Контакт

Македонија

Мицкоски од Собранието: Нема дополнителни зголемувања на платите на судиите без јасни резултати во правдата

Објавено пред

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека Македонија и во јунскиот извештај за реформската агенда ќе биде пред фронтранерите, додека во однос на испораката на правда очекува побрза и поробусна испорака на правда од таа претходно, затоа што и граѓаните не се задоволни од спора правда и затоа дополнителни примања нема да има без јасни резултати.

„Се разбира дека не само јас и граѓаните, сите ќе се сложиме дека е премногу бавна или воопшто ја нема и дека не сме задоволни. Поврзано со испораката на правдата очекувам во периодот кој следи побрза и поробусна испорака на правдата споредено со тоа што било порано. Имаме отприлика 120-130 ревизорски извештаи на институции доставени до обвинителството, барем ревизорите велат дека констатирале многу незаконитости, очекувам барем врз основа на тие ревизорски извештаи да се постапува и испорача правда“, изјави премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски посочи дека Владата сè прави за обвинителството и судовите да добијат услови за работа за да ја испорачаат правдата и за да работат попродуктивно, односно дека се донесе Законот за Судски совет, Законот за ЈО е во Собрание, службениците во судовите и обвинителствата ќе добијат 40% зголемени плати, 200 нови вработувања, како и се почитува одлуката на Уставен суд да се вратат платите на судиите од 2025 година, но дека нема да има дополнителни зголемувања без јасни резултати.

„Конкретно сега имаме еден камен на сопнување, каде што треба да се регулираат, повторно сè се сведува околу платите на судиите и обвинителите. Тој е оној камен на сопнување кој ние во Реформската агенда сега разговараме. Сега се бара дополнителни зголемувања на примањата. Дополнителни зголемувања без јасни резултати нема, па дури и по цена да пропадне тој чекор, бидејќи со ова што ние направивме, како влада што го овозможивме е континуиран раст на платите на вработените во судовите. И ова јасно на следниот состанок на господинот Герт-Јан Копман ќе му го кажам. Се бараше зголемување, се овозможи зголемување, се бараше измена во закон, се овозможи измена во закон, се бараше зголемување на вработените службеници, се овозможи 200 нови вработувања, но континуирано ние да овозможуваме средства за зголемување на буџетите и платите без притоа да има никакви резултати, т.е. резултати кои не враќаат назад, тоа како влада нема да го дозволиме“, потенцираше премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски нагласи дека и да не успее овој чекор, ние и во јунскиот извештај ќе бидеме подобри од самопрогласените фронтранери, исто како што бевме во декемврискиот и така ќе бидеме до крај и ќе го изолираме ова за кое денеска води кампања опозицијата за промена на Устав, сè друго ќе работиме и ќе испорачаме, ставот е кажан, цврст и непроменет во однос на тоа прашање.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Родители на деца со канцер повикаа на финансиска поддршка од државата на средбата со Сиљановска-Давкова

Објавено пред

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Народната канцеларија во Скопје се сретна со претставници на граѓанското здружение „САНО“, коешто ги обединува родителите и децата кои го победиле, или сè уште се борат со канцерот.

Тие ја информираа за минатата и тековна работа на здружението, како и за проблемите и предизвиците со коишто се соочени.

Мајките на излекуваните деца се навратија на тешко извојуваната победа на болеста, но и на отсуството на поголемо разбирање и поддршка во истата.

Според нив, справувањето со тешката болест во голема мера ќе биде полесно доколку постои финансиска поддршка од државата во форма на паричен надомест за време на болничкото лекување, како и во првите 5 години по лекувањето заради големиот ризик од враќање на болеста во овој период.

Децата ја запознаа претседателката со своите образовни и културни активности, како и со намерите и очекувањата.

Претседателката изрази восхит за нивната херојска борба и победа над опаката болест, поттик за остварување на младешките соништа и длабоко разбирање за нивните рационални барања.

Таа укажа на можноста „САНО“ да го користи просторот на Народната канцеларија за запознавање на јавноста и кревање на свеста за нивните енормни проблеми.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на Сиљановска-Давкова со Здружението на воени ветерани и воени инвалиди „Братство 2001“

Објавено пред

Во Народната канцеларија во Скопје, денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претставници на Здружението на воени ветерани и воени инвалиди „Братство 2001“.

На средбата присуствуваа Владо Томески, претседател на здружението, Петар Јанчевски, Мики Ристовски и Сашко Голубовски.

Според нив, Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства, од 2002 година, селективно се применува од страна на институциите на централно и локално ниво.

Поради тоа, тие се соочуваат со дискриминација во остварувањето на законски утврдените права врзани со вработувањето, напредувањето, бесплатните здравствени услуги и бесплатното факултетско образование за нивните деца.

Тие ја информираа претседателката дека не се спроведуваат дури ни правосилните судски пресуди, донесени во нивна корист.

