Контакт

Македонија

Мицкоски: Јасно е дека кај многумина има страв од избори, но изборите ќе бидат редовни, во 2028 година

Објавено пред

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на вчерашната изјава дека набрзо ќе има избори, посочи дека во моментот фокус на Владата се реформи и консолидирање, а избори како што рече ќе се одржат пролетта 2028 година.

„Има некои од партиите кои што се исплашија од таа изјава, јас следам. Но, мојот став вие го знаете. Мојот став е дека оваа година избори нема, оваа година е реформска и година на консолидирање. Јас би сакал да имаме редовни избори кои ќе се случат наскоро во пролета 2028 година. А дали 2027 година е опција, знаете дека ВМРО-ДПМНЕ е секогаш подготвено да оди на избори и да победи. Но, она кое што ние сега го правиме и го има нашиот фокус е тоа да испорачаме реформи и да ја зголемиме економската активност со што ќе го зголемиме и животниот стандард на граѓаните“, вели премиерот Мицкоски.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Министерството за здравство продолжува со поддршка и унапредување на статусот на медицинските сестри и акушерки

Објавено пред

Министерот за здравство, Азир Алиу, по повод одбележувањето на националната и европската недела на медицински сестри и акушерки, ја истакна клучната улога на медицинските сестри, техничари и акушерки како јадро на здравствениот систем – од превенција и дијагностика, до рехабилитација и поддршка на пациентите и нивните семејства.

-Министерството за здравство е посветено на зајакнување на човечките ресурси во јавните здравствени установи, при што се реализирани над 1.250 вработувања во јавноздравствениот сектор, од кои значителен дел се медицински сестри. Во насока на подобрување на економската состојба на здравствените работници, минатиот месец е потпишан колективен договор со Синдикатот на вработените во Клиничкиот центар и Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, со кој е предвидено покачување на платите од 7 проценти со мартовската плата, како и утврдена динамика за натамошен раст на платите во наредниот период, истакна министерот Алиу во обраќањето на свечената академија, во организација на Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки ЗМСТАМ.

Министерството останува посветено на континуирана надградба на здравствената инфраструктура, унапредување на статусот на медицинските сестри и акушерки, како и поддршка на нивното образование и професионален развој.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Филипче: Мицкоски лаже, македонскиот јазик е признаен во ЕУ

Објавено пред

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција изјави дека премиерот Христијан Мицкоски изнесува неточни тврдења за статусот на македонскиот јазик во европските процеси.

Тој оцени дека, како што рече, Мицкоски „лаже“ кога зборува за загрозување на јазикот.

„И кога го спомнувате јазикот. Многу битна тема, поради тоа што многу често се користи како изговор, премиерот го спомнува идентитетот, јазикот и така натаму. А тоа е само уште една тема на којашто гледаме дека човекот е лажго. Премиерот лаже. Прво, кажуваше дека со владата на Зоран Заев нема да добиеме датум за преговори, па добиваме. Па кажуваше дека јазикот е загрозен со Преспанскиот договор, дека имало некакви фусноти и така натаму, што излезе дека е лага. Па да повторам дека лажеше дека ќе го поништи и не го признава Преспанскиот договор. И после тоа дојде Францускиот предлог, во којшто јасно стои дека македонскиот јазик го признаваат сите земји членки на Европската Унија. Во Францускиот предлог, односно точно во преговарачката рамка стои македонски јазик. И со тоа бугарскиот парламент ја изгласа преговарачката рамка за нас. Таму стои македонски јазик. Ниту како е цитирано во Уставот, ниту фуснота. Чист македонски јазик“, потенцираше Филипче.

Со тоа, паѓа во вода и таа лага на премиерот дека некако македонскиот јазик е загрозен, додаде претседателот на СДСМ, потенцирајќи дека во преговарачката рамка стои чист македонски јазик, изгласан од сите земји членки на Европската Унија

„И тоа е вистината. И тоа граѓаните мора да го знаат. Да не ги лаже веќе премиерот дека тој е некаков голем патриот. Тој е лажен патриот“, заклучи Филипче.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Филипче: Мицкоски намерно ја турка Македонија во изолација за да ја заштити криминалната банда

Објавено пред

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција обвини дека власта предводена од Христијан Мицкоски намерно ја турка Македонија во изолација, со цел, како што рече, „да ја заштити криминалната банда“ и да го закочи европскиот пат на државата.

