Контакт

Македонија

Мицкоски за одлуката на Абази: 14 луѓе живи гореа во модуларната болница во Тетово, а обвинителството не утврди одговорност

Објавено пред

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира одлуката на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал предводено од Ислам Абази да ја запре постапката околу изградбата и поставувањето на модуларните болници без притоа да има кривично гонење на ниту едно правно или физичко лице, истакна:

„Треба јавноста да знае дека ова е процес којшто трае веќе 5 години. Процес којшто изминативе 5 години околу себе мобилизираше разни информации. Но, она кое што исто така е значајно да се напомене е дека во модуларната болница во Тетово живи гореа 14 луѓе. Ќе повторам, живи гореа 14 луѓе во модуларната болница во Тетово. За жал, обвинителот којшто веќе е во заминување — бидејќи од тоа што сум информиран е распишан оглас за избор на нов обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал — претпоставувам своите должничко-доверителски односи кон претходната влада одлучува докрај да ги испорача и не му значи тоа што живи гореа 14 луѓе. Ќе повторам, живи гореа 14 луѓе, не му значи тоа ништо и одлучува овој процес да го стопира“, рече Мицкоски.

Премиерот истакна дека ова не е политичка амнестија бидејќи секогаш може да се појават нови детали поврзани со овој процес.

„Но, сакам да знае јавноста дека ова не е политичка амнестија од страна на тој обвинител кон поранешните негови наредбодавци, бидејќи секогаш можат да се појават нови детали кои се поврзани со овој процес и секогаш овој процес може повторно да стане актуелен и да се покрене од самиот почеток. Така што, многу пати сум ги коментирал тие одлуки во рамките на нашиот правосуден систем, а за жал една од тие скандалозни одлуки е и оваа. Она кое што мене ме збунува, а стига како порака од опозицијата е: до вчера тие коишто критикуваа за односот на правосудните органи, сега ги фалат и се полни со хвалоспеви за нивната работа и таканаречената објективност. Но, ќе повторам, овој обвинител и луѓето коишто го водеа овој случај не најдоа докази за сторено кривично дело во случај во кој гореа живи луѓе“, рече Мицкоски.

Најново

Спорт3 часа

(Видео) Олимпијакос од -28 до триумф во Валенсија, Црвена звезда со звукот на сирената победи во Вилербан

Кошаркарите на Олимпијакос ја победија Валенсија по продолжение со 102:97 во петтото коло од Евролигата. Нестварен натпревар одиграа овие два...

Спорт3 часа

(Видео) Интер и Баерн се изрезилија во Лигата на шампионите

Првиот ден од второто коло, во Лигата на шампионите, донесе два шоканртни резултати. Интер загуби на домашен терен од Бриж...

Спорт4 часа

(Видео) Атлетико го победи Манчестер Јунајтед, Барселона со блиц-криг славеше во Истанбул, Виљарела по пресврт го победи Наполи

Атлетико Мадрид го победи Манчестер Јунајтед со 2:0 (1:0) во Лигата на шампионите и ја продлабочи кризата на „црвените ѓаволи“....

Свет5 часа

Вадефул: Украина не ја започна војната, Русија мора да го направи првиот потег

Русија мора да биде првата што ќе „направи потег“ и ќе покаже дека е подготвена да преговара за ограничен прекин...

Свет5 часа

Захарова: Киев се обидува да ги дестабилизира пазарите на енергија и храна

Режимот во Киев намерно се обидува да го дестабилизира пазарот на енергија и храна со напаѓање на танкери, изјави Марија...

Свет5 часа

Кралот на Шпанија: Суверенитетот и територијалниот интегритет над Сеута не се предмет на преговори

Суверенитетот и територијалниот интегритет на Шпанија над Сеута, енклава на северот од Африка, се несомнени и не се предмет на...

Забава6 часа

Се заљубуваат, па бегаат: хороскопски знаци кои се повлекуваат токму кога некој им станува важен

Според астрологијата, овие четири знаци знаат да се повлечат токму кога ќе почнат да чувствуваат нешто сериозно. Кореспонденцијата трае до...

Забава6 часа

Мајкл Даглас открива што му го спасило бракот со Кетрин Зета-Џонс

Мајкл Даглас објасни дека тој и неговата сопруга Кетрин Зета-Џонс морале да се променат за да го спасат својот брак...

Спорт6 часа

Историски триумф на Сабах во Лигата на шампионите, Спортинг победи во Ленс

Фудбалерите на Сабах ја забележаа својата прва победа во Лигата на шампионите, вечерва ја победија ја Славија Прага во Баку...