Контакт

Македонија

Мицкоски до опозицијата: Кажете што сакате, ставете го на хартија и ние ќе го прифатиме, само да биде содржано гласањето на дијаспората

Објавено пред

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање, ја повика опозиција да се договори за Изборниот закон и рече дека власта ќе го поддржи секој нивен предлог во којшто ќе биде вклучено гласањето на дијаспората.

„Ние имавме 10 реформи, коишто требаше да ги завршиме. Коишто беа во грејс период со рок до крајот на јуни. Еве имаме одредено продолжување до средината на јули, меѓу нив е Изборниот законик. Ние цениме дека, вака како што е моментално, начинот на којшто гласа дијаспората, односно иселениците, не соодветствува на вистинскиот капацитет. Односно имаме неможност да тие излезат во доволно голем број да го реализираат своето право. Посебно иселениците во Австралија, Канада и останатите прекуокеански земји, тие треба 10 часа да летаат натаму-наваму за да го остварат своето право. И ние се обидовме да дадеме предлог којшто беше прифатен заедно со сите други измени коишто ги содржат препораките на ОБСЕ и ОДИХР. Завршено беше сè, потпишан беше законот. Пратеничката група на Левица не сакаше да го потпише, викаа ние се сложуваме со сè, фала ова што ни дадовте повеќе пари, еве нема проблем ќе си ги потрошиме. Ова сега што го прават нема никаква врска со вистината, ова е сега театар за мал број гласачи коишто сè уште им веруваат. Замислете овие луѓе да добијат можност да управуваат со некоја институција, што ќе се случи. И вака, ние не се потпишуваме со вас, знаете ние сме робоспиерови следбеници, не можеме со вас. Е така не може, ако сакате да учествувате, ќе мора да имате и одговорност. И така рековме, не може“, рече Мицкоски.

Тој ја повика опозицијата да се договори што сака, и повика ова прашање да се реши до 15 јули.

„И потоа настапи втората опозициска партија СДСМ, па поднесоа илјадници амандмани, секој си наоѓаше некаква забелешка. За да ние дадеме јасен предлог и кажеме вака. Седнете, договорете се во опозицијата што сакате, како сакате, дајте предлог во којшто ќе е вклучено гласањето на дијаспората и ние бланко го поддржуваме. Сè што сакате, ние бланко ќе ви поддржиме. Само дајте ова да го завршиме до 15-ти јули, за да може десетте чекори да ни бидат успешно завршени, за да можеме да идеме во следна фаза. Еве чекаме уште, неколку дена поминаа, сè уште немаме усогласен став на опозицијата. Кога зборувам, усогласен став на опозицијата, тука мислам на СДСМ, Левица, Демократската унија за интеграција и дел од пратеници коишто не знам сега како функционираат во рамките на Парламентот, но ајде еве вака ќе ги наречам пратениците на Зијадин Села, пратениците на Арбен Таравари. Тоа е сега во моментот опозиција“, рече Мицкоски.

Тој кажа дека владејачката група на пратеници во Парламентот има усогласен став којшто вели: кажете што сакате, ставете го на хартија и ние ќе го прифатиме, само да биде содржано гласањето на дијаспората.

„Една изборна, една изборна. Повеќе пари, повеќе пари. Еве ние ќе намалиме од кај нас, иако сме најголема политичка партија, нека биде за нив, немаме никаков проблем. Сè што мислат дека тие ќе направат, ние ќе го прифатиме. Но за жал еве, до денеска немаме сè уште никаков повратен одговор од страна на опозицијата“, рече Мицкоски.

Најново

Забава6 минути

Александра Пријовиќ во бикини што чини богатство: изгледа како бомба по второто породување

Српската пејачка Александра Пријовиќ повторно привлече внимание со своето модно издание, а овој пат во центарот на вниманието беше луксузно...

Европа32 минути

(Видео) Етна го парализираше воздушниот сообраќај на Сицилија, илјадници патници се погодени

Аеродромот Катанија во Сицилија ќе остане затворен до 2 часот наутро во петок поради вулканска активност на Етна, објави германската...

Свет38 минути

Путин: Ситуацијата во Пацификот не е едноставна

Рускиот претседател Владимир Путин учествуваше во вежбите на Тихоокеанската флота и одржа состанок посветен на безбедноста на источните граници на...

Свет41 минута

(Видео) Хеликоптер „Апачи“ се урна за време на воена операција во САД, двајца загинаа

Двајца американски војници загинаа во среда откако хеликоптер „Апачи“ што припаѓаше на воената база Форт Худ се урна на поле...

Европа46 минути

(Видео) Масовен украински напад со дронови, град на Крим без струја

Севастопол, пристанишен град на Кримскиот полуостров анектиран од Русија, повторно остана без електрична енергија по украинските напади со беспилотни летала,...

Свет50 минути

Ник Рајнер обвинет за убиството на своите родители: му се заканува смртна казна

Голема порота го обвини Ник Рајнер за убиствата во декември на неговите родители, холивудскиот режисер и актер Роб Рајнер и...

Забава58 минути

(Фото) Убавици од реалити шоу, модели – сите ја загубија битката со Георгина: поранешните девојки на Кристијано Роналдо

Познатиот фудбалер Кристијано Роналдо го кажа своето судбоносно „да“ на Георгина Родригез во Португалија на интимна церемонија. Јавноста дозна дури...

Забава1 час

(Фото) Безвременскиот дизајн се врати и е поубав од кога било

Секое лето носи неколку парчиња кои одеднаш се наоѓаат во центарот на вниманието, а оваа сезона, меѓу нив се издвојуваат...

Забава1 час

(Фото/Видео) Повторно се соблече и покажа зошто е една од најубавите жени на светот

Моделот и претприемачка Хејли Бибер повторно ги воодушеви своите следбеници на Инстаграм, каде што објави серија фотографии кои брзо собраа...