Контакт

Македонија

Мицкоски жали што бугарските политичари прават естрадна ѕвезда од Михаилова: пренесена е нелегално, МВР го истражува начинот

Објавено пред

Апсолутна невистина за премиерот Христијан Мицкоски се тврдењата изнесени во бугарските медиуми дека осомничената за сообраќајна незгода со смртни последици, Ива Михаилова од Кочани, во Бугарија влегла легално. Таа изминатиот викенд избега во Бугарија, а МВР веќе објави дека во евиденцијата на легалните гранични премин не е регистрирана. Премиерот Мицкоски денес кажа дека и адвокатот на осомничената, кој според него е личност со сомнително минато, кај нас легално влегол на 28 септември и она што го изјавува за бугарските медиуми не е вистина.

„Можам да потврдам дека на нелегален начин е пренесена во Бугарија. Истражуваме, Министерството за внатрешни работи истражува и ќе дојдеме до сознание на кој начин е однесена. Она кое што исто така сакам да го кажам е дека и родителот кој треба да одговара пред македонските власти и Ива која што треба да ја докажува својата невиност, ќе одговараат. Кога- тогаш. Ако некој мисли дека на овој начин обезбедил одредена заштита, на начин на кој што се обидува да ги наруши меѓу соседските односи меѓу двете држави, жалам. Жалам што политичкото водство во Бугарија се обидува на овој начин да покаже политички мускули, а не ја сфаќа штетата која што самата себе си ја прави на меѓународен план, тоа е нивна одлука. Тие избрале ваква политика. Жалам што тие наместо лице правосилно осудено да го вратат тука, да ја отслужи казната за која што е осудено, тие од него прават естрадна ѕвезда и жалам што млада девојка која што најголемиот дел од својот живот и образование го стекнала во својата татковина Македонија одлучила да биде ова кое што денеска се претставува кај нашиот источен сосед. Еве јас ја гледам македонската јавност во очи и ви велам кога-тогаш и едниот и другиот ќе се соочат со правдата“, вели премиерот Мицкоски.

Според него, тоа што опозицијата кај нас и раководството на нашиот источен сосед се на иста линија, говори многу.

„Намената е да се создаде политичка тема која што тие претпоставиле дека ќе влијае на рејтингот на владејачката коалиција, односно на ВМРО-ДПМНЕ да бидам попрецизен, и на тој начин ќе обезбедат одреден бенефит за опозицијата која што има буквално идентична ставка како што има раководството на Бугарија. Еве ако е тоа така договорено, ние ја бараме назад и нејзе и нејзиниот родител уште денеска да ги донесат и да видиме дали е тоа така договорено или не е тоа така договорено“, рече премиерот Мицкоски коментирајќи го ставот на опозицијата која обвини дека бегството на Михаилова е договорена работа со власта.

За Михаилова е распишана меѓународна потерница, а судот во Кочани во отсуство и одреди 30 дена притвор.

Вчера, министерот за здравство, Сашо Клековски, кажа дека Миахилова нема здравствен случај па избегала оти во земјава доаѓаат бугарски лекари кои би можеле да ја откријат вистината.

 

Најново

Свет15 минути

Зеленски: Путин сака преку „хуманитарна мисија“ да ја преземе контролата врз Костјантинивка и да напредува кон Краматорск

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека предлогот за воспоставување привремена „хуманитарна мисија“ во Костјантинивка, на...

Црна хроника32 минути

Пронајдени пиштол и ловечка муниција при претрес во валандовско, уапсен 43-годишник

Пиштол и ловечка муниција биле пронајдени при претрес во дом во селото Казандол, валандовско, а 43-годишниот сопственик бил лишен од...

Свет48 минути

(Видео) Илјадници Португалци на протести во 32 града поради станбената криза, бараат контрола на кириите и заштита од иселување

Илјадници луѓе денеска излегоа на улиците во 32 града низ Португалија, барајќи од владата итни мерки за справување со сè...

Свет56 минути

Трамп, Путин и Си Џинпинг следната недела на историска трилатерална средба во Кина – ќе разговараат за нуклеарното оружје

Трамп, Путин и Си Џинпинг планираат историска трилатерална средба следната недела во Кина, на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска...

Македонија1 час

Меџити во Историската чаршија во Бурса: Размената на искуства со еснафите во функција на ревитализацијата на Старата скопска чаршија

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, во рамките на официјалната посета на Турција, ја посети Историската чаршија во Бурса, каде...

Македонија1 час

СДСМ: Уште неколку членови од ЗНАМ 2.0 официјално се приклучија на организираната криминална група

Партиските редови на СДСМ денес се почисти за неколку лица кои ровареле по партијата, велат од СДСМ. „Кога ги откривме...

Црна хроника2 часа

Уапсен 36-годишник од Гевгелија, ја следел и вознемирувал поранешната партнерка

Полицијата уапсила 36-годишен жител на Гевгелија по пријава дека агресивно се однесувал кон 43-годишна жена со која бил во врска,...

Спорт2 часа

(Видео) Евроголовите на Винисиус се мала утеха, Јапонија го шокираше Бразил

Јапонската фудбалска репрезентација го победи Бразил со 3:2 во уште еден пријателски натпревар меѓу двата тима. Ова е втора победа...

Спорт2 часа

Фенербахче подготвиле 10 милиони за Чалханоглу

По Ромелу Лукаку и Мејсон Гринвуд, Фенербахче ќе се обиде да го обезбеди потписот на Хакан Чалханолу, кој не сака...