Филипче изјави дека вистинската закана за националниот идентитет не доаѓа од уставни измени, туку од криминалот и корупцијата.

„Македонскиот национален идентитет не го загрозуваат малцинствата во Уставот. Македонскиот национален идентитет го загрозуваат криминалот и корупцијата. Христијан Мицкоски и неговата криминална група ВМРО мора да разберат дека граѓаните многу јасно гледаат што прават. Намерно сакаат да изолираат земјава од Европа за да сочуваат својата криминална банда на власт. Вметнувањето на малцинствата во Уставот со цел да се почитуваат нивните права не е загрозување на македонскиот национален идентитет. Напротив, тоа е зацврстување на нашиот национален идентитет“, рече Филипче.

Тој кажа дека продолжувањето на европскиот пат ќе значи примена на европските стандарди и правда.

„Затоа што продолжувањето на европскиот пат значи примена на европски закони и правда. Значи европско јавно обвинителство пред кое нема да можат да командуваат ниту од собраниска говорница, ниту пак преку нивните јавни телевизиски настапи. Значи крај на наместените тендери, на партиски вработувања, на државни, народни, граѓански пари. Мицкоски и неговата група свесно ја блокираат европската иднина на Македонија за да ја продолжат кражбата на народните пари. И токму затоа националниот идентитет им служи само како изговор за да ја зачуваат власта и да продолжат со своите криминални интереси“, рече Филипче.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт2 часа

(Видео) Милан е во длабока криза, загуби дома од Аталанта

Фудбалерите на Милан претрпеа пораз од Аталанта на домашен терен со 2:3 во 35-то коло од Серија А. Стрелци за...

Спорт3 часа

ТФТ повторно загуби од Борац – Српскиот тим избори опстанок во АБА лигата

Кошаркарите на ТФТ не успеаја да изборат мајсторка, во баражот за пласман во АБА лигата. Вечерва во Скопје, Борац од...

Спорт3 часа

(Видео) Барселона против Реал ја потврди 29-та титула во клупската историја

Фудбалерите на Барселона го победија Реал со 2:0, во 35-то коло, во Ла Лига. Со триумфот во Ел Класико, Барселона...

Свет4 часа

Латвискиот министер за одбрана поднесе оставка откако украински дронови ненамерно погодиле складишта со нафта во Латвија

Латвискиот министер за одбрана, Андрис Спрудс, денеска поднесе оставка, откако во четвртокот два украински дрона долетале од Русија и погодиле...

Спорт5 часа

(Видео) Рома губеше до 94-та минута па победи во Парма

Фудбалерите на Рома ја победија Парма на гостински терен со 3:2 (1:0) во натпреварот од 36-то коло на италијанската Серија...

Свет5 часа

Нетанјаху: Војната со Иран не е завршена, мора да се отстрани збогатениот ураниум

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека војната со Иран сè уште не е завршена, бидејќи земјата и натаму поседува збогатен...

Спорт5 часа

(Видео) Димитриевски блескаше во Билбао – Валенсија го победи Атлетик

Столе Димитриевски и Валенсија, се чини дека изборија опстанок во Примера, откако во 35-то коло, во Билбао го победија Атлетик...

Спорт6 часа

(Видео) Тросар и ВАР-от го доближија Арсенал до титулата

Фудбалерите на Арсенал „на мускули“ го победија Вест Хем со 1:0 во 36-то коло од Премиер лигата. Арсенал сега се...

Свет7 часа

СЗО препорача 42-дневен карантин за патниците од крузерот каде изби епидемија на хантавирус

Првите патници од крузерот „MV Hondius“, погоден од епидемија на хантавирус, денеска беа евакуирани од Тенерифе со специјални чартер-летови кон...