Претставниците на Здружението на воени ветерани и воени инвалиди „Братство 2001“ укажаа на потребата од измена и дополнувања на законот, за нивните посебни права, заради прецизирање на решенијата и унапредување на нивните бенефиции.

Според Сиљановска-Давкова, укажувањата и забелешките на бранителите заслужуваат должно внимание од надлежните институции, како и почитување на еднаквата примена на законот за сите.

Таа вети дека Кабинетот ќе ги информира надлежните органи за презентираните проблеми, укажувајќи на нужноста од почитување и спроведување на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства, како и пресудите.

За претседателката, придонесот на бранителите не смее да биде заборавен ниту занемарен, туку мора да се почитува и валоризира.

Прикажи повеќе...

Македонија

Директна авиолинија Анкара-Скопје и карго железничко поврзување договорени помеѓу Николоски и министрите Болат и Уралоглу

Објавено пред

Успешните средби на заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски со турскиот министер за трговија Омер Болат и министерот за транспорт Абдулкадир Уралоглу, резултураа со договори за воспоставување на директна авиолинија Анкара -Скопје и карго железничко поврзување меѓу двете земји, објави на својот фејсбук профил, заменик претседателот на Владата, Николоски.

Министерот за трговија на Турција на социјалната мрежа “Х” ја објави информацијата за новата авиолинија и карго железничкото поврзување и напиша дека двете земји продолжуваат да работат кон остварување на целта за билатерална трговска размена од 2 милијарди долари.

„По повод Турско–Македонскиот бизнис форум, заедно со нашиот министер за транспорт и инфраструктура, г. Абдулкадир Уралоглу, остваривме средба со заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт на Република Северна Македонија“, Александар Николоски.

На средбата се согласивме дополнително да ја зајакнеме нашата соработка во областите на транспортот, логистиката, цивилното воздухопловство и железничкиот сообраќај. Веруваме дека директните летови на “AJet” на релација Анкара–Скопје, како и железничката соработка меѓу TЦДД и МЖ Инфраструктура ќе дадат значаен придонес за трговијата, инвестициите и поврзаноста меѓу нашите земји.

Во согласност со визијата на претседателот на Република Турција, г. Реџеп Таип Ердоган, за силна регионална соработка и економска интеграција, со решителност продолжуваме да работиме кон остварување на целта за билатерална трговска размена од 2 милијарди долари.

Во наредниот период ќе продолжиме да ги зајакнуваме транспортните коридори и да ги поддржуваме активностите на турските компании во Северна Македонија, придонесувајќи за поврзаноста, просперитетот и заедничкиот развој на Балканот.

Длабоките пријателски и братски врски меѓу нашите земји ќе стануваат уште посилни преку новите проекти што ќе се реализираат во областа на трговијата и инвестициите” , објави министерот за трговија, Омер Болат.

Средбата на министрите се реализира во рамки на турско -македонскиот бизнис форум што денеска се оддржа во Истанбул.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт16 минути

Дубаи ја освои АБА лигата

Кошаркарите на Дубаи славеа против Партизан во четвртиот натпревар од финалната серија на АБА лигата со 83:81 и така стигнаа...

Свет1 час

Американски претставник: Иран се обврзува трајно да се откаже од нуклеарно оружје

Висок претставник на администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, во телефонски разговор со новинари откри детали за напредокот на преговорите...

Спорт2 часа

Папата стана почесен член на Реал Мадрид

Папата Лав XIV стана почесен член на Реал Мадрид, објави „Кралскиот клуб“ на својата официјална веб-страница. Назначувањето е направено со...

Спорт2 часа

Инфантино со ефтина шега предизвика бес во Италија

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, повторно се најде на мета на јавни критики, овој пат во Италија. На „чизмата“, неговата...

Свет2 часа

Русија развива сателитски систем за управување со борбени дронови

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека Русија развива сателитски систем за управување со борбени дронови, за време на состанок со...

Спорт2 часа

Фудбалерот, обвинет за силување, може да заборави на Светското првенство

Репрезентацијата на Гана се соочи со сериозен проблем, пред почетокот на Светското првенство, бидејќи на играчот од средниот ред Томас...

Свет3 часа

Премиерот на Пакистан: Постигнат конечниот текст на мировниот договор меѓу САД и Иран

Премиерот на Пакистан, Шехбаз Шариф, денеска објави дека е постигнат „конечен, усогласен текст на мировен договор“ меѓу САД и Иран....

Македонија3 часа

Родители на деца со канцер повикаа на финансиска поддршка од државата на средбата со Сиљановска-Давкова

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Народната канцеларија во Скопје се сретна со претставници на граѓанското здружение „САНО“, коешто ги обединува...

Свет3 часа

(Видео) Пентагон објави нови снимки од НЛО: Сведоците опишуваат црвени топки и необични светла

Американското Министерство за одбрана денеска го објави третиот пакет декласифицирани документи за неидентификувани аномални појави (UAP), официјалниот термин што американските...