договор бил договор без гаранција

Објавено пред

„Длабоко ја уважуваме изјавата на европската комесарка Марта Кос дека ‘нема гаранции’ за членството на Македонија во Европската Унија, што претставува исклучително важна политичка констатација, која заслужува сериозна јавна и институционална дебата“, велат од Македонски Концепт.

„Доколку навистина не постојат гаранции дека исполнувањето на преземените обврски ќе доведе до членство во Европската Унија, тогаш логично се наметнува заклучокот дека и Преспанскиот договор бил прифатен без реална гаранција за европската перспектива на државата. Референдумското изјаснување во 2018 година се темелеше токму на таквите „ЕУ гаранции“, кои сега магично исчезнаа. Со тоа, паѓа во вода наративот дека болните и длабоки национални отстапки направени во минатото биле неопходни затоа што претставувале сигурен пат кон европското членство.

Македонски Концепт отсекогаш предупредуваше дека секој меѓународен договор мора да биде заснован на принципите на реципроцитет, правна сигурност и меѓусебна доверба. Процес во кој едната страна, Македонија постојано презема нови обврски, а другата ЕУ не нуди никаква извесност за конечниот исход, не претставува стабилно партнерство, туку процес кој природно ја поткопува довербата на граѓаните. Нашата стратешка определба останува полноправното членство во Европската Унија. Но, европската интеграција мора да биде процес заснован на јасни правила, еднакви критериуми и предвидливост, а не на постојано отворање нови политички условувања без јасен крај.

Штом ЕУ официјално ги повлекува гаранциите од Преспанскиот договор, тогаш сосема легитимно е Македонија да ја тргне „северна“ од внатрешна употреба, токму согласно одредбите на тој договор. Бараме Владата итно да преземе чекори во таа насока. Во рамки на владината Коалиција „Твоја Македонија“ во која партиципираме, ова ќе биде отворено прашање од наша страна.

Македонија заслужува чесен и предвидлив европски процес. Само така може да се обнови довербата на македонските граѓани во европската идеја“, се наведува во соопштението на Македонски Концепт.

Најново

Македонија16 минути

Шасивари побара размена на искуства и експертска помош од САД во областа на кривичното законодавство

Министерот за правда Јетон Шасивари денеска се сретна со Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на Мисијата во Амбасадата на...

Македонија32 минути

Општина Илинден в петок, на 24 јули, ќе го прослави Денот на Општината, Илинден: ќе пеат Јордан Митев и Антониа Гиговска

Општина Илинден и оваа година со свечена програма ќе го одбележи Денот на Општината – „Илинден 2-ри Август“. Свеченоста ќе...

Македонија42 минути

Втора надзорна расправа за заштита од семејно насилство: потребен е систем кој се прилагодува на жртвата, а не жртвата на системот

Собраниската комисија за еднакви можности на жените и мажите го одржа второто продолжение на надзорната расправа на тема: „Спроведување на...

Македонија52 минути

СДСМ: Не само морална одговорност – туку кривична за целата криминална структура ВМРО

Очекувањето на премиерот Христијан Мицоски морална одгворност да понесе целата локална самоуправа во Гостивар откога 3.100 лица се пожалија на...

Македонија1 час

Мисајловски од Командата за обука и доктрини во Велес: 11 милиони денари се вложуваат за обнова на касарната

„Целосна реконструкција следи насекаде во касарните, но еве овде може да видиме на лице место дека има поголема динамика“ рече...

Соопштенија1 час

СДСМ: Градоначалникот Орце да открие кој ја направил срамната графика и колку е платено

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, мора веднаш да ги објави податоците за фирмата која го изработила графичкиот дизајн на срамниот...

Македонија1 час

3100 лица од Гостивар побарале помош за стомачни проблеми, има деца од една-две години и возрасни од 80 години, кажа Клековски

Бројката на лица кои побарале помош од здравствените работници поради стомачни проблеми, дијареа, а некои и треска, денес се искачи...

Спорт2 часа

Златниот медал ѝ го даде на мајка си: Јадев го.на, одев по го.на, а сега ги допрев ѕвездите

Нико Вилијамс (24) пред две години беше незаменлив во шпанскиот поход кон европската титула. Левото крило на Атлетик Билбао, со...

Македонија3 часа

Ветува ли ДПМНЕ уривање на дивоградбите, вклучително и хотелот на Мијалков, за да бара уште шест години од УНЕСКО, прашуваат од Левица

Владата барала од УНЕСКО да ѝ даде рок од шест години за да постапи во однос на забелешките за заштита...