Контакт

Македонија

„Мицкоски најави поскапување на горивата, ама за граѓаните не најави никакви мерки“, велат од СДСМ

Објавено пред

„Мицкоски го најави денешното поскапување на горивата, ама не најави никакви мерки со кои ќе ги заштити граѓаните од новиот ценовен удар. Исто како што кажа дека има пазари и компании кои работат со „повисоки маржи“, но рече дека „имињата засега нема да ги открие“. Тоа се тие се двајца Мицкоски – едниот признава дека има проблем, другиот со лаги и манипулации се обидува да дефокусира од проблемот“, велат од СДСМ.

„Додека граѓаните живеат крпен живот, од ден во ден се се посиромашни, Мицкоски не презема ништо. Затоа секоја изјава му е „наскоро ќе види“. Тоа „наскоро“ не ги полни фрижидерите на граѓаните, ниту ги плаќа сметките.

Секое зголемување на цените на горивата директно ги зголемува транспортните трошоци, а тоа повторно се прелева во повисоки цени на храната.

На крајот, сметката повторно ја плаќаат граѓаните, кои крај со крај не можат да врзат во месецот. Скоро 70.000 денари му се потребни на едно четиричлено семејство само за покривање на основните животни трошоци.

Инфлацијата ја јаде куповната моќ. Со ребалансот и нагорното ревидирање на инфлацијата на 4,5%, Владата призна дека цените ќе продолжат да растат. Тоа значи уште поскапа храна, уште повисоки сметки, уште поскап и потежок живот. Помала вредност на платите и пензиите. Помала куповна моќ.

А Мицкоски не сака да слушне за 600 евра минимална плата и мерки. Не прифати ниту една мерка од СДСМ, ниту за замрзнување на маржите на основните прехранбени производи, ниту поддршка за најранливите категории граѓани.

Наместо конкретни мерки тој вели во четири очи со компаниите ќе ги решавал високите цени – класична манипулација и замајување на јавноста.

Нема конкретна политика, ниту мерка за намалување на цените – Мицкоски уште ќе „чека“.

Ама затоа за задолжувања за партиските тендери не чека – тоа оди експресно.

За две години екпспресно направија нов долг од 2,5 милијарди евра, не за 600 евра минимална плата, не за мерки за граѓаните, не за капитални проекти – само за криминални тендери на расипничката ВМРО.

Вистината е дека оваа Влада за две години го донесе народот до дното на сиромаштија. Се покажува дека немаат ниту план, ниту желба за заштита на економијата и животниот стандард на граѓаните. Последиците од неспособната ВМРО граѓаните секој ден ги чувствуваат на бензинските пумпи, во маркетите и во своите празни паричници“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Најново

Македонија7 часа

10 години од поплавите, на комеморација прочитани имињата на загинатите: „Времето не ги избриша спомените, ниту пак ја намали тагата“

На комеморативен настан вечерва во Домот на културата 11 Октомври во Ченто беа прочитани имињата на 22 загинати во катастрофалните...

Забава7 часа

Кога е подобро да се зема витамин Д – наутро или навечер?

Витаминот Д е неопходен за здравјето, но често е тешко да се внесе доволно само од храна, поради што додатоците...

Свет8 часа

300.000 жртви на злоупотреба во француските цркви, Папата ќе се сретне со дел од нив

Папата Лав XIV ќе се сретне со жртвите на злоупотреба од страна на свештеници за време на неговата четиридневна посета...

Забава8 часа

Секс еднаш месечно: Дали е тоа доволно за среќен брак?

Многу парови се прашуваат дали имаат доволно интимност, особено кога се споредуваат со другите. Експертите, сепак, истакнуваат дека не постои...

Забава9 часа

Намирници кои треба да ги избегнувате за вечера

Ако често се будите со надуеност и чувство на „тежок стомак“, причината можеби не е количината на храна, туку нејзиниот...

Свет9 часа

Побарувачката за „Патриот“ експлодира, Американците имаат помалку од 850 преостанати пресретнувачи

Побарувачката за американскиот систем за воздушна одбрана „Патриот“ силно порасна оваа година. Војната во Украина и ширењето на конфликтот на...

Свет10 часа

(Фото/видео) Еден од најголемите украински стадиони погоден во руски напад

Во денешниот руски напад врз Одеса, стадионот на „Чорноморец“, еден од најголемите во Украина и дом на истоимениот фудбалски клуб,...

Македонија10 часа

Утре сончево и многу топло време, попладне локален дожд и грмежи

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а...

Соопштенија10 часа

„Кожувчанка“: Само во последните 5 години, вложивме повеќе од 1.500.000 евра преку донации и спонзорства во Македонија

Општествената одговорност за нас не е обврска. Таа е дел од вредностите на Компанијата, велат од „Кожувчанка“. „Само во последните...