Контакт

Македонија

Манасиевски: На Венко Заев му смета македонската дијаспора да гласа, Апасиев алчен за повеќе пари, затоа се здружија со над 10 илјади амандмани да го блокираат Изборниот законик

Објавено пред

„Иако со месеци се работеше на консензус на сите политички партии за носење на нов Изборен законик, коалицијата на Венко Заев и Апасиев излезе повторно на виделина и со над 10 илјади амандмани здружено го блокираат реформскиот закон, односно Изборниот законик. Венко Заев и СДС свесни дека поддршката ја губат се повеќе и повеќе, директно се спротивставуваат за тоа македонската дијаспора да гласа по електронски пат, со единствена цел да го намалат оној убедлив пораз којшто им следува на следните парламентарни избори“, кажа Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Венко Заев се плаши од народот и сега, откако претходно го избрка народот од сопствената држава, денеска тој се противи истите тие луѓе кои си отидоа надвор од државата токму поради него и Зоран Заев, да гласаат по електронски пат.

Затоа Венко Заев и СДС одат директно против македонската дијаспора и нејзиното гласачко право.

Од друга страна, Апасиев и Левица алчни за пари, иако претходно им беа прифатени сите нивни барања да бидат внесени во новиот Изборен законик, а тие се однесуваа стриктно само на тоа да добијат што повеќе пари како политичка партија, истите денес го блокираат Законот.

Апасиев и Левица сакајќи да глумат тврдокорни пред своето мало гласачко тело, рекоа дека нема да се потпишат за носење на новиот Изборен законик, а притоа ќе повториме дека сите нивни барања беа прифатени, а се однесуваа стриктно на поголема финансиска можност во делот на финансирање на нивните кампањи.

Алармот се вклучи токму кога Венко Заев и Апасиев сфатија дека рејтинзите им одат надолу, па заеднички здружено поднесуваат десетици илјади амандмани, со цел да си создадат алиби за поразот на следните избори.

ВМРО-ДПМНЕ и натаму стои со отворен предлог да ги повлечат амандманите, да поднесат амандмани за начинот на гласање и за начинот за поднесување на преговори, а тие да ја поддржат дијаспората да гласа по електронски пат на следните претседателски избори, со кои како држава ќе заштедиме огромна сума на пари“, изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Најново

Спорт24 минути

(Видео) Реал испишти 0:2 во Елче, па победи во 92-та минута

Реал Мадрид успеа да извлече победа во шестото коло од Ла Лига. Тимот на Жозе Мурињо го победи Елче со...

Спорт51 минута

(Видео) Лига куп: Рутински победи на Ливерпул и Арсенал

Ливерпул и Арсенал изборија пласман во осминафинбалето, во Лига купот на Англија. Ливерпул го победи Тотенхем со 3:1, додека Арсенал...

Свет1 час

Ник Рајнер е обвинет за убиство на своите родители: нема да се соочи со смртна казна

Канцеларијата на окружниот обвинител на Лос Анџелес во вторникот објави дека нема да бара смртна казна за Ник Рајнер, синот...

Забава1 час

(Фото/Видео) Овојпат без сопругот: повторно привлече внимание со длабокото деколте

Пенелопе Круз е вистинска инспирација кога станува збор за елегантна мода, а нејзиното најново појавување ги освои дури и најстрогите...

Европа2 часа

Русија сака да ги обнови преговорите со Украина; Лавров: Имаме што да кажеме

Русија е подготвена да ги продолжи преговорите за војната во Украина, изјави во вторникот рускиот министер за надворешни работи Сергеј...

Спорт2 часа

(Видео) Димитриевски одличен, Валенсија прв пат победи во новата сезона

Фудбалерите на Валенсија победија како гости кај Алавес со 1:0 во натпреварот од шестото коло на Шпанското првенство. За тимот...

Спорт2 часа

Хамес Родригез се повлече од националниот тим

Хамес Родригез одлучи да ја заврши својата репрезентативна кариера на 35-годишна возраст. Долгогодишниот капитен на Колумбија ја објави одлуката во...

Европа2 часа

Лукашенко сака да си ги врати парите: за возврат, САД бараат ослободување на затворениците

Белорускиот претседател Александар Лукашенко доби ветување од САД дека Вашингтон ќе побара од американските банки да одмрзнат десетици милиони евра...

Македонија3 часа

Апасиев ја објави отфрлената пријава за закана: „Да собираме пари за погреб на Апасиев“, „смрт“, „бензин и кибрит“ за Обвинителството биле политички говор

Претседателот на Левица и пратеник Димитар Апасиев објави дел од списите од предмет во кој, како што наведува, пријавил повеќе...