Контакт

Македонија

Мицкоски: Здравството е нашиот фокус, реконструирана е ЈЗУ Општа Болница Струмица

Објавено пред

Како влада нашата задача е да ги испорачаме сите оние обврски коишто сме ги зеле пред граѓаните, многу проекти, секојдневно проекти или почнуваме или завршуваме, сакаме да го завршиме сето она коешто е почнато, тоа што го почнавме исто така да го завршиме да поставиме линија за да знаеме потоа во која насока да се движиме и како општини и како држава, она коешто е за нас поважно, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, кој денеска беше во посета на Општата болница Струмица.

Тој кажа дека следи мало доопремување на болницата кое се очекува да заврши до крајот на август и од почетокот на септември целосно да биде објектот пуштен во употреба.

„Во здравството прилично многу имаме фокус, сите оние реформи коишто ги правиме до сега сите оние инвестиции коишто ги правиме до сега се навистина проекти коишто го подобруваат квалитетот на животот на граѓаните. И во таа насока ќе продолжиме и во периодот којшто следи, завршена е јавната, односно оној процес на барање на меѓународни финансиери за проектите коишто исто така се почнати како што е Клиничката болница во Штип, заедно со студентскиот дом и новата зграда на Медицинскиот факултет. Потоа зградата во Кичево, здравствениот дом заедно со проширената дејност таму и Клиничката болница во Тетово, а веќе во некоја следна фаза размислуваме и го развиваме проектот за голем клинички центар во Скопје на локација за којашто веќе зборувавме“, рече Мицкоски.

Тој, исто така, најави дека оваа недела ќе биде објавен тендерот за физибилити и проектно решение на изведба на експресен пат којшто ќе ги поврзува општините Радовиш и Струмица .

„После она поврзување коешто го направивме од Страцин до Крива Паланка исто така отпочнуваме со реализиција на проектот Романовце-Страцин, вториот дел е веќе отпочнат односно распишана е јавна набавка за физибилити студија и проектно решение на експресен пат којшто ќе ги поврзе Кочани и Виница со Делчево, и сега останува да се надоврзе и отсечката Радовиш-Струмица и граничен премин кон Бугарија“, рече премиерот.

Најново

Македонија3 часа

10 години од поплавите, на комеморација прочитани имињата на загинатите: „Времето не ги избриша спомените, ниту пак ја намали тагата“

На комеморативен настан вечерва во Домот на културата 11 Октомври во Ченто беа прочитани имињата на 22 загинати во катастрофалните...

Забава4 часа

Кога е подобро да се зема витамин Д – наутро или навечер?

Витаминот Д е неопходен за здравјето, но често е тешко да се внесе доволно само од храна, поради што додатоците...

Свет5 часа

300.000 жртви на злоупотреба во француските цркви, Папата ќе се сретне со дел од нив

Папата Лав XIV ќе се сретне со жртвите на злоупотреба од страна на свештеници за време на неговата четиридневна посета...

Забава5 часа

Секс еднаш месечно: Дали е тоа доволно за среќен брак?

Многу парови се прашуваат дали имаат доволно интимност, особено кога се споредуваат со другите. Експертите, сепак, истакнуваат дека не постои...

Забава6 часа

Намирници кои треба да ги избегнувате за вечера

Ако често се будите со надуеност и чувство на „тежок стомак“, причината можеби не е количината на храна, туку нејзиниот...

Свет6 часа

Побарувачката за „Патриот“ експлодира, Американците имаат помалку од 850 преостанати пресретнувачи

Побарувачката за американскиот систем за воздушна одбрана „Патриот“ силно порасна оваа година. Војната во Украина и ширењето на конфликтот на...

Свет7 часа

(Фото/видео) Еден од најголемите украински стадиони погоден во руски напад

Во денешниот руски напад врз Одеса, стадионот на „Чорноморец“, еден од најголемите во Украина и дом на истоимениот фудбалски клуб,...

Македонија7 часа

Утре сончево и многу топло време, попладне локален дожд и грмежи

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а...

Соопштенија7 часа

„Кожувчанка“: Само во последните 5 години, вложивме повеќе од 1.500.000 евра преку донации и спонзорства во Македонија

Општествената одговорност за нас не е обврска. Таа е дел од вредностите на Компанијата, велат од „Кожувчанка“. „Само во последните...