Контакт

Македонија

Мицкоски не кажа колку пари е настапот на Давид Гета оти и граѓаните и буџетот настаните ги чинат 0 денари, сè платиле компании

Објавено пред

Сите настани околу прославата на 35 години самостојност ги платиле општествено одговорни компании, рече премиерот Христијан Мицкоски. Иако денес првпат проговори за цената на настаните, сепак не кажа колку пари се платени уметниците и организаторите со објаснување дека не се потрошени средства на граѓаните. Кажа дека досега молчел за тоа оти сакал сите да го доживеат како посебен момент.

„Имам лоша вест за сите оние коишто шпекулираа, негодуваа, клеветеа, лиферуваа лажни информации, а молчев, не сакав да зборувам, затоа што оставав сето она коешто претставуваше навистина посебен момент за градовите низ земјава да биде посебен момент и за граѓаните во тие градови — имаше и таков настан и тука во Штип. Што е лошата вест? Лошата вест е дека буџетот сите овие настани го чинат 0 денари. И граѓаните и буџетот, сите овие настани ги чинат 0 денари. Слободно можете да проверите на Отворени финансии, ќе видите дека сето ова граѓаните и буџетот ги чини 0 денари. Сè е организирано од општествено одговорни компании. Јас жалам што кај поединци Фројд работи, што мислат како тие би правеле дека и некој друг така прави, но ова е Влада домаќинска, ова е Влада промакедонска којашто се грижи за граѓаните, пронародна, и секој денар буџетски средства се троши на транспарентен начин. Лошата вест уште еднашка ќе повторам за нив е дека се потрошени 0 денари буџетски средства за организација на сите овие настани, а сепак имавме незаборавно лето“, рече премиерот Мицкоски денес по пуштањето во употреба на нова спорстка сала во Штип.

Пред да каже дека не се потрошени средтва од буџетот за прославата, премиерот Мицкоски заклучи дека имавме навистина историско лето, лето за паметење со настапи на голем број светски ѕвезди низ градовите во земјава.

„Сè започна со Битола на 2 Август, Стив Аоки, потоа продолжи оној караван „Силно светнал ден“ којшто замина низ 11, 12, 13 градови, вклучително и манифестацијата во Скопје, вклучително и онаа манифестација што ќе следи на 15-ти во Тетово. Потоа во Струмица беа Окенфолд и Ван Дајк, исто така мегаѕвезди. Потоа рок спектакл исто во Струмица, групите македонски, рок, коишто учествуваат таму на тој настан, меѓу нив и „Меморија“. Потоа на Градскиот плоштад во Скопје, заедно со македонските ол-стар ѕвезди, Хозе Карерас настапи во еден навистина голем спектакл. И сето тоа кулминираше со овој спектакл којшто се одржа вчера на Градскиот стадион, каде што светски број еден, ѕвездата Дејвид Гета, приреди навистина спектакл за помнетење. 50-тина илјади луѓе навистина уживаа и сето тоа беше посебно да се следи, посебно во текот на летото“, рече премиерот Мицкоски и се заблагодари на граѓаните и на сите кои учествувале во организацијата на настаните оти „покажавме дека како држава знаеме, и можеме, и умееме да направиме светско, а да се случува тука во Македонија“.

Токму организаторот на настаните, Бобан Милошески од „Авалон продукција,  кому премиерот денес му се заблагодари, во понеделникот на новинарско прашање за тоа кога јавноста ќе дознае колку чини настапот на Давид Гета, место да одговори, праша „Дали ти изгледам ко идиот?“ и го навлече гневот на јавноста поради натранспарентниот и арогантен однос.

Најново

Спорт4 минути

Ферстапен на пол-позицијата пред спринтот во Сингапур

Макс Ферстепен ја освои пол-позицијата за утрешната спринт трка, во пресрет на Големата награда на Сингапур. Четирикратниот светски првак, до...

Македонија6 минути

ЛДП: Владата ги крие неверојатните хонорари како за Стевановска за „Скопје 2014“, ЈО разбудете се

Владата се чини ја користи истата добро позната финансова шема од проектот „Скопје 2014“ за 35-годишнината од независноста. Како што...

Свет11 минути

Кос ја предупреди Турција: „Ова не е начинот за пристапување кон Европската Унија“

Потиснувањето на опозицијата, медиумите и ЛГБТ заедницата во Турција ја оддалечува Анкара од нејзините европски амбиции, изјави комесарката за проширување...

Македонија40 минути

Клековски во Берлин: Германија е партнер за модерно здравство – дигитализација, кадри и нови технологии

Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска учествуваше на министерскиот панел на високо ниво на 9. Германско-источноевропски здравствен форум во Берлин....

Македонија44 минути

Меџити: Новиот базен во училиштето „7 Март“, инвестиција од околу 1 милион евра за децата од Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, го посети основното училиште „7 Март“, каде што одблиску го проследи напредокот на градежните...

Македонија56 минути

Сулејмани: Преспанскиот Регион ќе стане симбол на новата соработка меѓу Северна Македонија, Грција и Албанија – потпишанa заедничкa изјава за патот кон УНЕСКО

Со потпишување на заедничката изјава, министрите за култура на Северна Македонија, Грција и на Албанија на денешната трилатерална средба во...

Спорт1 час

Хуркач го приземји Ѓоковиќ на Мастерсот во Шангај

По титулата во Пекинг, Новак Ѓоковиќ во првиот меч го заврши настапот на Мастерсот во Шангај. Подобар од него во...

Македонија1 час

Директорот на Царина: Наш највисок заеднички интерес е создавање силни безбедносни коалиции во борбата со илегална миграција и сериозен криминал

„Наш највисок државен интерес е создавање на силни безбедносни коалиции со што ќе овозможиме посилен заеднички глобален напор во борбата...

Македонија1 час

Герасимовски: Асфалтиран дел од улица во Маџир Маало, ја подобруваме уличната инфраструктура во Центар

Општина Центар асфалтираше дел од улицата ,,Маџир Маало“ во населбата, на површина од 352 квадратни метри. Досега жителите на овој...