Контакт

Македонија

Маричиќ од Кишињев: ДИК со Меморандум ја зајакнува соработката со регионот за избори според европски стандарди

Објавено пред

Делегација на Државната изборна комисија (ДИК), составена од претседателот Бојан Маричиќ и членовите Дитмире Шеху и Светлана Карапетрова, зеде активно учество на седмата Регионална конференција „Парите во политиката 2026“, која се одржа во Кишињев, Република Молдавија, на која Маричиќ, во име на институцијата го потпиша Меморандумот за разбирање меѓу изборните власти на Република Северна Македонија, Република Албанија, Република Молдавија и Украина.

Со потпишување на меморандумот државите потписнички, кандидатки за членство во ЕУ, воспоставуваат рамка за интензивна соработка во областа на заштитата на изборниот интегритет и демократската отпорност. Потпишувањето се случи непосредно по завршното обраќање на претседателот Маричиќ, на завршната сесија заедно со Ангелика Караман, претседателка на Централната изборна комисија на Република Молдавија, Илирјан Целибаши, државен изборен комесар на Албанија и членот на Централната изборна комисија на Украина, Андриј Јевстихниеиев, со што институциите-потписнички ја формализираа својата заедничка заложба за промовирање на слободни и фер избори, усогласување на националните законодавства со вредностите на Европската Унија, борба против изборната корупција, транспарентност на финансирањето и справување со хибридните закани.

Претседателот Маричиќ се обрати и како главен говорник на првата пленарна сесија посветена на „Европскиот штит за демократија“, на која ја истакна неопходноста од системска интеграција на изборните тела во европските механизми за заштита, нагласувајќи дека регионалната соработка и размената на искуства се клучни за ефикасно справување со модерните предизвици, како што се нелегалните финансиски текови, злоупотребата на криптовалутите во изборните кампањи и влијанието на дигиталните манипулации.

„На нашиот пат кон ЕУ, насоките од ‘Европскиот демократски штит’ мора да ги преточиме во национални решенија. Изборниот интегритет во дигиталната ера не трпи изолираност и поединечни одговори“, рече Маричиќ, додавајќи дека изборните власти мора да имаат блиска соработка со цел навремено да ги препознаат и спречат современите облици на дигиталното влијание, кои се повеќе го обликуваат изборниот простор.

На маргините на конференцијата, делегацијата на ДИК оствари средба со раководството на Централната изборна комисија на Република Молдавија и Агенцијата за спречување на корупција на Црна Гора. На средбата се разговараше за продлабочување на меѓуинституционалната соработка и за конкретни чекори за практична примена на одредбите од потпишаниот Меморандум.

Делегациите разговараа за важноста од интензивна размена на добри практики во областа на транспарентноста на политичкото и изборното финансирање, како и за механизмите за борба против изборната корупција. Соговорниците се согласија дека овој тип на директна соработка е неопходен за развојот на професионалните капацитети на изборната администрација и за успешно усогласување на националните системи со стандардите и вредностите на Европската Унија.

Овогодинешната регионална конференција „Парите во политиката“, насловена: „Од виртуелни пари до реално влијание: Нови граници на демократската отпорност“, организирана од Централната изборна комисија на Молдавија во партнерство со International IDEA, Советот на Европа и UNDP, собра над 100 претставници на изборни органи, антикорупциски тела, меѓународни и граѓански организации од над 20 држави, и претставуваше клучна платформа за креирање стратешки одговори на современите закани за демократијата.

На 6 тематски панели свои излагања имаа над 30 меѓународни говорници, вклучително и претставници на Европската комисија, Венецијанската комисија, како и водечки експерти од International IDEA, Советот на Европа и UNDP, на кои учесниците разменија добри практики за надзор на изборните кампањи во дигиталната ера, при што потпишувањето на Меморандумот ја означи трајната посветеност на изборните власти кон јакнење на институциите и европските стандарди.

Најново

Спорт1 час

Раул Гонзалес го напушти РК Партизан

Во ист ден, ракометниот клуб Партизан остана без претседателот на Управниот одбор, тренерот, Раул Гонзалез и еден од најдобрите ракометари,...

Спорт3 часа

Сасуоло остана без тренер

Алберто Аквилани повеќе не е тренер на Сасуоло, објави италијанскиот клуб. „Клубот им се заблагодарува на тренерот и неговиот персонал...

Спорт3 часа

Кејн ја освои „Златната топка“, но не е меѓу 11-те најдобри играчи според гласовите на неговите колеги

Хари Кејн официјално е најдобриот фудбалер на планетата, но според неговите колеги, не е доволно добар за да биде во...

Свет3 часа

Жртви на свештеници-злоставувачи се сретнаа со Папата во Аргентина

Папата Лав се сретна со пет жртви на сексуално злоставување од страна на свештеници во Буенос Аирес, соопшти Ватикан. Ова...

Свет3 часа

САД: Русија и Украина се подготвени за компромис околу територијата

Во неофицијални разговори, Русија и Украина покажуваат одредена подготвеност за компромис околу територијата, во пресрет на новите мировни преговори што...

Свет4 часа

Трамп повторно тврди дека изборите во САД биле наместени

Претседателот на САД, Доналд Трамп, уште еднаш го доведе во прашање интегритетот на конгресните избори одржани на 3 ноември, на...

Свет4 часа

Мерц предупредува на пораст на антисемитизмот во Германија

Канцеларот Фридрих Мерц изјави дека Германија се соочува со тест за својата посветеност кон заштитата на еврејската заедница. Тој ја...

Македонија4 часа

МОН: Продолжува програмата „Суперучилишта“, средношколците од Македонија се поврзуваат со врсниците од регионот

Училишните размени имаат значајно и повеќеслојно позитивно влијание врз образовниот систем. Тие овозможуваат размена на позитивни практики, знаења и искуства...

Македонија4 часа

ОК ВМРО-ДПМНЕ Крива Паланка: Митовски се обидува проблемот со добитокот да го претвори во политичка тема

Денешната прес-конференција на градоначалникот Сашко Митовски, на која побара Владата да прогласи кризна состојба поради проблемот со неконтролираното движење на...