Контакт

Македонија

Мицевски: Државата има институционален капацитет за фер и демократски избори, техничката влада ги покажа слабостите

Објавено пред

На денешната собраниска седница се обрати Никола Мицевски, пратеник и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, кој истакна дека државата има капацитет да организира фер и демократски избори, притоа наведувајќи дека техничката влада ги покажала своите слабости во минатото и треба да биде укината.

Според него, првата техничка влада функционирала со одредени предизвици, но без сериозни нарушувања, за разлика од следните влади во кои, како што посочи, се појавиле „деформитети“ во работењето. Мицевски како преседан го посочи и разрешувањето на поранешната министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, оценувајќи дека тоа дополнително ја покажало нефункционалноста на техничката влада.

„Првата техничка влада функционираше на начин на којшто функционираше со одредени проблеми во функционирањето помеѓу министрите и помошниците министри, меѓутоа беше влада во која што не се појавија деформитетите кои што се појавија во следните влади. И да не заборавиме, тогаш се направи првиот и најголем преседан, поради кој деформитетот на техничката влада требаше веднаш да биде ставен на гласање, односно да се укине, а тоа е што во тој период разрешивте актуелен министер, предложен од ВМРО ДПМНЕ во името, ликот и делото на Рашела Мизрахи за техничка влада за која што опозицијата во тој момент даде име. И веќе тука таа техничка влада почна да ги покажува своите аномалии за кои што постоеше. Да не заборавиме дека во неформални разговори сите вие до еден, ама сите до еден што сега сте опозиција, тогаш бевте на власт и имате давано свои видувања на целата работа и ставови. Дека техничката влада е непродуктивна, неконструктивна и ден порано треба да се укине. ВМРО ДПМНЕ и во фаза на опозиција го бараше ова. Да се потсетиме дека и во 2022 и 2023-та година како опозиција баравме укинување на техничката влада“, вели Мицевски.

Тој истакна дека техничката влада е ад-хок решение од минатото и дека државата денес има институционален капацитет да организира фер и демократски избори без ваков модел. Притоа, посочи дека и меѓународните партнери ја препознаваат подготвеноста на институциите.

„Конзистеноста на ставовите ВМРО ДПМНЕ ги продолжува и до ден денес, и а, морам да повторам дека таа техничка влада беше адхок решение за излез од кризата која што ја имаше во 2015та година, по 11 години Македонија мора да покаже и не само Македонија, тоа го покажуваат и нашите меѓународни партнери, дека сме способни да организираме фер избори без потреба на привремени вештачки пржински модели. Колеги од опозицијата, морам да ве потсетам, сведоци сте и вие, знае и македонската јавност, па Советот на Европа излезе со објаснување и не извади од постмониторинг процесот со што јасно укажа дека институциите во Република Македонија се спремни да ја водат оваа држава и да организираат фер и демократски избори“, рече Мицевски.

Најново

Свет3 минути

Со автомобил се забиле во златарница во Германија и украле вредни предмети, двајца уапсени

Драматичен грабеж се случил рано утринава во германскиот град Бајројт, каде тројца крадци со автомобил се забиле во златарница, од...

Свет9 минути

(Фото+видео) Руски дронови и ракети погодија повеќе украински региони, има загинати и десетици повредени

Четири лица загинаа, а 69 се повредени во руските напади низ Украина во изминатите 24 часа. Украинските власти на 15...

Македонија23 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Доста е со лажната загриженост на СДС, бројките и фактите ги рушат лагите на СДС економијата се мери со резултати, не со партиски пароли

Фактите се најдобар одговор на политичките конструкции на Филипче и СДС. Граѓаните ги видоа резултатите од ”економските експерти” од СДС...

Црна хроника29 минути

Две скопјанки завршиле на Ургентен со изгореници здобиени за време на семејна прослава

Две жени од Скопје, на возраст од 35 и 24 години, се здобиле со тешки телесни повреди од изгореници за...

Свет1 час

(Видео) Невиден бран мигранти кон Шпанија: крајбрежната стража спасила 1.488 луѓе од 14 чамци

Речиси 1.500 мигранти пристигнале во саботата на шпанските Канарски Острови, што е најголем број во еден ден од 2020 година,...

Регион1 час

Вучиќ за милијардите запленети во Унгарија: „Немојте да лажете, тоа се четири-пет милиони евра или така нешто“

Поранешниот српски претседател Александар Вучиќ се обиде да ја намали тежината на случајот со милијардите запленети во Унгарија, посочувајќи дека...

Македонија2 часа

СДСМ: Еден ден трета економија, друг ден банкрот – ММФ ги разби бајките на Мицкоски

Еден ден Мицкоски раскажува бајки и зборува за трета економија во Европа, а друг ден за банкрот ако има избори,...

Свет2 часа

(Видео) Голем пресврт во истрагата за милијардите во Унгарија: некој од осомничените можеби ги открил тајните скривалишта

Унгарските истражители можеби дошле до милијардите пронајдени на повеќе локации благодарение на договор со еден од осомничените или сведочење на...

Свет2 часа

Франција воведе забрана за продажба на пиротехника по насилните инциденти во училиштата

Франција привремено ја забрани продажбата на одредени пиротехнички средства по серијата инциденти во кои беа повредени наставници, директори и припадници...