Контакт

Македонија

Мицкоски: Наскоро ќе се знае кој наредил да се случи ова во Гостивар, ќе има одговорност

Објавено пред

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека сите надлежни институции се на терен и дека се испитуваат мостри од водата во Гостивар, додавајќи дека во случајот е вклучено и Јавното обвинителство.

„Сите институции се на терен. Се испитуваат мостри од водата, имаме процес кој го води и Обвинителството. Многу скоро ќе се излезе со информација што се случило и кој е тој што дал наредба тоа да се случи и, се разбира, ќе има одговорност. Нема така да помине случајот“, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој рече дека е шокиран од случајот и оцени дека е несфатливо некој да постапува на таков начин.

„Не можам да разберам како некои луѓе може да се однесуваат така дрско и несовесно. Лесно ги прифаќаат овие работи и како се одлучуваат да прават вакви работи. За мене ова е шокантно и со неверување го следам тоа што некој го направил, но ќе има одговорност, а во рамките на судските постапки ќе треба да се утврдат сите околности“, рече Мицкоски.

Во Гостивар веќе неколку дена голем број граѓани бараат лекарска помош поради стомачни тегоби.

Министерот за здравство Сашо Клековски претходно изјави дека засега нема да биде прогласена епидемија, сѐ додека не се утврди причината за случаите, а резултатите од анализите на водата се очекуваат во текот на наредните денови. Toj информира дека во последните 24 часа се примени 260 лица, од кои 100 на детскиот оддел и 160 на инфективниот оддел. Во моментот на посетата имало 7 пациенти на детскиот оддел и 20 пациенти на инфективниот оддел. Првите случаи во болницата се регистрирани на 13 јули, во доцните ноќни часови, иако се можни претходни индивидуални случаи. Вкупниот број надминува илјада пациенти, а претпоставениот врв е во последните два дена.

Сите пациенти имаат стомачни проблеми (дијареја, повраќање), некои со треска (температура) и дехидратација. Се третираат со инфузии (за дехидратација) и симптоматски, а најголемиот дел се упатуваат на домашно лекување. Три деца се задржани на набљудување.

Во меѓувреме, Агенцијата за храна и ветеринарство донесе решение за забрана за пиење и користење на водата од градскиот водовод до добивањето на резултатите од анализите.

Министерството за внатрешни работи вчера соопшти дека постојат основи на сомневање дека ЈП „Водовод“, во соработка со Општина Гостивар, поставило три пумпи во корито на истечни отпадни води, преку кои вода била вбризгувана директно во главниот цевковод што го снабдува градот. Според МВР, тоа најверојатно било направено за да се зголеми притисокот во водоводната мрежа поради недостиг на питка вода, со што било загрозено здравјето на граѓаните. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот поради сомнение за кривичното дело „загадување на вода за пиење“.

Најново

Европа8 минути

(Видео) Етна го парализираше воздушниот сообраќај на Сицилија, илјадници патници се погодени

Аеродромот Катанија во Сицилија ќе остане затворен до 2 часот наутро во петок поради вулканска активност на Етна, објави германската...

Свет14 минути

Путин: Ситуацијата во Пацификот не е едноставна

Рускиот претседател Владимир Путин учествуваше во вежбите на Тихоокеанската флота и одржа состанок посветен на безбедноста на источните граници на...

Свет17 минути

(Видео) Хеликоптер „Апачи“ се урна за време на воена операција во САД, двајца загинаа

Двајца американски војници загинаа во среда откако хеликоптер „Апачи“ што припаѓаше на воената база Форт Худ се урна на поле...

Европа22 минути

(Видео) Масовен украински напад со дронови, град на Крим без струја

Севастопол, пристанишен град на Кримскиот полуостров анектиран од Русија, повторно остана без електрична енергија по украинските напади со беспилотни летала,...

Свет26 минути

Ник Рајнер обвинет за убиството на своите родители: му се заканува смртна казна

Голема порота го обвини Ник Рајнер за убиствата во декември на неговите родители, холивудскиот режисер и актер Роб Рајнер и...

Забава34 минути

(Фото) Убавици од реалити шоу, модели – сите ја загубија битката со Георгина: поранешните девојки на Кристијано Роналдо

Познатиот фудбалер Кристијано Роналдо го кажа своето судбоносно „да“ на Георгина Родригез во Португалија на интимна церемонија. Јавноста дозна дури...

Забава48 минути

(Фото) Безвременскиот дизајн се врати и е поубав од кога било

Секое лето носи неколку парчиња кои одеднаш се наоѓаат во центарот на вниманието, а оваа сезона, меѓу нив се издвојуваат...

Забава58 минути

(Фото/Видео) Повторно се соблече и покажа зошто е една од најубавите жени на светот

Моделот и претприемачка Хејли Бибер повторно ги воодушеви своите следбеници на Инстаграм, каде што објави серија фотографии кои брзо собраа...

Култура1 час

Шест незаборавни џез вечери на „Охридско лето“

Првото издание на новата програма „Џез вечери“ во рамките на фестивалот „Охридско лето“, ќе се одржи од 13 до 16...